Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Лукаку денес ко Адриано на PES на времето.
Стамина - 200
Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Буквално цела сезона ни зависи да бидат фити Лукаку, Барела и Хакими.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Аааа мајсторски одиграна утакмица, мора да се признае. Целосна контрола на утакмицата, Јувентус скоро и да немаше шанса, освен оној ударот во 86та на Киеза.
Сите честитки одат за мистер Антонио Конте, кој не треба да ги слуша злите јазици, како говорат за неговите тренерски квалитети. :rolleyes:

Барела уште сега треба да го прогласат за легенда на клубов. Полн погодок беше неговиот трансфер. Captain material. Средината издоминира натпреваров, класа подобри беа од онаа на Јувентус. Бастони одигра ненормална утакмица, како и цела одбрана уствари. Оној пасот до Барела беше поезија, браво.
Лаутаро се изнапромашува, Лукаку беше прилично добар. Смешно беше кога му се раздра на Хакими во 90та минута, зошто не му ја подаде, а беше застанат измеѓу тројца играчи. :D

Во секој случај, радува ваков одговор и ваква ментална цврстина на тимот во најголемиот дерби натпревар, во ситуација кога клубот е во малку хаотична состојба, со најавена промена на сопственост, финансиски предизвици и несигурни планови за иднината. Ова треба да им биде потврда и на играчите и на тренерот, дека можат против сите да играат и да одат до крај. Сега Милан треба да се тепа два пати.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.198
Поени од реакции
46.438
Сум рекол али ќе се повторам пак, у Барела добиваме будучи world class материјал у средина, веќе се оформува како таков, а друг таков назад ни е бастони, двајцава ни се едни од најдобрите трансфери од коа ја пратам фудбал.
Секако тука се роналдо, ето, снајдер, лусио, самуел и све тоа, ама тоа веќе беа етаблирани имиња и ги тргам у посебна група ваквите трансфери, во минатото обично ваквите италијанци сите знаете кај завршуваа, сеа Интер ги собра, страшно добра работа е тука завршена од која ќар може да имаме апла на долг рок ако овие останат тука во годините што следат.

За утакмицава нема што многу да должам најискрено, прв пат после години и години бев убеден во триумф, и тоа баш ваков каков што и се издеси, на рутина, јуве со прило покажуваат тактичка инфериорност која ги красеше во ерата на Ферара, волку лоши на тој план не биле скоро 10 години, и тоа е она што Конте конечно успеа да го искористи у наша корист. Фактот што имаа само една шанса за гол јуве, во 86а, збори доволно за нив, и за Интер и Конте, дека ги прочитал ко селски буквар, не дека е ова некое големо достигнување јер Пирло пред пола година доби тренерска лиценца.

Кај нас има многу работа, штета се дешаваат срањава со можната промена на раководство и у моментов тешко до трансфери, иначе плаче тимов за играч каде се јанг и перишич, кога сме кај вториов, тоа што го играше он со Фиорентина, тоа ни треба цела сезона лево, штета доставува такви партии у напад еднаш на 10 утакмици, за јанг да не трошам зборови, тотално бескорисен и инфериорен е веќе напред, нарочито во дерби натпревари со појаки одбрани.

Све е боље кога Гаљардини не стартува, штета, голема штета што сме несреќа од тим и со сенси се дешава нешто што е мистерија очигледно јер апсолутно ништо не му било после фиорентина, и што весино од нигде никаде испадна да не игра фудбал цела ебана година. Една од главните причини зашо обично интер е лош е што лево у најголемиот дел од сезонава играше гаљардини у тандем или со јанг или со перишич, цело ова трио напред доставува едно големо ништо и се мачкина кашлица за противничките одбрани, и тоа оние просечните, за поорганизираниве екипи и посилни муабет да не праиме. Тргни ги овие, стаи некој ко госенс плус сенси/ериксен па и видал и zz, инстантно добиваш плус опции кога напаѓаш, вака тотална спротивност иаме од она што се наоѓа десно, хакими/барела.

п.с. ова ти е класичен ветер у грб, ова МОРА, значи мора конте да го искористи како знае и умее, и ако е изводливо и можно некако да напраи притисок за плус уше некое име до крај на месец.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.633
Поени од реакции
59.556
Кога го видов пасот од Бастони до Барела, си реков добро е што не е Лаутаро или Лукаку :pos:

Не дека немаше да погодат и тие, ама навикнавме на промашувања последно време, а малиот е стабилен ко карпа, 100% бев сигурен дека мрежа ќе скине.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Член од
23 август 2010
Мислења
39.803
Поени од реакции
115.809
Одамна не сум бил поубеден во победа пред меч, на страна заебанциите што ги терам овде со 100-0 и плачења, рикања и све остало. Еве и Урко и Марио нека потврдат, најлабав бев од цела Армата, ПРЕубеден бев у победа. Ги гледам скоро цела сезона Јувентус, едноставно дечките не знаат кај тераат и скоро све им е на сила победено. Ова беше добар меч за да се види до каде ни е менталитетот и колку Конте од играчите успеал да направи победници. Топ победа, без ниедна замерка, сите 11 одиграа одлично и така треба да играат секој натпревар. Далеку е се од завршено, треба и Милан у куп да ги скинеме и да си продужиме у ова темпо во Серија а и на крај да лапаме двојна круна.

ГАЗИ БРЕ!!!!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom