Сум рекол али ќе се повторам пак, у Барела добиваме будучи world class материјал у средина, веќе се оформува како таков, а друг таков назад ни е бастони, двајцава ни се едни од најдобрите трансфери од коа ја пратам фудбал.
Секако тука се роналдо, ето, снајдер, лусио, самуел и све тоа, ама тоа веќе беа етаблирани имиња и ги тргам у посебна група ваквите трансфери, во минатото обично ваквите италијанци сите знаете кај завршуваа, сеа Интер ги собра, страшно добра работа е тука завршена од која ќар може да имаме апла на долг рок ако овие останат тука во годините што следат.
За утакмицава нема што многу да должам најискрено, прв пат после години и години бев убеден во триумф, и тоа баш ваков каков што и се издеси, на рутина, јуве со прило покажуваат тактичка инфериорност која ги красеше во ерата на Ферара, волку лоши на тој план не биле скоро 10 години, и тоа е она што Конте конечно успеа да го искористи у наша корист. Фактот што имаа само една шанса за гол јуве, во 86а, збори доволно за нив, и за Интер и Конте, дека ги прочитал ко селски буквар, не дека е ова некое големо достигнување јер Пирло пред пола година доби тренерска лиценца.
Кај нас има многу работа, штета се дешаваат срањава со можната промена на раководство и у моментов тешко до трансфери, иначе плаче тимов за играч каде се јанг и перишич, кога сме кај вториов, тоа што го играше он со Фиорентина, тоа ни треба цела сезона лево, штета доставува такви партии у напад еднаш на 10 утакмици, за јанг да не трошам зборови, тотално бескорисен и инфериорен е веќе напред, нарочито во дерби натпревари со појаки одбрани.
Све е боље кога Гаљардини не стартува, штета, голема штета што сме несреќа од тим и со сенси се дешава нешто што е мистерија очигледно јер апсолутно ништо не му било после фиорентина, и што весино од нигде никаде испадна да не игра фудбал цела ебана година. Една од главните причини зашо обично интер е лош е што лево у најголемиот дел од сезонава играше гаљардини у тандем или со јанг или со перишич, цело ова трио напред доставува едно големо ништо и се мачкина кашлица за противничките одбрани, и тоа оние просечните, за поорганизираниве екипи и посилни муабет да не праиме. Тргни ги овие, стаи некој ко госенс плус сенси/ериксен па и видал и zz, инстантно добиваш плус опции кога напаѓаш, вака тотална спротивност иаме од она што се наоѓа десно, хакими/барела.
п.с. ова ти е класичен ветер у грб, ова МОРА, значи мора конте да го искористи како знае и умее, и ако е изводливо и можно некако да напраи притисок за плус уше некое име до крај на месец.