Pa so.hansolot grees na 25stepni.
Aj namali.na 23 da vidis kolku ima razlika.
Ех ко порачан предложи..... да споделам споредба...
Пошо топло беше периодов...веќе една недела ја терам и Хансолот намалена на 23C.
Најверојатно ќе ја вратам на 25 за некој ден еве ако залади (или на 26 ако стегни салам).... па пред тоа еве да споделам споредба и тука....
Извадив дневни графикони од Grafana на Home Assistant за перидот од 01.01 годинава до денес.... баш се познава тие првите 4 дена додека беше на 25С... и како намалила потрошувачката кога ја намалив на 23С.
Во кратки црти... до 05.01...
Грее Хансолот во 17м2 со низок плафон 2,1м поставен на 25С+аутофан фиксно
трошеше ~50w повеќе од
Мицубиши LN35VG во (29м2 дневна + 15м2 спална само ноќе) со нормален плафон 2,65м поставена на 23С (со менување на брзини и +1С по неколку часа во ефтина тарифа - со тајмери од 5:30 до 6:50 наутро и од 14 до 16 попладне)
После промената Хансолот да работи исто на 23С, со сите исти околности, Хансолот во просек почна да троши ~50w помалку споредено со Мицуто.
Значи тие 2 степени барана температура намалија 1/4 од вкупната потрошна на Хансолот.
Претходно на Хансолот просекот му бил 400~500w a сега 300~400w.
Мицуто држи просек од ~400w
Јас ќе прикачам 10тина слики сеа, па админот ко ќе се наполни дискот пак ќе помини со метлата да зачисти....
Обележував побитни работи на првиве неколку кај да се гледаат датумите и средните вредности...
До тука беше на 25С, од тука надолу Хансолот е намалена на 23С (ауто фан и пред и потоа).
На 5ти Јануари, некаде после пладне ја намалив на 23С и почна пониско да симнува со модулациите, дур до кај 150w....
Оххх срање изгледа пак го напунив дискот.... абе аман админ 10 слики по 300кб многу му се, на 5тата закочи....
Ај че продолжам на imgbb.com да ги прикачувам од тука надолу...