Најдобри населби/маала за семејно живеење во Скопје

Зависи каде Влае. Улиците Мраморец или Белчишка (меѓу Чакаларов и Порта) треба да урнеш неколку куќи за една мала зграда. Главно се лепенки со многу мали дворови. Кон Вардар веќе прават згради.
 
Последно уредено:
Од источна страна на Вардар....за секој случај.
 
@siteIMINJAzafateni и за кај се одлучи ? најде ли такво чудо што бараш низ Скопјево, за 100.000е плац и куќа и пола саат од центар пеш :)
 
Здраво дечки. Дали некој од вас живее во црвено-белите згради во Ѓорче, веднаш до Санте Плус Болницата? Како сте задоволни од градбата?
И ако може мислење за тој дел од Скопје за живеење за млади? Ќе купуваме стан, ама сакаме да е подалеку од гратскиот метеж.
Поздрав!
 
Здраво дечки. Дали некој од вас живее во црвено-белите згради во Ѓорче, веднаш до Санте Плус Болницата? Како сте задоволни од градбата?
И ако може мислење за тој дел од Скопје за живеење за млади? Ќе купуваме стан, ама сакаме да е подалеку од гратскиот метеж.
Поздрав!
Јас не живеам во таа зграда меѓутоа имам луѓе кои живеат во таа зграда. Е сега како што ми кажаа во некои од становите почнало да се појавува влага што не е ок баш за нова зграда. Паркинг имате и за шлепер да паркирате. Продавноче имате одма тука плус жито маркет вие на пеш 5 мин. Две основни школи на пеш 5-10мин. Градинка и амбуланта исто така. Мирна населба е освен знаат да галамата од социјалната зграда (Ромите) Моите живеат исто и јас до пред некое време близу зградава. Фина и убава населба за семејно живеење. Само проблем е што малце е далеку од центарот и гужви по сабајле :)
 
У Џон Кенеди улицата, малце асоцира името на нешто ама далеку од тоа.
Па зашто многу Албанци купуваат станови во Аеродром и Карпош? А се градат многу згради и во Чаир и во Бутел?
 
Тука (Радишани) една барака отиде за 30.000 € пред година дена, но во лоша состојба. Оние кои се во подобра состојба одат до 100.000 €, што е подобро од стан. Бараките се двособни или трособни, 2 купатила, кујна, трпезарија, дневна и подрум. Може да си направите и поткровје (како што имам јас) и подрумот да го направите како мало апартманче. Плус имате 2 тераси и можност да си направите во дворот и летна тераса.

Чист воздух (демек), има зеленило, сега за места за рекреација не знам, има мало паркче (3 клупи ставиле!) и неколку игралишта. Имаме и градинка и училиште, плус 4-5 маркети. Ни Тито да стане од гроб не ме сели во стан во Центар.

Главниот проблем е што не се инвестира во оваа населба затоа што во однос на околните населени места сме имале повисок стандард!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom