Најдобри населби/маала за семејно живеење во Скопје

Реално Скопје се помалце го сакам. Ова што се дешава на ништо не личи. Се уништува убавината на градот со овие дивоградби насекаде. Убави и мирни населбичиња се претвараат у хаос, веќе почнаа и Влае и Хром да ги уништуваат. Градење без никаков ред на шупи од по 3-4 спрата. Без паркинг места да неможеш кола да оставиш од сообраќаен хаос.
 
Stoznam, koga gi gledam shupite i kolibite u madzir maalo, na pocetok na skopje imam druga pretstava. znam deka se stavaat paravani i dzidcinja da se sokrie smetot i grdotijata, ama sepak postoi.
Ti samiot nekolku pati imase napisano za neasfaltirani zapusteni patista.

I da, Skopje e by far najzagaden grad momentalno, definitivno se drugo e pocisto.
Скопје е неспоредливо поголем град од останатите и нормално е да има „црни точки“, баш како тие што ги објавувам јас (нели, ги објавувам во насока да се средат и да биде поубаво за сите). Шупите во Маџир Маало не го прават Скопје запуштен град - тоа се стари куќи, голем број на доселеници од минатото токму од останатите градови - дел по дел ги продаваат и никнуваат згради на нивно место, кои реално се поголема грдосија од трошните куќички. Но, ова не значи дека во сите населби е нечисто и запуштено и дека градот е „нечист“. Како човек кој бил повеќе пати во овие градови кои ги наброја, мојот впечаток е дека Скопје е општо почист и со далеку подобра инфраструктура. На какви места сум бил низ Македонија, да завршам таму со место за живеење би ме фатило депресија во рок од 3 месеци... Да, Кавадарци и Битола си имаат сјајни моменти - ама најчесто се ограничени само на централните делови (2-3 улици).

А тоа со загадувањето на воздухот е горчлив проблем за кој сите сме свесни и нема долго време да се реши.
 
Средени градови во НАШАТА земја не постојат.Од архитектура,урбанизам и јавно уредување сме оперирани национално. А за дивоградби,депонии,кич и урбанистички фушерај сме експерти.
 
Скопје е неспоредливо поголем град од останатите и нормално е да има „црни точки“, баш како тие што ги објавувам јас (нели, ги објавувам во насока да се средат и да биде поубаво за сите). Шупите во Маџир Маало не го прават Скопје запуштен град - тоа се стари куќи, голем број на доселеници од минатото токму од останатите градови - дел по дел ги продаваат и никнуваат згради на нивно место, кои реално се поголема грдосија од трошните куќички. Но, ова не значи дека во сите населби е нечисто и запуштено и дека градот е „нечист“. Како човек кој бил повеќе пати во овие градови кои ги наброја, мојот впечаток е дека Скопје е општо почист и со далеку подобра инфраструктура. На какви места сум бил низ Македонија, да завршам таму со место за живеење би ме фатило депресија во рок од 3 месеци... Да, Кавадарци и Битола си имаат сјајни моменти - ама најчесто се ограничени само на централните делови (2-3 улици).

А тоа со загадувањето на воздухот е горчлив проблем за кој сите сме свесни и нема долго време да се реши.
Си има свои предности и недостатоци живеењето во помалите градови, во две насоки е оваа констатација (болд), мене ми беше така кога дојдов во Скопје, т.е од место каде си имав мир и можев да завршам работа за 15 мин дојдов во џунгла каде пола ден ти оди во превоз + далеку повеќе финансии за градски превоз/возило.
Ај дури си млад е ок, да донесеш повозрасен човек од помал град во Скопје има да те колни и пцуе дури е жив.

Инаку мое мислење е дека Скопје се потсреди со инфраструктура последниве 15тина години, ако сите плукаат баш по тој период, претходно иако сум бил дете кога сум доаѓал ми изгледал далеку покрш. Иако треба да се среди инфраструктурата кон доста населби (ако ги земеш во обзир сите населби накај Водно се со лоша инфраструктура, Сопиште имам заглавено со возило бетер него што сум заглавувал во Крушево), да се доработи Борис Трајковски за делот на Драчево, Батинци, Маркова Сушица..., да се доработи Кристијан Тодоровски Карпош за делот на Радишани, АСНОМ за делот на Керамидница-Автокоманда, Булевар Хрватска за Бутел,Радишани, Топаана со влезот на Скопје и тн.

Скопје си има предности од можности за кариерен напредок, побрзо наоѓање на работа, поголем пазар каде може повеќе да ти просперира бизнисот (клиенти/кадар), НО кога станува збор за мирно живеење и чистота секогаш подобро е во помал град.
Во било кој помал град (освен Тетово) во најголем шпиц е порекласирано отколку Скопје кога е најлабаво.
Далечината на институциите, пазари и слично иста приказна, тука за да завршам работа во институција треба да земам слободен ден од работа, во помалите градови на пауза од 30 мин ќе претрчаш и ќе средиш тоа што ти треба (уште поголема е шансата да го познаваш лично тој што ти треба и да не мора ни да одиш :D). Тука не одам воопшто да купувам зеленчук/овошје на зелен пазар оти 1 саат ми треба да најдам паркинг и пазарам во маркет (во помалите градови ретко кој купува овошје/зеленчук во маркет).
Во поглед на загаденоста во малите градови главен проблем е огревот на дрва, ако тој дел се реши немаат никаква проблем со загаденост.
Во поглед на чистота на улици е релативно и зависи од тековната градска самоуправа, ако се замараат градот ќе личи на нешто, ако не се е џабе.

Сум ја шетал цела Македонија подолжно-попреку и можам да кажам дека најсредени се најмалите градчиња, како што почнува да расте населенито така градот е понесреден.
 
Во било кој помал град (освен Тетово) во најголем шпиц е порекласирано отколку Скопје кога е најлабаво.
Далечината на институциите, пазари и слично иста приказна, тука за да завршам работа во институција треба да земам слободен ден од работа, во помалите градови на пауза од 30 мин ќе претрчаш и ќе средиш тоа што ти треба (уште поголема е шансата да го познаваш лично тој што ти треба и да не мора ни да одиш :D). Тука не одам воопшто да купувам зеленчук/овошје на зелен пазар оти 1 саат ми треба да најдам паркинг и пазарам во маркет (во помалите градови ретко кој купува овошје/зеленчук во маркет).
Епа брат ќе биде полабаво у шпицот во помалите градови, ќе се врши побрзо работа. Се тоа си стои. А зашто е тоа така?
 
Последно уредено:
Епа брат ќе биде полабаво у шпицот во помалите градови, ќе се врши побрзо работа. Се тоа си стои. А зашто е тоа така?
Зошто е таман и дури помала бројката на население од тоа што треба.
 
Дефинитивно Карпош, Тафталиџе и малку biased Аеродром(иако загадувањето најверојатно ми има одземено неколку години од очекуван животен век). И покрај тоа, клетата урбанизација си го зема данокот и постепено го уништува и тоа добро што остана.
 
Според мене Карпош е едно од најубавите маала за живеење. Има маани нормално, ама највеќе ми се свиѓа што буквално се ти е тука паркови за деца, кафичи, школи, факултети, маркети… се некако ти е блиску.
Е сега, Партизанска е веќе друга приказна. Секој пат се крстам кога треба улица да поминам, а навечер од трките на одредени лудаци нема ни спиење.
 
Партизанска е х10 пати побезбедна споредбено со пред 15 години. Порано немаше семафори (хотел Карпош, стара пошта), имаше пешачки премин на кој никој никогаш нема да ти застане, потоа кога ставија семафори никој не ги ебаваше бидејќи не беа на раскрсница, возачи на приватни автобуси 9/10 случаи поминуваа на црвено, за коли, мотори да не зборуавам, но сега со Сејф Сити гледам стварно поголем број луѓе лазат на улицава и застануваат на црвено. Огромна е разлика, очи треба да ти се навикнат од 100 на саат и никој да не ти застане, до 30 на саат и да кочат на жолто, на споредни улици нема нешто промена, но за Партизанска тука безбедноста е подобрена значително (жално што мораше многу животи да згаснат за нешто да се смени). Јас живеам на неа, Тафталиџе спаѓа моето, делот што се старите воени згради кои го имаат преживеано земјотресот, мислам подобро место за живеење воопшто и нема во Скопје. Секоја зграда има паркче и тревна површина од двете страни со клупи, има убава дистанца од главната улица и преку дрвата кои се доста високи и густи, има одлична изолација од звукот од колите. Зградиве се одлично градени, дебел ѕид, лето држат ладно, зимно време топло е. Гледам уџум некои места во Ново Лисиче имаат зонско, тука абер нема од зонско, имаш паркинг места колку сакаш, каде сакаш, а општина Центар (Рузвелтова) е на помалку од 5 минути пешки. Влошен е делот околу Катастар што почнаа кафичи да прават и згради, но споредбено со други места, овде мислам е идеалното. Патем описот е за првата коцка во Тафталиџе (Млечен, Бели), од Настел натака по Прашка до Форца калакурница е, небо и земја разлика. Исто добро за живот е Козле делот што е близу Македонска Куќа, луѓето имаат паркинг пред зграда, позади зграда, подземна гаража, улица цела со место одделено за паркинг, плус огромен парк (Кучешки парк е многу убав сега, памтам колку на ништо не личеше местото карши Мекдоналдс Тафталиџе порано).
 
Back
На врв Bottom