Нормално дека научниците ќе кажат највероватно ако се сомневаат дека е нешто така а немаат докази, така работат. Иначе све жто знаеме за вирусот од нив го знаеме треба да имаме одредена доверба кон нив кога ние самите во таа гранка сме неуки. Да, може и да се правиме паметни ама не е корисно.
Иначе луѓето до некаде во однесувањето се нерационални тоа е нормално. На пролет мислевме овој вирус ќе коси сега знаеме дека само мал дел умира а друг помал дел има последици. Се навикнавме, не се плашиме повеќе од него. Но факт е дека може да доведе до смрт, некој има поголем ризик некој помал. Некои мерки помагаат некои не некои многу не ограничуваат некои не. Тоа е.
А за вакцината пак ќе речам разбирам да си скептичен, треба повеќе да информираат околу прашањата оти толку брзо се направи, дека не ја менува ДНК во телото, да се покажат резултатите од тестните фази итн. Само со факти може народот да ја разбере и да добие доверба.