Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Не поврзано многу со темава, ама ете, доказ дека секој од нас е обавезно некако лично засегнат од сево ова.

Сега ми јавија, починала прабаба ми од ковид, во Америка, во дом. Мажот и е океј. Сега договорот е у цела фамилија, никој да не и кажува на баба ми. До кога?
 
Британски туристи кои стигнале во Швајцарија на скијање морале ретроактивно да одат во карантин во своите хотелски соби после откривањето нели на новиот тип на корона вирус во Англија.

После неколку дена од синоќа 200 од нив буквално исчезнале и си заминале во непознат правец, пошо хотелски карантин на Алпите невозможно е да се преживее, нели

Реакција од надлежните, никаква, има една две статии во весници и толку

Замислете да беа ова Македонци или Балканци со снајпери и вучјаци ќе ги бараа ден и ноќ низ скијачки патеки
Да не збориме какви ќе беа коментарите од луѓето со комплекс на ниска вредност тука што едвај чекаат вакви ситуации за да напишат "е тоа ти е македонче, затоа нема никогаш ____ ____ ____"
 
Тортевски на твитер за набавката на вакцините или зошто во Македонија веројатно ќе каснат пола година

За да обезбеди вакцини Владата до 28.9. морала да потпише правно ОБВРЗУВАЧКИ договор и најдоцна до 9.10. да уплати аванс. Испратиле правно НЕОБРЗУВАЧКА изјава и не го запазиле рокот за плаќање. Резултатот од јавашлукот ќе биде илијадници мртви, стотици илијади заболени и колапс.
Наместо до 28.9. да склучат правно обврзувачки договор и да платат до 9.10., они пратиле правно НЕОБВРЗУВАЧКА изјава а платиле во Декември.
 
Каков ЈАК спот.....којзнае колку пари сме го платиле, ние граѓаните!
Можда колку што чини новата реклама на Кока-Кола....
Во целава беда на видеово.....чекав маски да стават сопружниците и да се бакнат :pos:

Венкоооо.........оди бре набави вакцини, не туку треси, дрво неспособно
 
Тортевски на твитер за набавката на вакцините или зошто во Македонија веројатно ќе каснат пола година
Фино би било да се објави сумата, да се види за која ситна пара ќе се спасеа стотици граѓани. Дека се дискутираше цела година што е побитно економијата или граѓаните, а ова некако тивко проаѓа.
 
Што точно е целта на полицијата за оваа нова година ? За групирање разбирам,нема потреба од 20 души во еден стан да се напикаат, или да се соберат сите средношколци на некое место ОК. Десет пати најавија посебни мерки, посебни мерки за новогодишната ноќ, па уште гледам броеви оставиле да пријавиш ако некој се забавува. Како некој со сила да пробува да ни наметне некој страв.
И за кој и колку ке важат тие посебни мерки ме интересира... Еве пример Петко и Трајко стари другари од војска седнат да се пијанат во парк на клупа, дали и за нив ке има санкции дали иако се 2 ца тоа се смета за групирање ?!
Сето ова ми изгледа како тотална хистерија, без никаков план без никаква основа.
 
А ти има логика да ти лепнат казна за маска дур пушиш цигара сам на улица, а карши тебе полн кафич со луѓе без маски :D ?
Треба да си дебил да пријавуваш луѓе за нова година дека се собирале.
 
Мерки од Гестапо, а потоа преземени и од Штази. Демек, еве ме, јас сум совесен граѓанин! Крајно идиотски е да пријавуваш (и сликаш) некого ако прави забава, додека врвот висеше по кафичи и кафани.

Само Филипче се покажа како еден од најлошите министри за здравство последниве 20 години. Ова со руската вакцина им е промашување пенал на празен гол.
 
Другар со кој што разговарав ми кажа дека само што се враќа од роденден е сега пошто ме фати параноја дека можда некој од луѓето таму бил заразен прашањето ми е дали ако он се заразил уште истиот ден може да ми го пренесе вирусот?
 
Додека надлежните апелираат за почитување на мерките, истите во Зоолошка организираат "Новогодишна бајка". За ова некоја пријава, нешто, некој?
Јок.....да сме се кодошеле ние меѓу себе требало за Нова Година......епа мало морген, не сум таков кретен.
EqVXmm3W4AIZlXy.jpeg
 
Додека надлежните апелираат за почитување на мерките, истите во Зоолошка организираат "Новогодишна бајка". За ова некоја пријава, нешто, некој?
Јок.....да сме се кодошеле ние меѓу себе требало за Нова Година......епа мало морген, не сум таков кретен.
Прегледај го приврзокот 278872
Не душо, не ја споредувај оваа ситуација на отворен простор, насмеани слатки мали фацичиња, со луди прослави во затворени простории каде ке се соберат повеќемина луѓе.
Јас ке пријавам ако знам дека во некој стан се собрале 15 души.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom