Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.201
Поени од реакции
12.131
Британски туристи кои стигнале во Швајцарија на скијање морале ретроактивно да одат во карантин во своите хотелски соби после откривањето нели на новиот тип на корона вирус во Англија.

После неколку дена од синоќа 200 од нив буквално исчезнале и си заминале во непознат правец, пошо хотелски карантин на Алпите невозможно е да се преживее, нели

Реакција од надлежните, никаква, има една две статии во весници и толку

Замислете да беа ова Македонци или Балканци со снајпери и вучјаци ќе ги бараа ден и ноќ низ скијачки патеки
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.797
Поени од реакции
37.798
Јок....не смееле лекот да го бараат таму каде што Алах им забранил.....:lolzz:
Но го навеле и тоа што го кажуваш:
„Доколку не постои друг избор, последниот збор за тоа треба да го даде струката, фармацевтската и шеријатско-правната“, се додава во соопштението.
Како и да е нема да им биде сеедно, свињата е тоа :pos:
... сега читам околу тоа, дека во Босна постои Агенција за сертифицирање на халал квалитет според чиј стандард е забранета примена на свински желатин во халал (одобрени) производи за муслимани, значи има двојно мислење, морам да го најдам и пишаното од главниот од ИЗ каде кажува тоа погоре што напишав,
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.404
Поени од реакции
18.559
Британски туристи кои стигнале во Швајцарија на скијање морале ретроактивно да одат во карантин во своите хотелски соби после откривањето нели на новиот тип на корона вирус во Англија.

После неколку дена од синоќа 200 од нив буквално исчезнале и си заминале во непознат правец, пошо хотелски карантин на Алпите невозможно е да се преживее, нели

Реакција од надлежните, никаква, има една две статии во весници и толку

Замислете да беа ова Македонци или Балканци со снајпери и вучјаци ќе ги бараа ден и ноќ низ скијачки патеки
Ова со британската мутација на вирусот е доказ какви морони ги смислуваат меркиве и во европа. Единствената причина зашто е британска е зашто они се единствени што прават секвенција на геномот, и дебиливе сега им лупаат карантини за нешто што е веројатно проширено во секоја можна земја. Класични мерки за пред публика. Тие не можеа првичнот вирус да го спречат да излезе од кина и да се рашири во нивните земји, сега ќе успеат да издвојат варијанта или мутација на вирусот од останатите мутации кој се 99% исти :pos:
И од вакви дебили и ние копираме мерки и воведовме карантин за Британија :гик:
 
Freddy Krueger

The Dream Master
Член од
18 март 2009
Мислења
2.236
Поени од реакции
2.028
Колку ќе помогне вакцинава со справување на вирусов, доколку сите (цел свет не се вакцинираме исторвремено)? Еве еден глуп пример, ама пола свет да го вакцинираат, другата половина ќе биде подложна на заразување, што значи пак ќе има бројки на заразени/умрени секојдневно, и нормално тие ќе бидат големи.
Така да пак истите мерки и цела наредна година, карантини, полициски, затварање граници, и сите останати работи како сега, намалено работно време на кафичи и остали глупости...
Се спомнуваат стварно мали бројки на вакцини за сите земји, бројки што не верувам никаква разлика да направат. Полека но сигурно ќе се оствари дека и наредна година ќе биде вака, ако не и полоша кога ќе се акумулираат сите глупости од годинава...па тек 2022 во нормала....нормално, ако до тогаш не испадне нов вирус, а гледам веќе највуваат нови вируси/пандемии.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Мене ми е смешно што тек сега договараат вакцини. Зашто тогаш воведуваа мерки и бараа претпазливост, имале ли некаква стратегија воопшто . Нит вакцини барале, ниту болници градеа ниту плус кадар да вработат бар ко луѓе да го прележуваме.
Имаа стратегија да се наполнат со пари за три животи додека ја "спасуваа" економијата од пропаст. Поголемо алиби од вирусот за нивната некадарност не можеа да добијат. Добија избори годинава кои што по сите параметри требаше да ги изгубат. Животот за нив е добар.
Ќе им фрли некоја пратка вакцини ЕУ во наредниов период, па тоа ќе го прикажат како епохален триумф кој што медиумски ќе го исцедат до максимум во служба на партиски пиар. До пролет ќе жонглираат со бројките и тестирањата и никој нема ни да бекне, оти на никој веќе не му е ни гајле, барем од тоа што гледам.
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.347
Поени од реакции
19.811
Кај треба да се пријави локал кој работи после 18 часот ?
 
Ги добија избориве на грб на филипче. Пола народ сестрите ќе му ги дадеше тој период, затоа и форсираа избори што побрзо.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.591
Ги добија избориве на грб на филипче. Пола народ сестрите ќе му ги дадеше тој период, затоа и форсираа избори што побрзо.
Се разбира дека и тоа имаше свој удел, покрај остатокот нездравствени фактори, како што е килавата опозиција.
Поентата е дека покрај сите дебакли на здравствен план на крајот по се изгледа ќе си поминат релативно неоштетени од ковид кризата, а воедно и побогати. Во моментов повеќе штета на партискиот рејтинг им прават националните политики отколку ковид кризата. Затоа што народот нема поим што се случува. Овие муабети ние овде што ги тераме за добри 90% од рајата се непоимливи, тешки за процесирање кои што ни на крај памет не им доаѓаат и ги рачунаат за замарање.
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.596
Поени од реакции
1.927
Ова со британската мутација на вирусот е доказ какви морони ги смислуваат меркиве и во европа. Единствената причина зашто е британска е зашто они се единствени што прават секвенција на геномот, и дебиливе сега им лупаат карантини за нешто што е веројатно проширено во секоја можна земја. Класични мерки за пред публика. Тие не можеа првичнот вирус да го спречат да излезе од кина и да се рашири во нивните земји, сега ќе успеат да издвојат варијанта или мутација на вирусот од останатите мутации кој се 99% исти :pos:
И од вакви дебили и ние копираме мерки и воведовме карантин за Британија :гик:
Кога испадна новата варијанта на вирусот, на вестиве во Франција изјавија дека Англичаните биле многу напредни кога е во прашање фармакологијата и за среќа тие правеле секвенции на геномот, кои лабораториите во Франција требало да ги прават ама не им се исплатело... не сум видел порано Французите да ги фалат Англичаните, и тоа во сред Брексит преговори.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
Кај треба да се пријави локал кој работи после 18 часот ?
Најлогично е во Државен пазарен инспекторат...

Штом ги ремети локалите што се како заштитени мечки во Скопје, можеби ќе направи нешто...
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Маски ќе се носат дур има одреден имунитет во населението. Иначе моментално не се знае точно дали вакциниран може да го пренесе вирусот, највероватно да, затоа солидарност е да носат и тие маски што се вакцинирани.
најверојатно го пренесува, а можеби и не, најверојатно маските штитат, а можеби и не, најверојатно вирусот лебди во воздух, а можеби и не, најверојатно вирусот е со голема контагиозност, а можеби и не, најверојатно може со допир со рака да се пренесе, а можеби и не, најверојатно имаш анти тела, а можеби и не, најверојатно...

Во оваа калакурница најсмешно ми е што веќина не размислува со своја глава, туку што му исерат на тв тоа голта без да се запраша чекај бе малку... инаку како и за секој корона вирус и за овој важат одредени правила, неможе најверојатно да правиме муабет, или си преносител или не си, или имаш антитела или немаш, толку многу небулози се искажаа на тв што народот веќе незнае што да прави, знам некои луѓе кога првпат се створи паникава беа во таква хистерија што ако им се приближеше некој сакаа за очи да фаќаат, осудуваа други што не поштуваа дебилниве мерки, како и сереа по социјалните мрежи како они биле одговорни а остали не... сега пред нова године после 6-7 месеци од паникава истите се најлабави, опуштени до максимум не ебат жива сила...
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.823
Поени од реакции
17.050
Колку ќе помогне вакцинава со справување на вирусов, доколку сите (цел свет не се вакцинираме исторвремено)? Еве еден глуп пример, ама пола свет да го вакцинираат, другата половина ќе биде подложна на заразување, што значи пак ќе има бројки на заразени/умрени секојдневно, и нормално тие ќе бидат големи.
Така да пак истите мерки и цела наредна година, карантини, полициски, затварање граници, и сите останати работи како сега, намалено работно време на кафичи и остали глупости...
Се спомнуваат стварно мали бројки на вакцини за сите земји, бројки што не верувам никаква разлика да направат. Полека но сигурно ќе се оствари дека и наредна година ќе биде вака, ако не и полоша кога ќе се акумулираат сите глупости од годинава...па тек 2022 во нормала....нормално, ако до тогаш не испадне нов вирус, а гледам веќе највуваат нови вируси/пандемии.
ќе пишам пак, интересно е, како Колумбо однесе во Америка грип и им е*а мајката на индијанците, а донесе од таму сифилис...кога Наполеон влезе со војска во Шпанија добија сифилис, ама симптомите им се развија кога војската влезе во Италија, па ја нарекоа италијанска болест...толку се рашири што дури и папата фати, а бидејќи на болните им отпаѓаа парчиња брада, тогаш измислија бричење...
до 50-е години во минатиот век, сифилисот беше ендемски и во Македонија, во Мариово, од француска војска која била таму.... денеска колку знам сифилисот не е проблем, но пред се бидејќи има лекови , не вакцина.... а мислам дека и грипот го ставија под некоја контрола, колку е можно, но со лекови, Тамифлу...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.650
Поени од реакции
22.384
најверојатно го пренесува, а можеби и не, најверојатно маските штитат, а можеби и не, најверојатно вирусот лебди во воздух, а можеби и не, најверојатно вирусот е со голема контагиозност, а можеби и не, најверојатно може со допир со рака да се пренесе, а можеби и не, најверојатно имаш анти тела, а можеби и не, најверојатно...

Во оваа калакурница најсмешно ми е што веќина не размислува со своја глава, туку што му исерат на тв тоа голта без да се запраша чекај бе малку... инаку како и за секој корона вирус и за овој важат одредени правила, неможе најверојатно да правиме муабет, или си преносител или не си, или имаш антитела или немаш, толку многу небулози се искажаа на тв што народот веќе незнае што да прави, знам некои луѓе кога првпат се створи паникава беа во таква хистерија што ако им се приближеше некој сакаа за очи да фаќаат, осудуваа други што не поштуваа дебилниве мерки, како и сереа по социјалните мрежи како они биле одговорни а остали не... сега пред нова године после 6-7 месеци од паникава истите се најлабави, опуштени до максимум не ебат жива сила...
Нормално дека научниците ќе кажат највероватно ако се сомневаат дека е нешто така а немаат докази, така работат. Иначе све жто знаеме за вирусот од нив го знаеме треба да имаме одредена доверба кон нив кога ние самите во таа гранка сме неуки. Да, може и да се правиме паметни ама не е корисно.

Иначе луѓето до некаде во однесувањето се нерационални тоа е нормално. На пролет мислевме овој вирус ќе коси сега знаеме дека само мал дел умира а друг помал дел има последици. Се навикнавме, не се плашиме повеќе од него. Но факт е дека може да доведе до смрт, некој има поголем ризик некој помал. Некои мерки помагаат некои не некои многу не ограничуваат некои не. Тоа е.

А за вакцината пак ќе речам разбирам да си скептичен, треба повеќе да информираат околу прашањата оти толку брзо се направи, дека не ја менува ДНК во телото, да се покажат резултатите од тестните фази итн. Само со факти може народот да ја разбере и да добие доверба.
Автоматски споено мислење:

ќе пишам пак, интересно е, како Колумбо однесе во Америка грип и им е*а мајката на индијанците, а донесе од таму сифилис...кога Наполеон влезе со војска во Шпанија добија сифилис, ама симптомите им се развија кога војската влезе во Италија, па ја нарекоа италијанска болест...толку се рашири што дури и папата фати, а бидејќи на болните им отпаѓаа парчиња брада, тогаш измислија бричење...
до 50-е години во минатиот век, сифилисот беше ендемски и во Македонија, во Мариово, од француска војска која била таму.... денеска колку знам сифилисот не е проблем, но пред се бидејќи има лекови , не вакцина.... а мислам дека и грипот го ставија под некоја контрола, колку е можно, но со лекови, Тамифлу...
Жити се, кој пие тамифлу кога е грипосан? И лекови и вакцини имаат улога. Едната е да спречи превентивно да заболиш а другата е како терапија кога си веќе заболен. Иначе работат и на лекови кога си веќе заболен од Ковид иако превенција мене ми изгледа далеку покорисна.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.035
А за вакцината пак ќе речам разбирам да си скептичен, треба повеќе да информираат околу прашањата оти толку брзо се направи, дека не ја менува ДНК во телото, да се покажат резултатите од тестните фази итн. Само со факти може народот да ја разбере и да добие доверба.
Убаво напишано ама ние не сме поднебје што работи со факти :) Ако може искуствата од комшиите Ристо или Трајанка да ги имаме ќе биде највалидно :)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom