Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Интересно......
Филипче и неговата багра ја игнорираше понудата на Руската вакцина (Спутник V) која беше понудена до МЗ на РМ на 18 август од страна на Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин....
Идиотиве фраерски ја игнорираа понудата и се приклучија на КОВАКС системот за ЕУ
Еве сега КОВАКС што вели за Македонија......
"Преку овој механизам ќе ја добиеме руската вакцина спутник“, рече Арсовски.
 
Uste internetot da go ckrapnat i srekjna nova '93. Ova za tie sto mislat deka zaebano bilo pred nekoja godina. Ako prodolzi trendot ke bidite srekjni ako do Kosovo mozi da trknite na soping. Za drugi podalecni i poegzoticni destinacii ic da ne prajme muabet.
 
Интересно......
Филипче и неговата багра ја игнорираше понудата на Руската вакцина (Спутник V) која беше понудена до МЗ на РМ на 18 август од страна на Рускиот амбасадор Сергеј Баздникин....
Идиотиве фраерски ја игнорираа понудата и се приклучија на КОВАКС системот за ЕУ
Еве сега КОВАКС што вели за Македонија......
"Преку овој механизам ќе ја добиеме руската вакцина спутник“, рече Арсовски.

Дури и универзумот им се потсмева на овие за нивната неспособност и сервилност.
 
Ова со набавката на вакцините е резултат на една несериозна влада, и еден тотално несериозен министер за здравство. Сите земји околу нас набавија вакцини (не многу, али колку за старт и генерална проба како ќе се одвива вакцинирањето е ОК) пред Нова Година, а нашиве се тотално изгубени во свемирот. Де набавиле 800 илјади, де донации од Бугарија, Грчка и Чешка, де не се руски, де се руски, па ај во Март ќе почнат со вакцинација... :popce:

А тек кога ќе стигнат вакцините и кога ќе се почне со процесот на вакцинирање какви комедии ќе има. Го даваат Заев пред камери како прима вакцина, нормално препратена со кисела насмевка, и откако ќе ја прими ќе лупне некоја струмичка шега која ќе не умре сите ние што го преживеавме Ковидот...
 
Нема спас за затуцани. Нека ја одбиваат, подобро за другите. Олку врева за оваа вакцина а да се запрашаат што имале во други лекови или вакцини кои досега ги примиле?
Ти прими си ја. Олку врева и треба да се крена. За вирус кој никој неможе да го опише. Ни етиолошки, Ни патогенеза. Никој точно неможе да каже што се случува сите овие месеци. И после прават вакцина 10 фирми за 6,7 месеци. Вистинска вакцина за вирусно заболување реално ама се прави за неколку години. Мислиш ќе си се вратиш во нормала. Ајде цитирај ме пак 2021. Нема многу да се разликува од оваа. И уте нешто. Оние кои ќе е вакцинираат ке носат уште маски? Ако да тогаш зошто? Ајде тоа некој нека ми го објасни. Смешен си Игорче у Њемачка.
 
Значи сепак вистина било ова дека имбециливе ја ишкале Руската вакција, веројатно да се додоворат на западните партнери, за на крај преку некоја томбола пак да ни се падне Руската вакцина што ја ишкале :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:
 
Кеш е целата игра.....не директен договор со Русија.....со величествената ЕУ да било....преку КОВАКС. Парите таму да се слеат.
Ова донации и слично.......приказни за мали деца, ќе ни фрлат Грците, Бугарите, Чесите и сл. по некои смешни да речеме 500 вакцини. Нашиве северни гревови ќе позираат на аеродром со тие излижани јадни фаци, со едно пакетче пред нив. ДНО!
 
Полека бе за една инсинуација на Апасиев шо напрајвте :)

Чекајте далеку е март.

Плус кој ќе ја прими руската вакцина. Јас сигурно не ја примам, треба две недели пред и уште 5 недели после да не конзумираш алкохол.
 
Изворот не е Апасиев, кој како и некои членови тука ја кажува иронијата, туку портпарол на Владата, од линкот на Трендс погоре :

И натаму нема прецизен владин одговор кога вакцините за нашите граѓани ќе стигнат во земјава.

Владиниот портпарол Душко Арсовски, на денешната прес конференција, рече дека темпото на дистрибуција на вакцините во земјава го утврдува КОВАКС системот, кој ќе овозможува како ќе доаѓаат вакцините од различните производитеи, така тие подеднакво да бидат распределени во сите земји кои аплицирале. Како што е познато, европските земји и земјите од регионот аплицираа преку овој механизам, и тоа е еден од начините како ќе ја добиеме вакцината. Преку овој механизам ќе ја добиеме руската вакцина спутник“, рече Арсовски.

Тој дополни и дека за земјава ќе пристигне и дел од вакцините од Бугарија, и тоа одредена количина, и како до нив ќ дојде одредена количина вакцини, така ќе се достават и до земјава.

„Се разбира дека оваа доза државата нема да ја плати“, рече Арсовски.

На новинарско прашање тој одговори дека засега е извесно стигнувањето на 833.000 дози вакцини, за кои веќе имаше информација, а за сите други количини, јавноста ќе биде дополнително информирана.
 
Па цел нормален свет цела година правеше pre-order на вакцини уште додека тие беа во фаза на испитување. Тоа што некој овде си спиел на уши и не бил во состојба да следи светски текови, туку поважно му било да си прави влада и тера одмори во текот на летото, за тоа никој не му е виновен. Овие муабети за предвремени нарачки се тераат уште кога се спомена вакцината како решение. Јасно беше дека светот ќе оди на таа варијанта, на масовна вакцинација. Дури и се наѕираше дека првата вакцина ќе биде одобрена пред 2021.

Во меѓувреме Филипче се нафати на улогата да биде СДС -овска маскота и да го влечкаат по митинзи, на јавни настапи од чисто партиска природа кои што немаа ама никаква врска со функцијата за која што е задолжен да ја обавува. Ко на пример изјавата дека проддржувал легализација на марихуаната, во време кога неговиот ресор се соочува со погубни статистики.
Тука станува збор за помешани приоритети и стара болест од која што пати оваа држава, а тоа се интересите на партијата на прво место па се останато.
 
Каква срамота......не им произвеле ХАЛАЛ вакцини на Муслиманите.
БиХ не се шалат.....сериозни се, нема да се вакцинираат......греота :(
"Исламската верска заедница на Босна и Херцеговина им порача на своите припадници да не ги користат вакцините против коронавирусот"
Следејќи ги нив, факт е дека нема ни Муслиманите во Македонија да се вакцинираат, се додека не се произведе вакцина специјално за нив (без свински желатин, што е малку веројатно).....жално, но вистинито.
Они велат.....подобро ќе се разболувам, дури и да завршам кобно.....но дел од свиња во мене, никако. Стварно жално. :(
... искрено не ми се верува на порталов што пренесува, баш би сакала да видам каде тоа Исламската заедница во Босна тоа го кажува, токму од нив е укажано дека муслиманот може да прими минимални количини на нештото што го има во лекот, а е од свинско потекло како желатинот, доколку се работи за негово здравје тогаш нема да биде харам и може да го примени,
 
Кеш е целата игра.....не директен договор со Русија.....со величествената ЕУ да било....преку КОВАКС. Парите таму да се слеат.
Ова донации и слично.......приказни за мали деца, ќе ни фрлат Грците, Бугарите, Чесите и сл. по некои смешни да речеме 500 вакцини. Нашиве северни гревови ќе позираат на аеродром со тие излижани јадни фаци, со едно пакетче пред нив. ДНО!
Кешот е најмал проблем, 10тина милиона се ситна пара за ваква работа.
Работата е што паметни земји си ги резервираа вакцините со време. Очигледно мислеа дека ЕУ ќе ги вклучи во нивната програма. Ене го Рама јавно се пожали дека се извисени.
Целата стратегија им беше одлужување на вирусот дур не дојдат вакцини и не одвоиле 10тина милиони да ги резервираат пред да се одобрат ко нормалните земји. Пресмешно.
Автоматски споено мислење:

Па цел нормален свет цела година правеше pre-order на вакцини уште додека тие беа во фаза на испитување. Тоа што некој овде си спиел на уши и не бил во состојба да следи светски текови, туку поважно му било да си прави влада и тера одмори во текот на летото, за тоа никој не му е виновен. Овие муабети за предвремени нарачки се тераат уште кога се спомена вакцината како решение. Јасно беше дека светот ќе оди на таа варијанта, на масовна вакцинација. Дури и се наѕираше дека првата вакцина ќе биде одобрена пред 2021.

Во меѓувреме Филипче се нафати на улогата да биде СДС -овска маскота и да го влечкаат по митинзи, на јавни настапи од чисто партиска природа кои што немаа ама никаква врска со функцијата за која што е задолжен да ја обавува. Ко на пример изјавата дека проддржувал легализација на марихуаната, во време кога неговиот ресор се соочува со погубни статистики.
Тука станува збор за помешани приоритети и стара болест од која што пати оваа држава, а тоа се интересите на партијата на прво место па се останато.
Мене ми е смешно што тек сега договараат вакцини. Зашто тогаш воведуваа мерки и бараа претпазливост, имале ли некаква стратегија воопшто . Нит вакцини барале, ниту болници градеа ниту плус кадар да вработат бар ко луѓе да го прележуваме.
 
Пратам кај Србиве за во Јануари очекуваат 1 милион дози, притоа потенцираат дека Косовските власти ќе ги добиеле вакцините најверојатно дури Мај-Јуни.

Е сега нашиве наместо да бидат паметни и итри како Србиве, изгледа ја имаат заебано работава и ќе бидеме во последна група со Косово, Албанија и др треторазредни држави. Не ме чуди да почнат во Европа и на приватно (за пари) да вакционираат а ние сеуште ќе дремеме без вакцини
 
... искрено не ми се верува на порталов што пренесува, баш би сакала да видам каде тоа Исламската заедница во Босна тоа го кажува, токму од нив е укажано дека муслиманот може да прими минимални количини на нештото што го има во лекот, а е од свинско потекло како желатинот, доколку се работи за негово здравје тогаш нема да биде харам и може да го примени,
Јок....не смееле лекот да го бараат таму каде што Алах им забранил.....:lolzz:
Но го навеле и тоа што го кажуваш:
„Доколку не постои друг избор, последниот збор за тоа треба да го даде струката, фармацевтската и шеријатско-правната“, се додава во соопштението.
Како и да е нема да им биде сеедно, свињата е тоа :pos:
 
Ти прими си ја. Олку врева и треба да се крена. За вирус кој никој неможе да го опише. Ни етиолошки, Ни патогенеза. Никој точно неможе да каже што се случува сите овие месеци. И после прават вакцина 10 фирми за 6,7 месеци. Вистинска вакцина за вирусно заболување реално ама се прави за неколку години. Мислиш ќе си се вратиш во нормала. Ајде цитирај ме пак 2021. Нема многу да се разликува од оваа. И уте нешто. Оние кои ќе е вакцинираат ке носат уште маски? Ако да тогаш зошто? Ајде тоа некој нека ми го објасни. Смешен си Игорче у Њемачка.

Абе ја ќе си ја примам ама овие што одбиваат да ја примат оти имал свински желатин внатре ми се смешни. Да ги прашаш не знаат што е желатин. Научниците многу точно можат да кажат што се дешава па дури 5-6 разни вакцини од разни држави во меѓувреме направиле. Место да правиме трка на заговори други луѓе работат на случајот. Ете гледаш колку брзо може да се прават безбедни вакцини, милиони луѓе ја примиле веќе. Нормалата полека ќе се враќа чекор по чекор. Маски ќе се носат дур има одреден имунитет во населението. Иначе моментално не се знае точно дали вакциниран може да го пренесе вирусот, највероватно да, затоа солидарност е да носат и тие маски што се вакцинирани. Следното лето далеку поинаку ќе изгледа од годинешново. Иначе да, во Њемачка сум, ама нема врска тоа со Ковид ама может ти беше тоа поентата друга не најдов.
Автоматски споено мислење:

Јок....не смееле лекот да го бараат таму каде што Алах им забранил.....:lolzz:
Но го навеле и тоа што го кажуваш:
„Доколку не постои друг избор, последниот збор за тоа треба да го даде струката, фармацевтската и шеријатско-правната“, се додава во соопштението.
Како и да е нема да им биде сеедно, свињата е тоа :pos:

Туку, Угур Шахин, газдата на Бионтех кои ја измисли вакцината е Муслиман. Нему не му пречело имал научни причини за тоа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom