Не знам од каде потребата да се генерализира со терминот ,,антиваксери" и да му се додава на секој оној што искажал макар и минимален сомнеж према актуелниве ковид вакцини. Мислам дека често пати се тера некаков ,,лов на вештерки" каде што во ист кош се ставаат луѓето кои што се малку претпазливи околу вакцината за ковид, заедно со оние антиваксер лудаци кои што се генерално против секакви вакцини, дури и оние за кои што со децении се знае дека се безбедни и ефикасни.
Јас барем имам некаква разбирачка за луѓето кои што од објективни причини пројавуваат скепса, загриженост и колебање околу тоа дали би ја примиле вакцината или не. Особено кога ќе се земе предвид целокупниот развој на настаните од самиот почеток на пандемијата, проследен со разни контроверзности, контрадикторности... еве дури и сега до одреден степен може да се насети политичкиот контекст и геополитичкиот натпревар, глобалната поделеност и недоверба кон светските влади и институции, како СЗО на пример. Нивната неспособност, неорганизираност и механизми за помош кои што висат на конец и се пред колапс, како фамозниот ,,ковакс" систем.