Летни, лесни јадења

  • Креатор на темата Креатор на темата IsidoraD
  • Време на започнување Време на започнување
Зарзават, печурки, млечни производи, јајца, тетенини. Од нив произлегуваат безброј комбинации и речиси сите се вбројуваат во „лесна храна“. А овошјето и сладоледот доаѓаат како бонус :smir:
 
Лесна храна...салата(не зелка) со домати, краставица, конзерва туна и маслиново уље малце...ммммммммммммм:back:
 
Летна манџа. По летно јадење здравје. Пиперки и домати надробени, испржени, со лепче и сиренце прсти да излижеш.
Почна сезонава на лесни јадења кај мене со ова. :)

И скуша со магдонос и кромид, таман ја извадив плотната в двор, за риби да стокмиш на тоа е... лепота, прсти да излижиш.
 
кај мене мама се скапа од пржење тиквиња...
 
Рижото со домати и моцарела
  • 1 мала лажица Црн пипер
  • 125 милилитри Суво бело вино
  • малку Сол
  • 30 грама Пармезан
  • 200 грама Ориз
  • 125 грама Моцарела
  • 3 лажици Маслиново масло
  • малку Магдонос
  • 2 главици Кромид
  • 400 грама Домати
  • 1 Главица лук
На загреано маслиново масло додадете го ситно сецканиот кромид и пржете го додека не омекне, а потоа додадете го пасираниот лук, па уште малку пржете.

Додадете го оризот и оставете зрната да ја впијат маснотијата, а потоа додадете ги доматите (од конзерва).

Варете додека не почне да врие, а потоа намалете ја јачината на огнот и варете 20-ина минути додека оризот не ја впие целата течноста.

Додадете го виното и пармезанот, па варете уште 10-ина минути, тргнете од оганот.

Фрапе од банани и јагоди

  • 125 милилитри Млеко
  • 1 лажици Мед
  • 150 грама Банани
  • 50 грама Јагоди
Овошјето добро оладете го во фрижидер. Исчистете го, ставете го во блендер, потоа додајте ги сите други состојки, како и две коцки лед и матете подолго време.

Фрапе од јогурт и јагода
  • 1 лажица шеќер
  • 125 милилитри Сок од Ананас
  • 200 милилитри Јогурт
  • 250 грама Јагоди
Сите наведени состојки ставете ги во миксер.
Матете ги на средна брзина додека фрапето не стане густо и кремасто


 
салати,варен стек,варени тестенини,овојшје,туна.. полесни јадења од овие нема..
 
Летна манџа. По летно јадење здравје. Пиперки и домати надробени, испржени, со лепче и сиренце прсти да излижеш.
Јас се давам во ова:)
А еве и уште нешто:
Плескавици од тиквички
3 средни тиквици, изрендани
малку кромид, исецкан
1 лажица копар
2 лажици магдонос
3 јајца
1 лажица црвен пипер
сол, бибер
200 g сирење, издробено или исечено на коцки
1 шоља брашно

Изренданите тиквици ставете ги во цедалка, посипете ги со сол и оставете ги да се цедат 15 минути. Стиснете ги да се доисцедат и помешајте ги со останатите состојки.
Загрејте малку зејтин во тавче и ставајте од смесата со лажица. Пржете ги плескавиците од двете страни додека не се заруменат и исцедете ги од зејтинот на кујнска хартија.
pleskavici od tikvici.jpg
 
мусака со црни патлиџани

Потребно: неколку црни патлиџани
500 грама мелено месо
кромид
домати
пиперка
зачини
Меленото месо и кромидот ситно исецкан се запржуваат, се додава ситно исецкана пиперка, исецкан домат, сол, зачин. Во сад се реди 1 ред исечени на круг црни патлиџани, потоа се става месото, па пак уште еден ред црни патлиџани и на крај 1 ред домати. Се додава малку вода и се печи.

Премногу е вкусно!
На здравје! :)
 
мусака со црни патлиџани

Потребно: неколку црни патлиџани
500 грама мелено месо
кромид
домати
пиперка
зачини
Меленото месо и кромидот ситно исецкан се запржуваат, се додава ситно исецкана пиперка, исецкан домат, сол, зачин. Во сад се реди 1 ред исечени на круг црни патлиџани, потоа се става месото, па пак уште еден ред црни патлиџани и на крај 1 ред домати. Се додава малку вода и се печи.

Премногу е вкусно!
На здравје! :)
Уште ако малку го испржиш црниот патлиџан, пред да го ставиш во тава и да редиш месо....мх, мх, мх прсти да излижеш.

Еве ви нешто од мене, што обожавам летен период.

Летен пинџур

Потребни состојки:
500 гр. Пиперки
500 гр. домати
4 јајца
300 гр. сирење
1 чешне лук
малку зејтин и сол

Подготовка: Пиперките ситно ги сецкате и ги пржите. Во нив ги додавате ренданите домати и сол по желба. Пропржувате 20 минути и ги додавате јајцата измешани со сирење. Враќате на оган и го ставате лукчето. Пржите уште 10 минути и потоа уживате :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom