Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Од рубриката час поскоро до избор на влада за подобро справување со ковид19 издвојуваме :
намален буџетот за здравство за 30% и ќе чекаме донации за вакцини и да се надеваме на некој механизми кои се за држави со хуманитарни кризи.
 
Колку кила беше?
Не знам, не беше крупна ама имаше дијабет и нешто со срцето мислам. Пред некоја година ослабе околу 10 кила за да ја подобри состојбата со шеќерот ама и тогаш не беше нешто крупна. Заедно се вработивме. Душа напатена, прво вработување и беше тек на 50 години... се измачи и со синот, Диво Насеље кога беше он беше таму... многу добра жена беше, жалосно. А од синот префати, да не си му во кожа...
 
Некаде август месец мислам беше кога русите ни понудија од нивната вакцина, одговорот на нашиве ,,здравствени гуруа" беше нешто во стилот: ај ќе видиме, чекаме да видиме што ќе речат од СЗО, има ,,ковакс механизам" за сиротиња, немаме гајле, нашите западни партнери...ќе ве имаме во предвид - демек сме во позиција да бираме, нато сме ние, преговори со ЕУ, мадињавотетрапак.
Фаст форврд, ден денешен - „Исток нѐ отпиша, Запад не нѐ запишуе“, се ѓупчиме по комшии, чекаме да не спасат нашите најголеми душмани кои што за луѓе не не рачунаат.
 
Не знам, не беше крупна ама имаше дијабет и нешто со срцето мислам. Пред некоја година ослабе околу 10 кила за да ја подобри состојбата со шеќерот ама и тогаш не беше нешто крупна. Заедно се вработивме. Душа напатена, прво вработување и беше тек на 50 години... се измачи и со синот, Диво Насеље кога беше он беше таму... многу добра жена беше, жалосно. А од синот префати, да не си му во кожа...

Нема правило тука ако не за себе МОРА да се чуваме за постарите дома.Кај мене кога испадна позитивна жената со оглед дека живеам со родители од кој татко ми со ХОББ памет у глава немав кога покажав и јас симптоми а моите ги изолирав сосема на друго место.Али често до моментот на изолација веќе е касно за домашните зависи од периодот на инкубација.Али фала му на Бога само јас и жена ми официјално и симптоматски фативме а родителите еве месец дена живи и здрави.За некое време ке ги пратам да се тестираат за антитела да видиме дали имале некој контакт.
 
Има ли друга држава во Европа, која чека на милостина од соседите за вакцина, а не направила план да набави навремено, па сега министерот да лицитира со датуми втора половина на 2021-ва за директна набавка?

Во втора половина на 2021-ва може ќе заврши пандемијата ние уште вакцини ќе немаме, односно ќе имаме некои шкарт побугарчени.
 
Поарно нека ги откажат чим во втора половина на 2021, до тогаш со темпово 50-60% ќе го имаат прележано па ширењето ќе биде многу помало

Ваква неспособна влада одамна сме немале, дупка до дупка сите министри
 
Дали некој му текнало воопшто од Кина да побара, ако више нема од западниве? Инаку да нас у 2022 вакцини не верувам да ни вршат работа.
 

"Источниот сосед изрази волја, надвор од дипломатските бариери, да ѝ подаде рака на нашата земја во надминување на пандемиската криза.“
Дали се нормални веснициве во МК?
 

"Источниот сосед изрази волја, надвор од дипломатските бариери, да ѝ подаде рака на нашата земја во надминување на пандемиската криза.“
Дали се нормални веснициве во МК?
Ова е дипломатија на високо ниво.
Некој ако ти удри шлаканица ти му враќаш со бакнеж така?!?:rolleyes:
 
Ова е дипломатија на високо ниво.
Некој ако ти удри шлаканица ти му враќаш со бакнеж така?!?:rolleyes:
Само што во овој случај ти удира шлаканица и истиот тој ти враќа со галење...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom