На почетокот на деветнаесеттиот век, низ Европа беснеела епидемија на Вариола вера. Докторот Де Балмис сметал дека епидемијата со сипаници може да се запре преку нова медицинска процедура - вакцинирање, при која пациентот прима послаба форма од вирусот, кој на тој начин пренесен, предизвикува слаби симптоми. Со примањето на ослабениот вирус, се создавал доживотен имунитет.
Во тоа време, вакцината се пренесувала од човек на човек, на тој начин што се чекало вакцинираниот пациент (домаќин), да развие благи симптоми и струпови. Потоа, со инструментот ланцета (денес изложен во Националниот музеј за хируршки науки во Чикаго), се земало мало парче инфицирано ткиво кое потоа се ставало на друг човек. Така се вршела вакцинацијата, која успеала да го сопре ширењето на Вариола вера низ Европа.
Проблемот настанал кога требало истата постапка да се спроведе и во Америка, што требало да спаси милиони животи. Немало начин вакцината да биде безбедно пренесена преку Атлантикот, бидејќи вирусот живеел само во телото на домаќинот 10 дена, а начин истиот да се изолира и чува вон телото, не бил пронајден.
За да ја прати вакцината во Новиот свет, докторот Де Балмис смислил план: Да наполни брод со луѓе кои ќе ја пренесуваат вакцината еден на друг. Со точна пресметка, вакцината би опстојала доволно долго, за да стигне до Америка. Но, проблем било да најде невакцинирани луѓе во Шпанија. Речиси сите ја имале примено вакцината и не можеле да бидат домаќини.
Докторот како опција искористил деца - сираци, на кои, како награда за ризичната мисија, им ветил посвојување кај богати родители, преку океанот, во колониите. Де Балмис нашол 22 сирачиња на возраст од 8-10 години. На 3-ти ноември, 1803 тој тргнува кон Америка. На неколку дена, тој го пренесува вирусот од едно дете на друго. Кога бродот стигнал во Венецуела, ја применил вакцината врз жителите на шпанската територија.
Преку човечкиот синџир, вакцината била успешно пренесена на територијата од денешна Венецуела до денешен Сан Франциско.
Запишано е дека го исполнил своето ветување кон децата.
ЕДИТ: Проф. Д-р Пановски, во коментар објасни што всушност правел докторот Де Балмис и во интерес на точноста и прецизноста, не би било во ред да не направам корекција на мојот статус. Неговото објаснување го пренесувам во целост.
,,Еве и јас да се надоврзам. Тогаш, крај на 18ти и почеток на 19ти век не се знаело ниту за бактерии, камоли за вируси. Бактериите се пронајдени од 1850 па наваму, а вирусите од 1904 кај растенија, 1915 кај бактерии (бактериофаги), 1933 првиот вирус кој предизвикува болест кај човекот, вирусот на грип тип А. Знаејќи од статистика дека оние кои прележале вакцинија (болест на вимето на кравите), а тоа биле молзачите (немало ракавици), не оболуваат од вариола, Едвард Џенер почнал да заразува здрави луѓе со гној кој го земал од пликовите на молзачите ја засекувал кожата на здравите и капнувал капка од гнојот во раната. За ден два тие се разболувале од вакцинија треска итн), а на местото на раната се јавувала гнојна пустула, и на крај лузна во вид на крукче. Сите државјани на бившата СФРЈ постари од 60 години имаат по две такви крукчиња (вакцинирани 1972 по втор пат).
Што е разлика од вариола вера и вакцинија како болест на човекот. Смртноста од вариола е 20 до 30%, се пренесува по респираторен пат од човек на човек 8 пати полесно од ковид. Вакцинијата не се пренесува од човек на човек по природен пат. Смртноста е, ако се пренесува пи вештачки пат (вакцинација) еден умрен на милион вакцинирани (1972 во СФРЈ се ревакцинираа 16 милиони лица, 16 умреа). Да се вратам на приказната за Де Балмис, фасцинатна приказна за спас на човештвото.
Значи не користел ослабен вирус, не се знаело за вирус) туку гној од веќе болни од вакцинија, не од вариола, течноста трала десет дена во пустулата, потоа се сушела. Ете од тука доаѓа поимот вакцина, која во потесен смисол на зборот значи намерно заразување со вакцинија (кравји сипаници) со цел да се добие имунитет од вариола. По 180 години се вакцинирало 99% од светското население и тоа е прва и единствена болест која човештвото во потполност ја победило. Вакцината е укината 1975 год.
Што се однесува до геноцид врз Индијанците, тој бил направен многу порано, не со вирус, туку со убиства, глад, а и со болести кои им ги донеле европјаните. Напротив во 19 век почнала вљкцинација и кај индијанските племиња (оние 500.000) што останале живи. Пред 60 години откриено е дека и вариола и вакцинија се вирусни болести, вирусите се многу слични, сместени во иста фамулија - поксвируси. Со намерното заразување (вакцинација), секако дека се спасени најмалку една милијарда луѓе кои би умреле од вариола, но со вакцинирањето (намерно заразување со кравји сипаници), со кое од 1900 до 1975 се вакцинирале најмалку 8 милијарди луѓе, од таа постапка умреле сигурно 8.000 лица, добар дел од нив не би се рљзболел од вариола. Тие несакајќи се "жртвувани" за да се спасат милијарда животи, а веќе 45 години нема болни, а со тоа и нема вакцина. Интересно за дискусија. Со вакцина пред искоренување е и детската парализа".
Копирано од
статусот на Мирјана Глигорова, немам појма која е.