... точно, исклучоци има, но во глобала човек во случај да има „hypoxemia“ (па макар и „тивка“) како последица и „hypoxia“, дава симптоми во врска со дишењето (забрзано, отежнато, намалена толеранција кон физичка активност, кашлање, гушење, главоболки, градна болка, па макар биле сите овие “тивки“ симптоми човекот ќе ги почувствува - најчесто, но има и ретки исклучоци- ама ретки,
... ти објаснуваш за оксиметар мониторинг во болнички услови и параметарот што го дава за сатурација со кислород, конкретно мојот пост тука е како „општ муабет“ за примена на оксиметар во домашни услови т.е. примената како патоказ но не да се држиме здраво за готово за вредноста што ќе ја видиме!
... во исклучителни ситуации може да имаме симптоми на hypoxemia/hypoxia , а оксипулсометарот да ни покаже задоволителна сатурација над 95% , па ќе се опуштиме без да се загрижиме на појавените симптоми, важно сатурацијата е нормална и обратно- да е падната сатурацијата испод 95% да се дигне паника- готово К19 се има ќе ме закачат на респиратор- „ќе се умре“, пак ќе потенцирам зборуваме за примена на оксиметар во домашни услови како апарат (не во болничка дијагностика),
...оксиметар не е апарат да укаже дали сатурацијата во процент застапениот кислород во граница на нормала значи и нормална оксигенација во смисол правилна искористеност од страна на органите, сатурација висока, а поради Х причини немаме добра искористеност на истиот кислород од органите,
... пример, при вдишување на јаглерод моноксид (од било кои причини, во гаража од запалени издувни гасови на автомобил, оган нешто) човекот дома по извесен период да се закашла, да се посомнева за К19 и да си го земе својот домашен оксиметарот и да измере сатурација, во тој момент може да даде лажно висока вредност на сатурација на оксиметарот, а всушност не е тоа тоа за што е наменет апаратот да даде сатурација на кислород, зошто? затоа што јаглеродот моноксид се врзува за хемоглобинот и го поместува кислородот за да формира светло-црвено соединение наречено карбоксихемоглобин, а оксиметарот го очитува како заситеност со кислород, а не со јаглерод моноксид, а со тоа тој ќе седи мирно дома мислејќи дека има добра сатурација со кислород, а всушност да има труење со јаглероден моноксид чија сатурација е на моноксидот, а не на кислородот!
... друг пример, да речеме кај малку потешки анемични пациенти не мора, ама може да покаже ниска сатурација со кислород на оксиметарот, но тоа не е поврзано со К19 па да се испанични човекот што мери во домашни услови сатурација, ваква ниска вредност е поради недоволно присуство на хемоглобин, а со тоа и самиот кислород нема кај да се врзе па недостасува, зборуваме за домашни услови и паниката е тука, ниска сатурација на кислород ...готово се има К19, а всушност тешката анемија е причината,
... слично како потешката анемија, така и други болести, не мора, ама може да даде ниска сатурација како астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ), лекови против болки, некои срцеви заболувања, тоа не значи дека истите дома ако имаат оксиметар апарат „здраво за готово“ да ги прифатат покажаните вредности, ако не се запознати со вакви инцидентни можни показателни случаеви,
... еве да речеме членката
@Violetova како што пишува викендите иде на планина и сега замисли во попладневните часови нешто се закашлува, некако како да се гуши и веднаш земање оксиметарот од ранец... и ОП! сатурација 92%... мери неколку пати, то па то, никако погоре? и? брзо во болница сатурација испод нормала -готово К19, а тоа што e на високо, планинскиот воздух е редок со кислород? дали таа во моментот ќе помисли за можна причина од паниката? и да размисли дека кога ќе се „стабилизира“ или ќе симне од планина, дома ќе ја измери сатурацијата и ОП! 98% ниту кашла, ниту ништо...може да се сети, ама може и не!
...зборот ми беше да секој апарат, па и оксиметарот како други апарати што вршиме некоја проверка во домашни услови, ни помага да ни покаже некоја моментална состојба, но не веднаш паника, да се зема здраво за готово вредноста, ниту кога е во нормални граници, ниту кога е испод/над нормална граница, затоа што точното следење на сатурација со кислород каде нема мрдање околу точноста е преку артериски крвен гас или ABG (arterial blood gas) се испитува во крв земена од артерија, обично во зглобот, тестот ја мери киселоста (pH) и нивото на кислород и јаглерод диоксид во крвта од артерија, се проверува колку бели дробови се во состојба да го движат кислородот во крвта и да го отстранат јаглерод диоксидот од крвта (ама тоа во друга тема),
... но ете во домашни услови правиме алтернативен тест, користејќи мал уред - пулсен оксиметар, паниката исто како и инертноста се најлоши состојби од/во крајност што може да ни наштети во обичниот живот, посебно кога се зборува за здравјето!