Се смешкам под мустаќ додега гледам како "се чудат" како јапанските модели воопшто модулираат ниско "без" внатрешен сензор за амбиентална температура и без дисплеј на внатрешна единица.
Некоја магија сигурно.....
Тоа е другарче..... толку од евтиното кинеско.... ак ти чини чутиси и крцкајси... ак не... пак чутиси.
Или пак остај ги момциве од погоре нека се чудат и думаат а ти нареден пат куписи поскапо јапонско и нема да ти гасне со месеци. Башка тоа може да се изненадиш дека и сметките ќе се преполоват.... ама магија е сигурно

Eве кај мене Mitsubishi LN35 нема угасено бар 2 месеци.
Да не биде на празно муабетов, пак ќе споделам графикони за потршувачка на енергија од Broadlink SP3S мерачите изгенерирани со помош на Home Assistant и Grafana алатката.
Еве како работи Gree Hansol 12ката кај мене (График од потршувачка на енергија од последни 48 часа):
Еве како работи Mitsubishi LN35ката кај мене (График од потршувачка на енергија од последни 48 часа):
Еве ги двете на ист графикон, за подобра споредба:
И еве графикон од последни 48 часа за просторот кај што е Mitsubishi LN35ката, измерена од сензорот за амбиентална температура кој го "нема" во неа.