Ја додадов на фејсбук онака, после недела-две почнавме разговор бла бла, тешко се договорив за дејт и тоа после месец, месец и пол, не зашто беше јак карактер, него беше срамежлива. Jас дента играв фудбал, се спремив вау бау и дојде време да појдам, се видовме на местото каде што треба да се најдеме и отидовме во еден кафиќ во близина. Женската беше бомба, што би се рекло згодна-неопходна плус таман за мојата низина, mada neli seksot ne znae za godini, visina, tezhina i ostali dimenzii hehe. Бев спремен минимум да ја залапам, како онаа дебељача кога ке ти влета со јазикот до крајниците. И џвакав мастика од тогаш, кога влеговме ја плукнав и зажалив до ден денешен зошто ја плукнав, бев спремен од пепељарата да ја вадам подоцна. Имено веднаш штом ја плукнав почувствував мирис на лук од устата на девојката, како да се спремила на состанок со Влад Цепеш. И ништо среќа не беше толку зборлива инаку ке умрев, немаше ни респиратори да ме спасат, ниту па да се собереа најјаките женски на светов и да ми даваат вештачко дишење.
Некако едвај истрпев еден час да седиме, бидејќи секогаш кога оваа ке отвореше уста ми идеше нагон да повратам. Го викнав келнерот да платам сметка и оваа ми се заинати да го плати нејзиното, а нешто што најмногу мразам е женско да плати свој дел или па не дај Боже цела сметка, јес дека сум вака клошар, ама до толку никад не сум сакал да бидам и така да се чувствувам. Добро му платив на келнерот, излеговме надвор и оваа ми тутна сто денари во раце, ја пробав да и ги вратам, ама оваа инаетлива, па ги фрлив на земја, викам ако сакаш земи ги, ако не, не мораш, гајле ми е. И ја видов се спушти да ги зима парите, а ја се свртев на другата страна и гледав нешто во телефонот. Во еден момент гледам како ме заврте накај неа и појде да ме мува, ја некако се отргнав наназад, што од шокот, што од миризбата.
Што ти е бе? ме праша. И кажав абе ми се сврти нешто во глава, знае така често да ми се случи, јбг не можев да и кажам дека ми се гади кога ке и се доближам. И ништо не бидна, ја испратив до дома, Влегов во френд зоун или како се викаа таа појава. Се дружев уште месец дена и и кажав зз засекогаш. Инаку има уште една епизода со оваа личност, па ке ви ја раскажам деновиве.