Здраво, значи можеш да си го подигнеш од амбасада или конзулат указот и си зајавуваш адреса. Со 2 или 3 слики во зависност каде ќе го подигнеш и копии од пасош. Ако идеш све преку амбасада или конзулат плус извод и венчаница ако си во брак на превод и легализација, ако одиш преку Софија после за егн, таму ќе си го преведеш и легализираш во Софија.
Ќе чекаш од 2 до 4 месеци да стигне писмото во Софија во министерство дека си го подигнал а потоа тие од таму до општина испраќаат каде си зајавил адреса уведомително писмо. Од 2 до 4 месеци ќе почнуваш да се јавуваш да прашуваш дали е стигнато писмото за тебе во општината каде си зајавил адрес. Кога ќе ти потврдат , можеш да поднесеш ЕГН преку амбасада или конзулат , ИЛИ да си идеш во Софија со добар посредник и за 1 ден да си земеш ЕГН и да отидете да се сликаш за пасош и лична карта по брза постапка и во истиот ден да си ги земеш !
Преку амбасада или конзулат ќе изгубиш многу време!
Поздрав