Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Без проблем ако засукаат ракави можат да најдат ценет човек во Аеродром кој ќе им донесе добар фонд на гласови. Не е проблем Аеродром за добри кадри и нема оправдување тука, ама вака беше, ама онака. На собраниски избори имаа 11.1% од гласовите, со добар кандидат 20-30 посто од советнички места можат да земат што е сериозен резултат. Е сега дали можат да нападнат за градоначалничко место, тешко тоа. Треба многу работа и ептен добар кандидат, но за солидна бројка на советници мислам дека имаат шанси во таа општина.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.289
Да е Мицкоски паметен (ко што не е), ќе ѝ понуди на Левица предизборна коалиција во која советничките места ќе бидат во сооднос 2:1 за ВМРО-ДПМНЕ, а Левица би добила кандидат за градоначалник во Центар, Карпош и Аеродром како прва алтернатива или град Скопје како втора.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Е сега ако општините од град Скопје се нешто ко општините во периферијата ти Acid за да го исчитиш ѓубрето ќе треба ти да ги засукаш ракавите. Таму од обичен чистач, вратар, комунален работник до разно разни битни фукнции ко раководители на јавни претпријатија што се под надлежност на општината се сите партиски примени и професионалноста и работливоста зависи од партијата.
Ќе им стигне наредба да те саботираат, да не те слушаат, ќе им ветат дека брзо ќе си заминеш и дека на парламентарни ќе им ветат плус нешто и што мислиш дали ќе те слушаат тебе знаејки дека се заштитени со разно разни закони за да ги отпуштиш ?
Автоматски споено мислење:

Целиот систем од најниско до највисоко ниво е испреплетен и извртен со никакви морални вредности и треба комплетен ресет да се направи. Без радикални промени ништо нема да се смени.
Дали реков дека цела администрација треба да се исчисти? Не, добар дел од нив се професионалци, а останатиот само успани од неактивност, разочарани или без никаква мотивација за работа. „Ѓубрето“ не е за занемарување, а има механизми за чистка или „рециклирање“ (давање на нов живот). Не знам како си го замислуваш „саботирањето“, ама да ме саботира некој што е вработен како партиски бот, поставен на позиција која постои само за да ги храни ботовите, стварно - сам би се фрлил од Џевахир. Ако некој е доволно глуп да остави на раководна позиција партиски ухлебан бот, тогаш стварно заслужува да му биде зачукан „нож во грб“ кога најмалку очекува.

За повеќе информации, следете ја мојата кандидатска фан страница MAKE AERODROM GREAT AGAIN :P
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.791
Поени од реакции
3.861
Да е Мицкоски паметен (ко што не е), ќе ѝ понуди на Левица предизборна коалиција во која советничките места ќе бидат во сооднос 2:1 за ВМРО-ДПМНЕ, а Левица би добила кандидат за градоначалник во Центар, Карпош и Аеродром како прва алтернатива или град Скопје како втора.
Тоа нема врска со Мицко или Вмро. Левица се тие што не прифаќаат коалиција со никого
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.289
Тоа нема врска со Мицко или Вмро. Левица се тие што не прифаќаат коалиција со никого
Ако им понудат коалиција со која им даваат најмалце 3 градоначалници и ги прават одлучувачки фактор во сите совети во државава, Левица ќе нема никаква аргументација да го одбие тоа. Доколку го одбие, ВМРО-ДПМНЕ многу лесно ќе им ја залепи етикетата тројански коњ во опозицијата и привезок на Заев.
 

volare_g

Nediplomiran i nedokvakan
Член од
28 февруари 2014
Мислења
765
Поени од реакции
1.937
Дали реков дека цела администрација треба да се исчисти? Не, добар дел од нив се професионалци, а останатиот само успани од неактивност, разочарани или без никаква мотивација за работа. „Ѓубрето“ не е за занемарување, а има механизми за чистка или „рециклирање“ (давање на нов живот). Не знам како си го замислуваш „саботирањето“, ама да ме саботира некој што е вработен како партиски бот, поставен на позиција која постои само за да ги храни ботовите, стварно - сам би се фрлил од Џевахир. Ако некој е доволно глуп да остави на раководна позиција партиски ухлебан бот, тогаш стварно заслужува да му биде зачукан „нож во грб“ кога најмалку очекува.

За повеќе информации, следете ја мојата кандидатска фан страница MAKE AERODROM GREAT AGAIN :P
Nemoj MAGA drygar, Tramp ima luge vo Veles neli znaes :) ke si napravis problemi :)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.791
Поени од реакции
3.861
Ако им понудат коалиција со која им даваат најмалце 3 градоначалници и ги прават одлучувачки фактор во сите совети во државава, Левица ќе нема никаква аргументација да го одбие тоа. Доколку го одбие, ВМРО-ДПМНЕ многу лесно ќе им ја залепи етикетата тројански коњ во опозицијата и привезок на Заев.
Знам јасно ми е, не сум во вмро за да знам такви детали ама по реториката Левица не е отворена за соработка со никого.
Е сега ако добијат таква понуда од вмро тогаш ќе си плукнат у фаца јер Апасиев е тој што стално повторува дека е против било какви пред изборни коалиции
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Штип, Велес, КВ, Ѓорче, Битола се општини кои можат да ги таргетираат. Охрид тешко, таму е вмро-сдс и строго клиентелистички се гласа, за Прилеп не сум доволно запознат, мада и за таму сум песимист.
Во секој случај Битола би требало солидни гласови да соберат, отсекогаш имало таму анти вмро-сдс гласачи. Интересно би било во Комуњарово да го поддржат како независен актуелниов градоначалник, кој е раскаран со централата, ама нема да биде. Центар и Карпош не ги рачунам, таму се знае по дифолт чачанците за кого ќе гласаат. И тоа е тоа воглавно, другите се селски или шпонски или вмро-сдс општини.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.223
Поени од реакции
34.515
Штип, Велес, КВ, Ѓорче, Битола се општини кои можат да ги таргетираат.
Левица во Ѓорче? :D Да не се збуни нешто?
Ако добро ме служи меморијата, на парламентарни избори околу 1.500 гласови (некои 6%) имаа таму, за разлика од солидните 11% во Аеродром. Ѓорче и Левица - it's complicated.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Левица во Ѓорче? :D Да не се збуни нешто?
Ако добро ме служи меморијата, на парламентарни избори околу 1.500 гласови (некои 6%) имаа таму, за разлика од солидните 11% во Аеродром. Ѓорче и Левица - it's complicated.
Тоа си викав и јас. Факт е дека е вмровска општина, ама мислам дека ќе изненадат таму Левица на сметка на СДС. Во советници нормално, за градоначалник нема шанси.
 
M

Macedon1um

Гостин
Да е Мицкоски паметен (ко што не е), ќе ѝ понуди на Левица предизборна коалиција во која советничките места ќе бидат во сооднос 2:1 за ВМРО-ДПМНЕ, а Левица би добила кандидат за градоначалник во Центар, Карпош и Аеродром како прва алтернатива или град Скопје како втора.
Таа опција не е можна според мене
За совет мора да трчаат секој посебно ама за градоначалник може да најдат некој компримиси идеално натпартиски опозициски кандидат
 
Член од
25 мај 2008
Мислења
40
Поени од реакции
37
Да е Мицкоски паметен (ко што не е), ќе ѝ понуди на Левица предизборна коалиција во која советничките места ќе бидат во сооднос 2:1 за ВМРО-ДПМНЕ, а Левица би добила кандидат за градоначалник во Центар, Карпош и Аеродром како прва алтернатива или град Скопје како втора.
Левица треба да оди самостоjно на избори и да се етаблира како втора или трета политичка сила у МК. Не е далеку тоj момент. Градочалниците ке си ги добиjат сами - немаат потреба од ничиja poмош, а наjмалку од ДПМНЕ или СДСМ.
Заев e jaсен дека нема капацитет, ама барем имаше храброст да се обиде да направи нешто( не зборам колку успешно, да не ме разберете погрешно де).
Мицкоски е наjлошото нешто што му се има случено на ДПМНЕ. Човекот е толку инфантилен, без никаква визиja и без грам лидерски способности, што за човек на чело на една партиja e краjно недозволиво.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.884
Поени од реакции
36.939
Си кажа Апасиев што мисли за Бранимир и останатите ко него :icon_lol: Нека си се се држи до овој став, вечно ќе го има мојот глас.

Нивните родители на криминален начин ја срозија цела средна класа во државава, сега они на малку покултурен начин го прават истото и уште ни глумат некаква елита тука. Ако се прашувам ја, овие се дното на нашето општество. Цел живот паразитираат на наш грб и не створиле нешто самостојно, а први се да се прават паметни и да објаснуваат како треба.
Не мислев баш Бранимир да не ме разбереш погрешно. Типот си испадна обичен калкулант и неискусен па фино го насанкаа Сдсм.

Повеќе мислев во смисла дека им треба некој економски поткован кој се реализирал на професионален или академски план.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Да е Мицкоски паметен (ко што не е), ќе ѝ понуди на Левица предизборна коалиција во која советничките места ќе бидат во сооднос 2:1 за ВМРО-ДПМНЕ, а Левица би добила кандидат за градоначалник во Центар, Карпош и Аеродром како прва алтернатива или град Скопје како втора.
И Левица автоматски ќе изгубат многу гласачи со тој потег а уште полошо што во иднина кој знае како ќе им влијае тоа. Да е Мицкоски паметен(како шо не е) да бара заедно со локалните парламентарни и да се договорат со Апасиев, он премиер а Димче вицепремиер(од типот на Груби)
Инаку Заев ќе си направи уште една влада.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.289
И Левица автоматски ќе изгубат многу гласачи со тој потег а уште полошо што во иднина кој знае како ќе им влијае тоа. Да е Мицкоски паметен(како шо не е) да бара заедно со локалните парламентарни и да се договорат со Апасиев, он премиер а Димче вицепремиер(од типот на Груби)
Инаку Заев ќе си направи уште една влада.
Апасиев во ниту еден говор нема кажано дека целта им е да станат власт. Туку да станат доволно силни засега, да бидат фактор. Нешто како ДУИ.

Ако ВМРО-ДПМНЕ им го понуди секој трет советник, ќе станат фактор буквално во сите етнички чисти општини. И ќе имаат околу 200 советници на државно ниво.

И да, да сум ВМРО-ДПМНЕ би ја предложил истата коалиција со ист сооднос и на парламентарни. Ништо нема да изгуби Левица, затоа што тоа би било шорткат до факторизирањето што го сакаат. И би било и излез од летаргијата за ВМРО-ДПМНЕ, иако за сметка на советнички и пратенички фотељи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom