Дебелите луѓе не го загрозуваат твоето здравје...Доколку е сѐ така радикално како што велиш, а интересно ваксерите се сметаат себеси за 'либерални'/'антирадикални' но очигледно само кога им одговара, сите што гледаат турски серии и слушаат турбофолк немаат грам памет и треба да се пратат сите директ да чукаат камења во окови.
Дали тогаш дебелите луѓе немаат самоконтрола и треба да бидат под 24часовен надзор на стручно лице?
Не е убаво да се релативизира и да се потсмева со нечие размислување и став само затоа што некој од горе ти кажал така да мислиш...
Еве да речеме ти како анти-ваксер не си вакциниран против Морбили и ги фатиш... Со цел памет одиш кај матичната и пошто немаш грам совест и кур те боли дали морбилите се екстремно заразни, се буташ у гужвата и нормално стандард си праиш муабет 'Еве бате и мене ми дошло време да си одам, хехехе, абе кај зима дедо Боже човек како мене а? Кажи а?... Еве ништо бе температура некој осип имам па да видам што ќе каже екимот хехехе'...
Во меѓувреме додека чекаш ред, си збиен до мајка со бебе кое не е вакцинирано и го заразуваш... Морбилите се шират, бебето може да умре, небитно загрозуваш човечки живот и туѓа среќа...
Но пошто светот не фукнционира по законите на кармата и правдата, тебе ќе те средат 'екимите' со лекови од злото на Бил Гејтс, ќе отидеш пак дома здрав и ќе кажеш 'еее јас што маки истргав со болеста ама ете ме жив и здрав, јас отров во тело не примам'... Иако си примил еден тон анти биотици, отрови и лекови и згора на тоа секој ден си зимаш по една дијазепамка да подмачкаш мотор, кафетинче за крфта да ти врие тн итн...
Ради тебе една древна болест која косела цели импреии не е искоренета и ред други ќе се вратат. Но ти не си засегнат од тоа, тебе те интересираат повеќе некои теории на заговор, така да дома ќе си пуштиш прво Ѕвезде Гранда, па после ќе пуштиш некоја емисија од Мариќ и ќе си коментираш колку се паметни Србите, после ќе свртиш на Миленко и на крај пред спиење ќе отидеш по коментари да ги пцуеш Сорос и Бил Гејтс...