Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
BTW
Излезе торент со Tenet па ќе гледаме вечер:)
Тенет е само просечен филм :). Иако е еден од најскапите снимени филмови, очекував повеќе од Кристофер Нолан, знаејќи ги Memento, The Prestige, Inception. Филмот обработува мотиви карактеристични за Нолан како time bending, grief... но според мене подобар е само од The Dark Knight Rises.
 
Филмовите на Нолан освен триологијата за бетмен се многу збунувачки. Исто така користи една досадна палета бои која се повторува у сеој филм. Палета мртвило би ја крстил.
 
Филмовите на Нолан освен триологијата за бетмен се многу збунувачки. Исто така користи една досадна палета бои која се повторува у сеој филм. Палета мртвило би ја крстил.
Мене ми има претеншс прик моменти, Интерстелар го доживеав како " во историјата на кинематографијата сакам прво јас после Кјубрик", иако филмот добар.
Палетата мене ми е ок, често се користи десатурирана помага во општиот муд.
 
Мене Интерстелар тапа ми беше, некое исфорсирано гомно од филм.

(ЕДИТ)
леле уткаааааааааа. На Инсепшн мислев. Интестелар ми беше ок.
Тргајте лајковите. Пред полсат од спиење станав уште нерасонет.
 
Последно уредено:
Моето мислење за Нолан го пишав во рецензијата за Tenet- се освен The Prestige и до некаде Memento ми е псевдо-интелектуална бљувотина. Дефиниција за trying too hard. Вилнев (Villeneuve) за Нолан е Кјубрик. И да, Кјубрик е топ 3 режисер на сите времиња заедно со Тарковски и Ланг.
 
Мене Интерстелар тапа ми беше, некое исфорсирано гомно од филм.

(ЕДИТ)
леле уткаааааааааа. На Инсепшн мислев. Интестелар ми беше ок.
Тргајте лајковите. Пред полсат од спиење станав уште нерасонет.
Инсепшн и ја помислив, башка имаше многу бре туторијали у филмот, потценувачки дури.... истиот фазон и со Тенет сега.
 
Шо си мачите виугите? Глеј те си го Муле со дедо Иствуд, модерен вестерн, со поуки околу семејниот живот, кој во ова информатичко време го подзаборавивме!
Ок е филмот, да не речам мех, ама пак го има тој Клинтов печат на раскажување приказна, малце да ти заиграат градите. Институција е стариот иако во задњи години малце му опадна квалитетот на филмовите ама сеуште е тука, се држи и работи.
Каква бедес фаца е, и на 150 години да ги спои веѓите ќе покаже авторитет и страв кај гледачот.
 
Има три паралелни света во филмот кои се преплетуваат! Нормално најкул е средбата со инспекторот и на суд, ама и семејната разврска иако е ефтина има некоја сентиш тежина.
За мексичкиот табор муабет да не правиме!
Инаку не реков дека е кој знае што, ама од тоа што се тркала периодов, нешто со поголема специфична тежина е филмов!
 
Дајте некој ваков сличен предлог за feel good комедии и филмови. Овие први ми текнаа на памет, имам изгледано поприлично, ама можи ќе се потрефи нешто шо немам.
 
Топ е филмов, само треба да го гледам уште 5 пати за да го сфатам. - Никој никогаш.

Отворете тема да видиме што сте сфатиле. Баш ме интересира.

Као да не му беше доволен Inception, па мораше и ова да го напраи. Во ред, нека продолжи вака па ќе му честитаме влез во клубот на претенциозните филмски работници.

Кристофер Нолан ако уште еднаш напраиш ваков глуп филм има да ја искинам сликата со твојот лик што ја иам закачено на ѕид.
 
Back
На врв Bottom