пак идиме до тој заклучок дека ако не се заштитиш самиот себеси, ојле и дојле ќе треба да те лечат.Глупавоста не бира професија. Чист пример се неколку доктори од форумов. Којзнае на кој факултет земале дипломи. Иако доволно е да поминеш крај Медицински факултет, да видиш какви раритетни фаци студираат, така што и УКИМ не е некое мерило за знаење. Не ти ни треба факултет за да ти тркала малку главата, ама фенси е да бараш теории на заговор во се и сешто во денешницава. Овие се истите што кликаат на вести шокантно, каква боја гаѓички носела Гога Секулиќ во спотот на ГАЧИЦЕ.
Најпрвин кога ќе си вратам филм имав некоја мала мачнина која ја игнорирав, пошто често се случува нели промена на време, атмосферско притисок, работа, да ти накурчи и да се чувствува човек ко истоштен. Тогаш можеби и сум има некоја мала температура 37 со неш, ама не мерев и не можам да потврдам. Еден четврток, некој ден пред 31.10, се почувствував како да ми жежи ноќта, измерив температура и за мое чудо имав 38.5, а не се чувствував така. Се напив два парацетамоли, се симна на 36.7. Утрото бев ок, ама се јавив кај матичната за да проверам крв и после резултатите видов дека имам повишено ЦРП и изместена вредност со леукоцитите (мислам дека снижени ама не се сеќавам). Ми кажаа дека мора да го третираат како корона и за сета среќа најдов некакви врски да се тестирам наредниот ден. Ноќта петокот пак кренав 39 температура која потешко се симна ама докај 37 со нешто. Инаку ми препиша да пијам сумамед матичната, со пробиотик, б комплекс и витамини Д, Ц од 1000 мг и цинк. И си почнав фактички со таа терапија. Петокот значи температура вечерта, саботата исто и неделата појдов до инфективвно каде што ми го смениа сумата со панцеф и ми дадоја натриум хлорид некое за освежување шо не ми помогна. Понеделник утрото појдов со висока темепратура кај истата докторка,не ми се симнуваше и ми препишаа рентген да правам да го видат наодот. Имав некаков бронхит мал, чисти синуси и дишење, али ете мал наод да речам. Ми вика докторкава како ти е дишењето? Добро е не сум пушач и велам.Нели имаше еден доктор јавно што кажа дека докториве претеруваат со давање на секакви лекови, и што треба и што не треба?
Нели нема "лек" против коронава, туку само менаџирање на симптомиве?
Нели антибиотик се дава за бактерија, не вирус?
Може да пишеш детално, како ти се одвиваше состојбата, дали беше хоспитализиран, и детално кои лекови ги земаше, во каква доза, и колку време?
Требаше некој вака детално да го опише личното искуство со подмолната болест. Се надевам дека ќе ја увидат сите разликата помеѓу грип и ковид.Најпрвин кога ќе си вратам филм имав некоја мала мачнина која ја игнорирав, пошто често се случува нели промена на време, атмосферско притисок, работа, да ти накурчи и да се чувствува човек ко истоштен. Тогаш можеби и сум има некоја мала температура 37 со неш, ама не мерев и не можам да потврдам. Еден четврток, некој ден пред 31.10, се почувствував како да ми жежи ноќта, измерив температура и за мое чудо имав 38.5, а не се чувствував така. Се напив два парацетамоли, се симна на 36.7. Утрото бев ок, ама се јавив кај матичната за да проверам крв и после резултатите видов дека имам повишено ЦРП и изместена вредност со леукоцитите (мислам дека снижени ама не се сеќавам). Ми кажаа дека мора да го третираат како корона и за сета среќа најдов некакви врски да се тестирам наредниот ден. Ноќта петокот пак кренав 39 температура која потешко се симна ама докај 37 со нешто. Инаку ми препиша да пијам сумамед матичната, со пробиотик, б комплекс и витамини Д, Ц од 1000 мг и цинк. И си почнав фактички со таа терапија. Петокот значи температура вечерта, саботата исто и неделата појдов до инфективвно каде што ми го смениа сумата со панцеф и ми дадоја натриум хлорид некое за освежување шо не ми помогна. Понеделник утрото појдов со висока темепратура кај истата докторка,не ми се симнуваше и ми препишаа рентген да правам да го видат наодот. Имав некаков бронхит мал, чисти синуси и дишење, али ете мал наод да речам. Ми вика докторкава како ти е дишењето? Добро е не сум пушач и велам.
АКо сакаш да полежиш на болница? Не и велам, че идам да примам терапија (системи се шо треба), ама да лежам не сакам (не планирав психички да ме дотепа гледајќи умрени по одделенија). Ми препиша терапија со системи (антибиотици и не знам шо имаше друго во нив) правеа сестрите некој микс од малечки срчени шишенца (имав прилика да видам како некој микс). Температурата не ми се симнуваше иако примав системи. Страшни трески како што не паметам, како боцкање со иглички по телово ко да те гори некој, страшно дрмање онака на цела снага, а сум имал грипови настинки други вируси, ништо слично на ова со коронава кое ми беше претерано мачно. Не можев никако да заспијам со температури и знам отприлика 9 ноќи ги поминав така со лежење, минимален сон ко замелушен, со халуцинации до степен ќебево да го гледам ко пустина со песок. Додека тераа системите, не пијав антибиотици туку само витамините од горе. Веќе 4-5 ден некаде, ми симна температурата едно утро, одручекта се качи накај 37.5, ја симнав лесно со парацетамоли и од тогаш не се крена повеќе. Ми олесна целосно тогаш, ама се сеќавам последен ден пред да се симни, мислам дека лебдев од истоштеност, не си ја чувствував снагата и за првпат со мене на болница ја зедов жената, оти мислев ќе се лупосам со колата некаде. Она никаква сила, ко духот да ми лебдеше, немав контрола над телово едноставно.
Откако се симна температурата беше полесно. Почнав да јадам, да пијам, да се наккревам, кашлицата ми се смири. Забоавив да кажам дека после првите системи, ми се јави некаква кашлица и мачнина, па не можев до кола да појдам после примање систем. За по скали ја викав женава да ме прикрепува, се задишував и ме тераше на кашлица. После 4-ти 5-ти ден почнав да се враќам во нормала. Накај 11ти ден, рентген пак и овој пат чист наод, немав ништо. Во меѓувреме пиев маџун од кавадарци и масло од кантарион кои ми ја средија кашлцицата според мене целосно, покрај тоа со системите. Системи примав два пати дневно на 12 часа, 12 дена. Интересно е што еднаш инекција ми ставија демек да се симни температурата (мислам кетонал доста пржеше) која направида се чувствувам добро, ама кога измерив имав 38.5, шо значи ни тоа не ми помогна.
Ми зедоа после 2 бриса, на 48 часа размак и двата негативни. Иако негативен, ми препишаа трицеф 7 дена до контрола, со сите витамини. @Hurin на 5-ти ноември ми измерија ддимери и хемостаза, беа ок, само црпто повишено, а на 16ти повторно, овој пат црпто ок, ддимерите 2000 и нешто, значи откако бев негативен ддимерите повисоки излегоа, и тромбоцитите нешто повишени.
Па поради тоа ми препишаа факсепарин (се надевам ок го пишав) 5 дена по 2, за в стомак.
Со нив некни правев крвна слика, ддимерите 543 паднати, тромбоцитите исто нормални, али триглицеридите овопат тоа алт, аст како ги велат повишени. И сега нив ги средувам, силимарин капсули и хранава.
Сумасумарум, отприлика 9 дена висока температура до 39.5 која не се симнуваше, некој ден дијареа и повраќање, 12 дена системи, или се на се околу 17 дена видов мака, после тоа рутински за доздравување ми закачија уште некој ден антибиотици.
Моментално пијам апсирин протект по 1, витемин д, ц, и сили марин. Друго ништо од лекарства.
Има уште за пишуање, ама тоа е така во кратки црти иако испадна подолго.ќ
И моја препорака, ако сте имале некаков симптом или сте поминале со лесно, да си проверите ддимери секако. Имаше ваму асимптоматски ликови без температури со некои мали болки во нозе, со 9000 изместување, а нормално е под 500. Шо значи нештово подло си работи, обавезно испитувања да си направите, превентивно.
Вакво нешто му вбризгаа на Трамп, за да го спасат од Корона
... да бев админ на форумов веднаш ќе ти ја ,,скинев,, модераторската функција, без разлика од твое оправдување дека овој коментар општо си напишал, не си цитирал, не се тагнал никого, ова е веќе говор на омраза и негативно именување на медицински лица, кои се исто како други членови на форумов обични членови кои си ги кажува своите мислења за кои ти ако ги читаш можеш да прифатиш или не, но не ваков начин да осудуваш и да вреѓаш со добивање ветар во грбот дека си модератор, па можеш да си дозволиш вакво однесување и никој ништо не ти може,Глупавоста не бира професија. Чист пример се неколку доктори од форумов. Којзнае на кој факултет земале дипломи. Иако доволно е да поминеш крај Медицински факултет, да видиш какви раритетни фаци студираат, така што и УКИМ не е некое мерило за знаење.
на времето, еден колега од работа( хемичар, нема врска со медицина) тврдеше дека вирусите ги јаделе бактериите, затоа било добро да се земаат антибиотициСе дава и како превентива од секундарни опортунистички бактериски инфекции при нарушен имун систем доколку е пороценето дека ризикот е оправдан.
ако НЕМА вакцини ќе ти праќаат и овакви работи...факт е дека годинава КАЈ НАС се уште НЕМА вакцини ни за сезонски грип, ни со пари, бешка без пари за лица 65+
Точно.Глупавоста не бира професија
Од кај знаеш дека се доктори, сепак форум е ова.Чист пример се неколку доктори од форумов.
Треба сите доктори да се убави?Иако доволно е да поминеш крај Медицински факултет, да видиш какви раритетни фаци студираат
Тоа е грешка на Министерот и на комисијата за заразни болести, некој работи беа едноставни да се спремат во летото. Па дури и можеа да импровизираат со постоечките капацитети. Протоколите за матични, за прием, за лекување се требаше да биди спремно, барем тоа е беспари што се вели.Според мене, во секој град треба да се направат тријажни центри во кои ќе се прегледуваат пациенти со Ковид - 19, при што на тој начин ќе бидат издвоени од другите неинфективни пациенти. Тријажните центри да бидат опремени со лабораторија, ртг апарат и специјалисти кои ќе ги лекуваат овие болни. Во спротивно, шансите да неинфективен пациент закачи Ковид - 19 се огромни, дури мислам дека процентот на новозаразени е токму најголем заради мешањето на овие две групи пациенти. Се поголем е бројот на млади лица кои развиваат сериозни компликации.
Инаку не само антибиотици, во огромна мера се злоупотребува и давањето кортикостероиди и тоа не само кај возрасни, туку и кај деца!
Е после коронава ќе имаме пандемија на кушинг, антибиотска резистенција, психози, калкулози итн.