Зашто ти на пример, сметаш дека е тоа лошо?
Веројатно заради тоа што фашизмот, како идеологија, има горки плодови во реалноста. Затоа што фашистите направиле ова, или она - безброј примери. Според делата, а не според тоа која им била идеологијата.
Затоа никој не ја тагира фашистичка Португалија, подеднакво како фашистичка Италија. Едните правеле безброј недела, другиве не.
Делата им се тие, на Бугарите, учество во стратешките планови на оската и со тоа придонес кон нивните неморални и неетички планови и цели.
Нерелвантно е, затоа што, биле фашисти, или не, тие учествувале во целите на оската, испорачувале Евреи и тн. и тн.
Ако ги прогласиме за нефашисти или фашисти, тоа нема ни јота да го смени тоа што веќе го направиле.
Фор д рекорд, јас мислам дека повеќе може да се каже дека биле фашисти, отколку не. Но, не е така чиста ситуацијата, како на пример што е во случајот на Португалија - сигурно фашистичка држава, која и продолжила до 74-та тоа да биде, но, на која ама баш (речиси) ништо не можеме да и замериме, во контекст на Втора Светска Војна. Ни приближно, како на Бугарија, или Романија, кај кои не може така чисто да се каже, дали се фашисти, или не.
Борис не бил фашист и не ги сакал многу-многу. Но Филов и други, веќе е друго прашање.
Така да, во крајна линија, не ни е битно некој дали бил фашист или не, туку дали и како учествувал во хитлеровата коалиција, кои злодела ги извршил. Четниците не биле фашисти, а заклале еден тон невини луѓе.