Да, то е факт и никој не го оспорва. Но в'в военни дејствија, както х'рватите, не сме участвали
За разлика од вас, Хрватите таа оформена "држава", со марионетска влада наклонета кон Нацистите ја сметаат на темната страна на историјата, и не го негираат тоа. Исто како што и Французите имале таква "марионетска" влада. Вие од друга страна, сте биле царство кое се приклучило на страната на оската, вие не сте биле првично окупирани од Германците па они да инсталираат таква влада, за после тоа да можете да се вадите дека они само административно раководеле со оваа територија, исто како што Хрватската и Француската марионетска влада, раководеле со нивните територии. Вие како царство-сојузник на Нацистичка Германија, активно сте УЧАСТВАЛИ во нивните дејствија за окупација на Балканскиот полуостров, со задача Егејска, Вардарска Македонија и Јужна Србија, исто како што Италија и Балистите учестувале да ја заземат Грција и Западна Македонија.
И затоа немој тука да ми продаваш некоја демагогија и лажна историја. За разлика од вас сите овие држави се оградиле од тоа што биле во ВСВ, Германија плаќала тешки репарации на пола Европа, додека вие ниеднаш се немате оградено или ваша влада да изрази жалење за тоа. Затоа немате право да се споредувате со ниедна од овие држави. Напротив си ја сменивте историјата, и сега пробувате тоа нам да ни го направите, иако сите тука имаат баби и дедовци УЧЕСНИЦИ во борбата против Бугарскиот Фашистички окупатор.