Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
А кои би биле тие построги мерки? Немам идеа какви други мерки освен карантин и полициски час. Ако мислат да се заебаваат со намалување на уште еден час од работното време на кафаните, групирањето од 4ца да го намалат на 2ца, автобуси и други перипетии.... поарно ич да не превземаат такви мерки, однапред се знае дека нема да имаат ефект.
Како што разбрав, полициски саат и карантин рано сабајле, пред првиот петел, меѓу 03 и 04 часот.:lolzz:
 
  • Хаха
Reactions: A__
Нема да е полициски час од 21 часот.. Туку ќе е порано или во 19 или во 18 часот.. Знаат они дека после 9 и како што рече ти дека сега зимава нема никој надвор.. Така да џабе ќе е то..
Зато порано ќе е..
Кај нас во Охрид после 17 ч. пиле не прета надвор.
 
Кај нас во Охрид после 17 ч. пиле не прета надвор.
Во сите градови освен Скопје е така периодов.
Пешачам накај 18 часот јас секој ден, околу центар нема жив чоек, и во кафичи додуша после ручек време шо викаат старите е штама, дури имаше сонце до кај 14 часот беше преполно после тоа мрак.
Ама Скопје не верувам да е така.
 


kako se siri klaster... eden klaster ubavo objasnat i kako im kidnal od hotel vo adelaide
 
За потеклото, све е матно.
Од една страна, за госпоѓава научник се пишуваат статии за проучување и откривање на разни соеви корона вируси
од друга,
што е точно, ѓаол ќе го знае
 
Последно уредено:
 
Пушачите помалку заболуваат, но ако заболат и стигнат до болница, половина од нив ќе починат - тврдат анализи направени во Италија и Франција. Објаснувањето наједноставно кажано е дека во делот од плуќата каде се пика короната, никотинот веќе си поставил база, па нема место за вонземјанинот. :D
 
Се зборува дека на утрешниот совет за безбедност кај Пендарко, ќе се донесе одлука за полициски час од 17 или 18 часот...
Автоматски споено мислење:

Едит: пишале страна поназад, не сум прочитал
 
И шо сега? Тие со вишок килажа, срцеви болести, дијабетис, замастени дробови..... треба да ги оставиме да умрат? Тоа не се луѓе? Па тие ти се 50% од популацијата. Постарите не се луѓе? Помладите немаат такви заболувања? Читам овде некои пишуваат како не треба да се превземаат мерки оти вирусот не е толку опасен и од него умираат само оние што претходно имале и други здравствени проблеми и маката било некој да не остане без плата поради мерките а не тоа дека некој ке си замине од овој свет. Па имаат ли таквите ,,мислители,, малку човечност во себе и толку ли се сигурни дека тие или некој од нивните најмили во себе не носат некоја слабост за која немаат поим а поради која може да угинат од ковидот? Чудни некои ,,луѓе,,.
Прво никаде не сум пишал дека тие треба да одат, напротив, со овој пристап што го имаме моментално ќе одат многу повеќе во неповрат.

Еве јас сум глуп, ама како очекувате да почне да се подобрува ситуацијата ако ние не менуваме ништо? Народ гледам си крцка по кафеани, на работа пола низ канцеларии со маската под нос, со симптоми одат на работа и се дружат со други..
Види сите индустриски фирми што работат во смени идат на тој принцип, идеш на работа дур не донесеш тест дека си позитивен. Ова зборам за фирми каде што веќе се раширил вирусот. Нормално да имало подобра организација немало толку да се рашири. Муабетот ми беше дека за такви фирми карантин нема ништо да смени, зашто и понатака ќе мора да идат на работа и да се заразуваат.
Во најмала рака на сите тие треба да се мери температура на влез, фирмите да си набават маски за секој вработен и да се менуваат маските согласно пропишано времетраење, да не смее да ја спушти маската никој под нос како што поголем дел од населението ги носи и тн.
Ептен е лабаво фатена работата и затоа се бројките вакви какви што се.
Автоматски споено мислење:

Откажување на бели дробови како резултат на тешка пневмонија развиена од коронавирусот. Не сум доктор, веројатно не ги погодувам точно изразиве, ама ќе се разбереме што сакал да каже писателот :D
И јас не сум доктор, но поентата ми е дека треба да се прашуваат и да се внимава на детали особено со ваквите случаи.
Кога е откриено кај човекот, после колку време е почната било каква терапија, дали користел други лекови или опојни средства, дали пуши/пие често алкохол, дали имал други полесни заболувања или претходна историја со белодробни заболувања (еден куп имаме како помали прележано бронхитис и бронхопнеумонија), дали бил на други терапии со лекови во блиска иднина (дури и антибиотици кои нашиот народ ги конзумира почесто од бомбони) и тн.

Проблемот е што не се прават обдукции и не се излегува со детали за секој човек, на помлади од него имам со свои очи видено катастрофална крвна слика, така да годините не ми се баш мерило за идеално здрав човек.
 
Последно уредено:
41,37%
Ајде Филипче.........#можемеповеќе
Мајмуни северни, пуштија се да работи....по слободен пат да се шири заразава
Важно секојдневната мантра цело време е присутна.......носете маски......ситуацијата е под контрола! ....има кревет за секој.
Чуваат "економија".....пола фирми и поише се во изолација, каква црна економија....тоне се и вака и онака. За здравјето на сите нас ги заболе......
 
Последно уредено:
Не знам каков реално би бил ефектот од тој полициски час од 18.00 часот, кога преку ден пак ќе има движење.

Не сум економски експерт ниту познавач, но не гледам зошто не би издржала државата двонеделен целосен карантин како што воведоа есенва во земјите од Западна европа, ама не стотици илијади дозволи за движење да се дадат како кога имавме полициски час, нема работење на ништо, нема продавници, нема локали, нема школи, судови, нема државни институции (кои и онака работат со преполовен капацитет со оглед колку боледувања и изолации има), нема ништо, една дежурна аптека по општина, купување намирници на време, еден дежурен маркет и толку.

Есенцијални дејности како болници, пожарна и полиција (со намален капацитет нормално), електроцентрали, хидроцентрали ќе си работат.

Две недели, колку да земат здив болниците и медицинскиот персонал, преголеми се процентите на заразени од тестираните и преголема е стапката на смртност, неспоредливо и со другите од балканот и со европскиот просек.
 
Ама мене не ми е јасно од каде бројкиве. Значи во однос на летото мислам дека за некои 60-70% има помалку и дружби и собиранки и се. Маски гледам се повеќе и повеќе носат надвор. Еве колку време кафичи се тоа до 9 работи. Па еве излезете надвор низ Скопјево после 6-7 мртво е а не па 9... Навистина не ми е јасно, ама па само не и кај нас секаде е вака... Имаше концерти собиранки се цело лето константа се држеше. Медиумиве први ќе беа со снимки од непочитување на мерките посебно оние Алфа ко цело лето што мрчеа. :toe:

Полициски од 18... Еве барем јас што гледам после овој период секако е празно. И никој не кажува сега што е причината. Ајде не сите, ама барем некои ќе знаат од каде се заразиле. Цело лето прстот кон забавите во Охрид, Мош, Интермецо... океј супер, барем знаеме од каде, сега?

За викенди можеби да, преку ден има повеќе низ кафичиве Скопски ама толку. Преку недела преку ден да одиш и тогаш прилично многу помалку од порано.
 
Последно уредено:
Ама мене не ми е јасно од каде бројкиве.
Како бе не ти е јасно, сите почнаа гости, родендени да си тераат по куќи/станови (не само во Македонија, секаде). Седење во непроветрен простор со саати и ете ти бинго. Остајте тоа со литии, прослави на отворено, мали се шансите да фатиш на отворено.
 
Не знам каков реално би бил ефектот од тој полициски час од 18.00 часот, кога преку ден пак ќе има движење.

Не сум економски експерт ниту познавач, но не гледам зошто не би издржала државата двонеделен целосен карантин како што воведоа есенва во земјите од Западна европа, ама не стотици илијади дозволи за движење да се дадат како кога имавме полициски час, нема работење на ништо, нема продавници, нема локали, нема школи, судови, нема државни институции (кои и онака работат со преполовен капацитет со оглед колку боледувања и изолации има), нема ништо, една дежурна аптека по општина, купување намирници на време, еден дежурен маркет и толку.

Есенцијални дејности како болници, пожарна и полиција (со намален капацитет нормално), електроцентрали, хидроцентрали ќе си работат.

Две недели, колку да земат здив болниците и медицинскиот персонал, преголеми се процентите на заразени од тестираните и преголема е стапката на смртност, неспоредливо и со другите од балканот и со европскиот просек.
За пари/помош за приватниот сектор од негде некако ќе спомне некој или тенко?
Ене ти ја Грција,2 недели карантин како што сакаш,3200 новозаболени денес само.

Ја би одма ваков карантин ама овојпат сите пензионери и администрација 12 илјади плата,а прветн сектор да си земе фул.

пс.За неспособноста на државава да спроведе таков карантин па да не праам муабет.
Еве нека почнат со влагање на полиција во грчец,колку само да ги ѕирнат украдените коли/мотори
 
Најверојатно ќе воведат карантин, ама тоа ќе биде заради притисок од јавноста. Но, тој веќе нема да има ефект, затоа што некаде за една недела секако ќе почнат пополека да паѓаат бројкиве.

Ќе имаме и некој ден до 2000 во наредниве денови.

Битно е смртноста да не се зголеми.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom