Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ако матичната секој ден се јавува кај болните ќе има ли време за други работи освен телефонирање?
А шо и е друго работа?

Мислам дека требаше да направат протокол за теле медицина уште летово.

Некој работи треба да останат како пракса и за во иднина.
 
Ако матичната секој ден се јавува кај болните ќе има ли време за други работи освен телефонирање?
Нема.
Тетин ми пошо пензионер ја слуша цело време дома, вика „и ја научив веќе што да се прави, може да ме активира како колега да и помогнам“.
 
Какви мерки бе луѓе, пола Рек е во Битола заразено, добиле наредба од "горе" дека мора да одат на работа сите кои не се позитивни ( иако нив и колеги од иста смена се позитивни .
.
Слично е и во Мепсо, имале многу заболени. Гледам живо пиле нема кога поминувам од сабајле. Цел оддел Мемо се заразени, имаат и еден многу тежок случај. Поснопица, за 2-3 дена сите се испозаразиле меѓу себе.
 
Слично е и во Мепсо, имале многу заболени. Гледам живо пиле нема кога поминувам од сабајле. Цел оддел Мемо се заразени, имаат и еден многу тежок случај. Посопница, за 2-3 дена сите се испозаразиле меѓу себе.
jas rabotam na proekt so elektrana od eskilstuna, svedska.
od mart nekade, zabranet vlez za lugje od strana vo kontrolna soba vo elektranata.
duri i site vraboteni tamu koi "ne se potrebni fizicki da bidat prisutni" imaat zabranet pristap
i mora da rabotat od doma.

elektrani i ostanati kriticni infrastrukturni objekti mora da imaat postrogi merki i rezervni opcii,
ama na nasite wannabe direktori ne im kazale od partija ocigledno :facepalm:
 
jas rabotam na proekt so elektrana od eskilstuna, svedska.
od mart nekade, zabranet vlez za lugje od strana vo kontrolna soba vo elektranata.
duri i site vraboteni tamu koi "ne se potrebni fizicki da bidat prisutni" imaat zabranet pristap
i mora da rabotat od doma.

elektrani i ostanati kriticni infrastrukturni objekti mora da imaat postrogi merki i rezervni opcii,
ama na nasite wannabe direktori ne im kazale od partija ocigledno :facepalm:
Многу нормално е ова и вакви протоколи има и во фирми во МК. Веројатно повеќето се приватни. Ама знам за многу технички служби и support оддели кои се сосема изолирани и поделени во смени без да имаат физички контакт едни со други.
 
А шо и е друго работа?

Мислам дека требаше да направат протокол за теле медицина уште летово.

Некој работи треба да останат како пракса и за во иднина.
Прашуваш што ѝ е друго работа?
Треба да прима и прегледува пациенти, не да изигрува секретарка.
 
Во болницата во Охрид (делот каде што се сместени заболени од Ковид), пациенти сместени 14 дена немаат основни елементарни услови. Еден дел се сместени во одделот за геријатрија, изграден во времето Тито кога бил матурант, ако кажам дека денес објектот изгледа како штала, штала ќе биде културна институција за ова нешто наречено „Ковид оддел“.
14 дена сместуваш болни лица, каде што приоритет треба да биде хигиената, а истите тие пациенти немаат можност да се истушираат, затоа што нема топла вода.
Ејјјјј болница без топла вода, а Филипче ќе ми џвака на ТВ, одржувајте хигиена. А бе копито едно тебе твоите пациенти немаат топла вода раце да измијат, да се истушираат, а од друга страна им солиш памет на народот раце да миеле. Го повикуваш народот да држел дистанца, а во болничките соби твоите пациени се малтене, еден врз еден. Ако собата била за 6 луѓе, сега се ставени 10 кревети, еден до еден, да нема место да се разминеш.
На 50 пациенти, ноќно време да имаш само по 3 медицински сестри на смена е еднакво на лудило. Па тие 3 мед.сестри, кафе да варат за 50 луѓе нема да може да престигнат за сите, а камо ли каде што се работи за дишење, кислород, каде што секунди можат да значат живот или смрт. Не е ова „а бе почекај малку, сега ќе дојдам“.
Разбирам во време на криза, пандемија, треба да се стават на располагање сите расположливи капацитети и средства, ама да се вперува прстот единствено само кон народот, без при тоа да се запрашаат дали и тие можеби имаат некаква вина е смешно.
 
Баш ме интересира доколку ова лудило некад завшри, дали светот ќе бара оштета од злото на истокот. Ама познавајќи ја ЕУ какви кастрирани говна се, и сеа САД со Бајден со целата нивна "да не шириме расизам" политика, не сум нешто оптимист дека ова ќе се случи, па очекувам Кина да си помине не казнето, иако го стави целиот свет на колена.
 
Да е само во РЕК така.Нели и Кромберг/Шуберт имаше таква ситуација?И сличните им такви фирми во секој град скоро.Плус, поради осетно намалување работна сила истиов систем и во секакви други дирми продолжи, од кабловски, брзи пошти, банки, маркети, кладилници, јавен превоз, угостителство...па и здравство!
Ако си без симптоми колегите не пријавуваат како контакт и скокај Ламбе.
Нормално, на тв или интернет вести не го среќаваме.Вродено вазалство.И тука е поврзан и тој притисок да не се заострат мерките со евентуален карантин.Економија мора ради.Логично е зошто и хроничните болни се вратија на работа, а секој трет е.
Во Кромберг не вервам, имам многу роднини и пријатели кои работат таму и викаат дека е многу строго, маска не смеат под нос да имаат, им мерат температура на сите и ако имаш симптоми не одиш на работа.
Летото дури беше им беше кажано на одмор не, надвор од државата.
Исто така и препорака да не се движат од општини во општини ако немаат некоја потреба.
Рек е боса команда од секогаш.
Ова нормално од тоа што ми кажуваат вработени таму, и од едната и од другата фабрика
Автоматски споено мислење:

Баш ме интересира официјалната статистика и споредбата со минатата година, иако јас немам впечаток дека толку драстично е зголемена смртноста на народот.

Познавам двајца луѓе што починаа и имаа позитивни тестови со корона и тоа: првиот беше со мозочен удар и 87 години - 6 месеци беше како растение и го држеа на инфузии, вториот пушач цел живот, 72 години со срцеви проблеми и дијабетес кој на целата криза без маска кажуваше син му дека си одел на пазар.

Луѓе што ја прележаа познавам >10 и најголем дел од помладите (до 40 години) ја минаа со: дијареа, температура и кашлица, еден само се пожали дека после прележувањето кога се качува по скали се задишува и губи здив, сите останатите се како нови. Другар со жена му се исто во изолација во моментов, таа е позитивна веќе 9 денови и нема апсолутно никакви симптоми.

Поентата ми е дека со короната можеби е зголемена смртноста, особено кај луѓе кои имаат и други болештини кај себе. Али дај искулирај малку, читај нешто друго, работи нешто попаметно оти те следам откако почна ситуацијава паничиш небаре крај на светот е дојдено.
Не нема врска со крај на светот од аспект на здравје, проблемот е од економска природа и од него ќе се умира во следните 2-3 години, имам пријатели кои пропаднаа со бизнисите, пријатели кои изгубија работни места и тешко да најдат било што блиску со плата до тоа што го заработуваа пред короната, луѓе на кои му пропаднаа визи за работа во странство - е за овие ми е повеќе жал, отколку за некој 80 годишен кој секое сабајле веќе 20 години пиел по една кеса со апчиња.
Кај ме најде мене да паничам жити очи, на почеток првите два месеци да, ама сега ???
Кажувам тоа што го гледам секојдневно, тоа шо ми е пред очи, инаку да, повеќето позитивни кои ги знам, блиски мои сите се со лесна слика. Јас друго зборувам, дека овој месец премногу починати има, и не реков дека се од корона, читај убо.

Искулирана сум јас и те како овие неколку месеци, дури и од поќе а тоа и не е баш добро во моментот ама нејсе.

Другс работа ова со 80 годишните ти е погрешно, затоа што најголем дел од починатите се од 55 до 70 години, ако тоа за тебе се стари луѓе тогаш не знам
 
Последно уредено:
Ова е тоа што го зборувам дека поголем проблем ќе направи ваквото функционирање, отколку да турат апсолутен карантин 1 месец и после да се почне со работа по групи и тн.
Сега демек немаме ограничувања, немаме карантини, а со овие што соработувам кај кого јави се повеќе од пола фирма не е на работа: кој позитивен - кој во карантин оти бил во контакт со позитивен, фирмиве не работат ни со 50% од тоа што треба.
Проблемот со апсолутен карантин се јавува баш кај вакви фирми ко Рек, кој сакал нејкел мора да работат.
Автоматски споено мислење:

Многу нормално е ова и вакви протоколи има и во фирми во МК. Веројатно повеќето се приватни. Ама знам за многу технички служби и support оддели кои се сосема изолирани и поделени во смени без да имаат физички контакт едни со други.
Така е кај нас, и до сега нема ниеден случај во цела фирма.
 
Последно уредено:
Проблемот со апсолутен карантин се јавува баш кај вакви фирми ко Рек, кој сакал нејкел мора да работат.
Со добра организација и таквите фирми ќе може да функционираат без проблем.
Таа фирма што ја спомнуваш да ја остават со крадење и криминал 1 година ќе може да воведе системи со кои пола работа ќе се работи автоматски.
Што ако закачат корона со тешки симптоми клучни луѓе што работат таму и што го носат целиот товар со ваквиот башибозук и тралалајка мерки?
Во ваква ситуација треба да има протоколи и нема заебанција, секој мора да се придржува то тоа што е пропишано 100% и очите отворени максимално. Што ако се работеше за вирус со смртност од преку 50%? Што ако се работеше за катастрофа која за 1 месец ќе заразеше преку 50% од популацијата?
Јас не знам што работат дибеците од сектори за справување со кризи, па дури и таквите што се вработени специјално во фирми, али ова што се случува и кај нас, а и во многу држави во светот е брука и срам за човечката еволуција. Срамота е да кажеме дека сме напреднале технолошки и на секој аспект, ако еден глуп вирус како овој успее да го кракира целиот свет.
Автоматски споено мислење:

Кај ме најде мене да паничам жити очи, на почеток првите два месеци да, ама сега ???
Кажувам тоа што го гледам секојдневно, тоа шо ми е пред очи, инаку да, повеќето позитивни кои ги знам, блиски мои сите се со лесна слика. Јас друго зборувам, дека овој месец премногу починати има, и не реков дека се од корона, читај убо.

Искулирана сум јас и те како овие неколку месеци, дури и од поќе а тоа и не е баш добро во моментот ама нејсе.

Другс работа ова со 80 годишните ти е погрешно, затоа што најголем дел од починатите се од 55 до 70 години, ако тоа за тебе се стари луѓе тогаш не знам
По постовите ми личиш на бааги уплашена од чудово (не дека не треба внимателно да следиш што се случува), али нема потреба од страв.

Овие месеци ќе починуваат и доста луѓе кои имаат проблеми со болести на дишни патишта, а воедно и со било каква посериозна болест затоа што имунитетот паѓа и од самиот воздух и драстична промена на надворешните услови.
Пред 2 дена шетав доцна навечер, преку маска смрдеше на чад ненормално, е замисли како му е на тие со астма, бронхитис и тн.

Ти пишав какви познавам дека починаа, а тие од 55-70 се повеќе отепани отколку тие старите над 80, барем моите блиски што се на таа возраст. Прво минаа низ најголемиот стрес што постоеше во оваа држава во последни 50 години (распад на систем, транзиција и безработица и тн), второ начинот на функционирање им е тапа (еве дома не можам да се разберам со мајка ми ни за исхрана ни за суплементација што колку толку разбира што и кажувам, не пак со некој кој чека совет од попот или оџата). Не се стари, али за жал да отидат да се проверат поголемиот дел од нив имаат: атеросклероза, срцеви болести, дијабетес или почетна фаза, замастени дробови, вишок килажа и тн), така да јас би ги ставил сите од 50+ во критична категорија (+ помлади кои некоја од овие болести).
 
Последно уредено:
@Lester Freamon еве ти па еден друг пример, за дечкото што беше на 35 години. Доаѓа од богата фамилија, цела болница беше ангажирана околу него и не го спасија. Неколку денови го моткале по матичен, после цело време во болнициве. Здрав човек, со нормална тежина, се заразува од дете од градинка. Сите од фамилијата се разболуваат, само он починува.
 
Очекувајте најрано четврток порака на Вибер :pos:

А, да, припазете си и на извештаите што матичните ги праќаат до епидемиолошките центри. За да се ослободите од изолација матичните треба да испраќаат секој ден извештај, 20 дена редовно и да имате барем 3 последователни зелени извештаи со 0 симптоми. Само еден извештај да сте во минус или да е заборавен, нема да можете да добиете решение за прекин на изолација.
Овие матични сами шо ги бараме по тел. по многу повици за да кренат?
За истиве мислиме? :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom