Џ
Џонтра Волта
Гостин
А зошто би измислиле вирус за да се бутне Трамп?И еве ја вакцината стига само една недела откако Бајден ги доби изборите, кои ќе ги добиеше на куково лето ако ја немаше короната. Замислете си го овој след на со ништо неповрзани, потполно случајни настани:
Вирусот се појавува во Кина, поточно во Вухан, затоа што некој Кинез јадел жив лилјак, или што и да јадел. Многу веројатно и изгледно. После месец или два Вухан, многумилионски град е потполно исчистен од вирусот.
Потоа вирусот се појавува во Европа, за да направи паника во Италија и Шпанија, максимално (некој злонамерници ќе речат и претерано) медиумски покриена.
Потоа вирусот ќе се пресели во САД, за да направи и таму паника и страв, да биде тема на сите CNN клон медиумски куќи. Арно ама некако темпирањето не беше совршено, па вирусот малку одмараше преку летото, за потоа максимално да притисне баш тие две недели пред изборите во САД, ќе рече човек вирусот има ум и го мрази Трамп.
Еве сега како за финале, Трамп ги изгуби изборите и наеднаш хоп, вакцина, за која инаку се тврдеше дека ќе ја нема уште две до три години.
И најинтересно од се е дизајнот на вирусот. Прецизно е дизајниран да постигне максимален ефект на страв, со минимален број на жртви, а и тие жртви се најчесто од оној тип кој ги растеретуваат пензиските фондови.
Импресивна серија на случајаности кои сосем немамерно некому максимално оделе во прилог. ОК, сега ќе одам да си ја ставам фолијата на глава. Затоа што е потполно неверојатно во игра каде што е влог кој ќе биде господар на светот во следните четири години штетата да бидат животи на рандом старци.
Што ако Доналд се ангажираше со мерки за превенција од вирусов и пронаоѓање на вакцина?