Јасно ми е дека со добра намера беше...
Ама сега да ја пуштам климава пак на 6ц надворешна и 90% влажност,и да ја оставам да дува на 31ц... нема за 90мин да влезе во дефрост! Нема шанса!
Се ми стои дека е некој проблем во прашање...
Секако планира да земе инвертер за да се топли цела грејна сезона, и затоа мислев нема потреба да се издава на дополнителни трошкови....у тој правец ги гледав работите дека нема потреба да дискутираме дали и фали фреон.
Зависи и од изолацијата- топлинските загуби. Ама ние немаме вистинско Зимо, овој месец. По теорија и на 20м2 треба да не гаси, освен ако ти е изолацијата врвна. Види во документацијата колку најниско треба да работи. И пак ќе ги прашам сите. Зошто ретко која клима работи - модулира по фабричкиот минимум.
Инаку, ако затоплува и на -10 па и на -12 , ако добро ја одржува зададената температура, зошто ви е толкав проблем, што " пали- гаси ". Врвните клими коштаат скоро дупло.
Немам изолација надвор само пвц.Инаку воопшто не ми смета што се гаси туку ме интересираше дали е тоа ок и цали така троши повеќе. Инаку тоа гасење беше некаде помеѓу 12- 14 часот вероватно поради повисоката надворешна темп. после тоа еве до сега нонстоп работи без застој на 520 в.
Не можам да најдам колку е фабрички минимум во упаството тој податок го нема.
Дали 520в е ок за оваа клима според нејзиниот ранг како котира?
Дали ако почне да и фали фреон, тогаш ќе почне да мрзне горниот дел од изменувачот на надворешната, а другиот дел нема да биде замрзнат. Нели, ова кога е пуштена на греење.
А ќе мрзне потесното бакарно цевче кое излегува од надворешната, кога е поставена на ладење.
Дали мрзне прво горе или доле треба да дежураш кај надворешната што нема логика....битно е да се разбере и рашири кон идните корисници, дека кога надвор е пример +7 фреонот во изменувачот е пример -1ц или секогаш фреонот е поладен од надворешната температура. Или изменувачот зима топлина од надвор и го грее фреонот и затоа троши мал процент на електрична енергија во однос на предадената топлинска енергија. Тој момент многу луѓе не го разбираат и мислат дека ако е 3,5ка троши 3,5kw.
Немам изолација надвор само пвц.Инаку воопшто не ми смета што се гаси туку ме интересираше дали е тоа ок и цали така троши повеќе. Инаку тоа гасење беше некаде помеѓу 12- 14 часот вероватно поради повисоката надворешна темп. после тоа еве до сега нонстоп работи без застој на 520 в.
Не можам да најдам колку е фабрички минимум во упаството тој податок го нема.
Дали 520в е ок за оваа клима според нејзиниот ранг како котира?
Отприлика си е во ред. Сум прочитал дека до 450 вати најниско идела и гасела.
Тоа што пали- гаси нема многу да ти се одрази на потрошувачката.
За долготрајноста не би знаел, дали тој начин ќе и го скрати векот. Од сите компоненти, јас од електрониката би очекувал прва проблеми да направи. Ама греота да шпекулираме. Треба време за точни проценки и оценки.
Дали мрзне прво горе или доле треба да дежураш кај надворешната што нема логика....битно е да се разбере и рашири кон идните корисници, дека кога надвор е пример +7 фреонот во изменувачот е пример -1ц или секогаш фреонот е поладен од надворешната температура. Или изменувачот зима топлина од надвор и го грее фреонот и затоа троши мал процент на електрична енергија во однос на предадената топлинска енергија. Тој момент многу луѓе не го разбираат и мислат дека ако е 3,5ка троши 3,5kw.
Никој од членовите тука на темава не поседува некој од наведените модели и со тоа не може да сподели искуство. По мое лично мислење првата клима што ја имаш постирано е многу подобра вистинска 5ка ама слушнав дека ја немаат на лагер. Втората повеќе наликува на 3.5ка со едвај 3 издуви на внатрешна единица.
не е нормално на овие температури да прави дефрост.
има друг проблем климата ако влага сега во дифрости.
и да има +7 воздухот кој го зима климата од задниот дел ќе го отопува мразот кој е во тенок слој на надворешната.на таа влага ќе тече вода од надворешната...чешмиче
сузумито везе со 200 вати,наместена на 23-24,преку ден можно е да исклучи но после пладне не исклучува воопшто на овие температури.
минимален простор за греење 44м2
презадоволен од начинот на работа,економичност...топ
ставена на трета брзина од можни 5
Одлично ти работи климата како за Он/Офф, и добро што си приметил дека прави дефрост на побелена надворешна кога денес имаш куп модели инвертери кои дефростот го програмираат на тајмер.... пример на секој на 1час да прават дефрост без разлика дали е побелена надворешната или не, све со цел да уштедат на електроника и логика. Имаш напишано дека климата е стара 11год, уште еден доказ дека порано климите подобро ги правеа.
Колку ли само нови и скапи клими има,а што немаат дисплеј? Што не покажуваат внатрешна температура? Што немаат сушење на внатрешната? Како што кажа Стрелец,што не прават дифрост по потреба туку по тајмер...
За некои работи оваа индустрија како да регресираше!
И се согласувам со него дека порано многу по квалитетно ги правеа климите!
Отприлика си е во ред. Сум прочитал дека до 450 вати најниско идела и гасела.
Тоа што пали- гаси нема многу да ти се одрази на потрошувачката.
За долготрајноста не би знаел, дали тој начин ќе и го скрати векот. Од сите компоненти, јас од електрониката би очекувал прва проблеми да направи. Ама греота да шпекулираме. Треба време за точни проценки и оценки.Прегледај го приврзокот 273713
Автоматски споено мислење:
Има корисници кои кажуваат дека и на +7 им прави дефрости. Овие тврдења се од Босна каде е овој период воздухот со доста влага, по котлините.
Убаво што собираш информации од повеќе места и го читаш и српскиот форум кој е поделен по брендови..србите се активни и во делот Fujitsu каде истите прашања се повторуваат....разгледај и таму. Непостигање зададена Т е сосем нормално за тој модел што ликот од "многу читање" ја зденал баш LUCA14 , фанот ставен на фикс брзина си мења издув како му текне...секој модел има и плус и минус ама генерално јасно е дека сите клими неработат исто и имаат различна логика и битно е како се користи уредот што во најчест случај користењето на уредот е непознатата иако корисниците тврдат нешто што и ним не им е јасно.
Pa nee bas taka Amber(40m2,so normalna maltarija i ytong blokovi bez fasada) ....eve na nadvoresna +2 so 85% vlaznost na medium fan na nekoj si 520/30w si raboti...
Ne gledam na telefon,tuku na postaven merac so sonda koj sum go proveril so 3 razlicni i razlikata e 0.1~0.3 so ostanatite +/- vo Prilep periferija i centar razlika na T nekogas e i povejke od 2°
Се сложувам, и просторот е битен.... во ептен мал простор брзо ќе постигнува температура и често ќе гаси...
Ама тоа лесно се решава, отвори една врата кон соседната соба и тоа е тоа....
Зошто на никој до сега не му текнало не знам....
Има маж да проба така? Да прошири простор и да види до колку ќе спушти модулација?
Да не испадне дека не е само дo просторот, пак да не спушта испод 500w. Тогаш до што ќе биде?
Пробав со отворање на врата, пробав со постепено зголемување на температурата, пробав сè што прочитав и што мене ми дојде на памет. Со отворена врата работи подолго (што е нормално), но пак исклучува на 700-800W. Дали е до електрониката или можеби компресорот не може да работи со мала снага, не знам. Факт е дека има лоша модулација, не е она што го декларираат кога ја продаваат.
Eve nešto što možebi ne si probal, makar što moite soveti i sugestii gi puštaš po voda, probaj, nema da te košta poveće od malo čepkanje po tvojot ponos..... Isklučija potpolno klimata od napajanje so el. energija na 10-tina 15 minuti, ova za modernata elektronika e nekakov RESET.
Ponekogaš elektronikata umee da zabega, vaka ja vraćaš na početok.

Не 10-15 минути. Пролетоска беше исклучена 2 месеца, есенва исклучена 1 месец. Си работи по свои правила.
Повеќе пати ја имам ресетирано за да извршам температурна компензација (со +/-), повторно се однесува исто. Впрочем температурната компензација не ја прима, залудни беа моите обиди.
Ми преостанува уште да пробам со поместување на температурниот сензор, ама ќе почекам да истече гарантниот рок.

Многу енергија си потроши, многу се изнервира, а треба за арно да биде купувањето на климата.
Ти го разбирам разочарувањето, си имал големи очекувања. Сепак, јас се " уплашив" кога го видов толкавото намалување. Ја зема околу 40 000 нели.
По мое искуство, гледај, троши време, рачно да наместиш - брзина, температура , положба на крилца , нели на внатрешната.
Ако ти грее до + - 1 степен од посакуваната, да си седнеш дома да си се почастите и што повеќе здравје и радост. Да те служи следни 15 години.
Ова , на колку гаси и слични финеси, само ти се " горко кафе " секој ден.
Биди поздравен.
Добарден. Ајде еден чаленџ за специјалистите.
Стан 80 м2 ќоше на зграда 2 надворешни зидови изолација фасада 10цм стиропор долу горе нема комшии не греат. Под плочките (кујна ходник) 2цм пресован стиропор фибран. Под ламинатот стои стариот паркет колку толку ке штити нешто. Столарија алумуниумски прозори. Имам инсталирано парно со нов котел на струја bosh e-tronik кое не планирам да го користам со оглед цената на струјата(за недај боже да падне -20) . На сликата има детално се. Планирам греење на 2 инвертер клими на тие позиции како на сликата. Едната во дневна кујна едната во мало ходниче наспроти вратите на спалните да може да ги загрева.
Е сега прашањето е какви клими да земам. 2 x 5.5kw мислам дека би грееле како примарно греење. Буџет имам солиден да би земал средно висока класана клими.
Искуства предлози повелете.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.