La Liga Santander 2016/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Atso
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Дека е криминал одбранава со бековиве од марс, Рамос напален и Варан изгубен, е. Ама дека она не разбрав што правило беше кај првиот пенал, што по секоја логика требаше да биде индирект. Кај автоголот дека имаше фаул претходно, и кај вториот
пенал ете стаив слика како му иде ѓон овој на Марсело, а и никој нема допир со топката. Неможам да не се побунам, на крај иди баскиецон судија на Марка види што вика за вториот и третиот гол да не речеш јас измислувам правила :)
А Трамп е др тема , ама пошто пецкаш :) има онолку право да се жали за местени избори, колку што му ги отекоа јајцата 4 години со russia gate и колку што судот ќе му дозволи и одобри од тоа што ќе се пожали.

Џабе, едноставно не можеш да се оправдаш со тоа, игравме против најутепаната Валенсија во задњиве години, главниот виновник за резултатот и за сезонава ти е засилувањето што ти е на аватар.
 
Играта на Атлетико зависи од противникот. Офанзивно играат со Салзбург и Кадиз а со Барса ќе бидат напикани во ќош колку и да излгеда ужасно оваа Барса. Со Хуеска во второ коло пак ко дедовци играа.

Да изгубиш од оваа Валенсија која е во ранг на Леванте е ептен катастрофално. Реал во последно се тотално изгубени.
На последните натпревари со Барса никогаш не сме играле дефанзивно и не сме биле напикани во шише, Меси ги решавал сите натпревари.
 
Емил Божиновски кој е главен на судиската организавија во ФФМ е често во контакт со реномирани луѓе во УЕФА и имаат еден куп семинари на годишно ниво...тие личности се 100 пати постручни од тебе и од оби па за да кажат кои се најдобри судии.
Не спорам ако Божиновски го тврди тоа, ама еве сега гледам дека Манзано во последните две години нема судено ниту едно полуфинале или финале, ниту пак еден важен натпревар, а ако е како Меси меѓу судиите не знам зошто не би судел. Башка што не судел ни на светското во 2018, мада таму мислам дека има по еден претставник од секоја земја, а од Шпанија Лахоз е незаменлив. А да, судеше четврт-финале пред некој месец во лигата на европа, помеѓу Леверкузен и ултра-мега јаките фк Интернационале. :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:

Не викам дека е лош судија, ама далеку е од најдобрите во Европа.
 
Џабе, едноставно не можеш да се оправдаш со тоа, игравме против најутепаната Валенсија во задњиве години, главниот виновник за резултатот и за сезонава ти е засилувањето што ти е на аватар.

За тоа не спорам, дека требаше мин со 2/3 гола да пројде оваа Валенсија. Исто и дека сезонава ќе биде ќилава. Затоа и е ставен аватарот :D

Иначе, расчитав малку па испаѓа дека реновацијата на Бернабе нема додир со играчкиот проект. Фората била за него специјално е земен кредит од Џ.П.Морган од милијарда$ со отплата на 20 години, и тоа одложена, од 2022 почнува првата рата.
Али нека стои :)
 
Ајде дресојте што му се катастрофални..

Туку и баш против Интер се разиграа...а на другите натпревари класика се бламираат...сега после две недели во Милано нормално баш тогаш повторно ќе се разиграат и после тој натпревар ќе се вратат на џогингот.
Автоматски споено мислење:

Не спорам ако Божиновски го тврди тоа, ама еве сега гледам дека Манзано во последните две години нема судено ниту едно полуфинале или финале, ниту пак еден важен натпревар, а ако е како Меси меѓу судиите не знам зошто не би судел. Башка што не судел ни на светското во 2018, мада таму мислам дека има по еден претставник од секоја земја, а од Шпанија Лахоз е незаменлив. А да, судеше четврт-финале пред некој месец во лигата на европа, помеѓу Леверкузен и ултра-мега јаките фк Интернационале. :icon_lol: :icon_lol: :icon_lol:

Не викам дека е лош судија, ама далеку е од најдобрите во Европа.

Моментално го сметаат за најдобар...не пред една или две години.

Судиската професија е тешка и динамична и периодично се менуваат работите.
 
#NewProfilePic :kruna:20200712_003024.jpg
Клајте си пари на Атлетико шампион дури е 5 квотата, да не речите после не сум кажала :P
 
Па можда и Емил Божиновски himself е подобар судија од шпанските. :D Минативе сезони судиите во Шпанија се ужасни, нема коло без некоја епска грешка, и пред вар и со вар. Е сеа падна квалитетот и на судењето во Премиер па можеби затоа не се толку потенцирани грешките на Шпанциве...
 
Не може никој да ми каже дека кај овие играчи на Реал и Барса, посебно Реал пошо има поише "староседалци", не игра улогата мотивација.

Не може да ги победиш Барса и Интер, а со истиве играчи да губиш од Шахтјор, Кадиз и ебана Валенсија.

Се поклапаат коцките на Атлетико да освои, ќе биде интересно до крај само затоа што и Барса и Реал се лоши, а Атлетико со начинот на играта не доминира ептен.

После репрезентации ќе биде вистинскиот тест за Атлетико, и ако за мене секад тој период е најлош за такви утакмиции, после репрезентативните паузи.
 
Освен ако не ме чепкаш мене одоколу :) Атлетико баш покажува добра игра барем во лигата, доминираат на теренот, арно рече Оби го добија она шо им фалеше изминатите сезони а тоа е гол, Феликс растура, трева корни буквално, Суарез можи е тромав, дебел, укочен ама ќе стигни до некоја двоцифрена бројка на голови, премногу длабочина има овој тим на Чоло и ако не успеат да направат нешто оваа сезона тогаш е стварно време за промени во цел тим од чистачи до газди.
 
Баш додека ја гледав си помислив дека ако не се лажам, Реал постојано губи кога е во розевите дресови. Еве не сум се лажел. :)

Валенсија која бизарна екипа се. Пропаднати се до немај каде, не знаат кај тераат оваа сезона, губат бодови од секакви екипи, станаа клуб од втор дел на табела... И ќе им дојдат Реал или Барса на Местаља и одма ќе се повампират. И настрана тоа што имаше три пенали и автогол, сосема заслужено тепаа. Одиграа добро и организирано (дисциплинирано што би рекле нашиве коментатори). Не дека и Реал не беа криминални денес во одбраната. Сега ќе потонат во зимски сон и ќе расфрлаат бодови со екипи од дното, додека не им дојде Барса во гости и пак да влезат во beast mode.
 
Валенсија е најгнасниот тим во лигата после Осасуна. Се надевам ќе се поклопат коцките некако да испаднат, тоа ќе биде премија за сите клубови кои се борат за врвот. И за Атлетико.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom