... еве една фото сторија која кажува до каде сме и колку ни е гајле за нашето здравје,
... одејќи накај Охрид одвоите пола час, не ви треба повеќе, да свртите еден круг низ центарот до општа болница во Кичево, мал простор мала болница на толку народ со околината, еве прошетаа и власта со одговорните не дека не се запознати и не знаат, ама јас навистина не знаев во какви услови се лечат кичевчани, се уште имам траума од глетката што не можам да ја заборавам,
ова е зграда каде се прегледуваат пациенти, странично има уште една врата каде се вакцинираат децата, постара зграда немам видено ми беше страв и да влезам внатре,
ова е внатрешноста од друга соседна главна зграда каде пациентот чека лево се иде до центар за дијабет, а овде се хирушки и интернистички шалтер и некои врати највероватно од соодветните амбуланти, апартите... како ехо, а и оние на рентген, не работат, не се извршуваат никакви операции хируршки, гинеколошки не се подготвени ниту за породување со царски рез, а не се прават ниту други потребни гинеколошки интервенции кои се особено важни за здравјето на жената, кој век сме?
...главниот влез од зградата се дезинфицира по протокол за коронавирус и креветите за болни,
накратко колку да се добие некоја слика за болницата во Кичево каде кокошки не би чувала, а не пациенти, посебно сега со пандемијава овие простории посебно се со тежок мирис на мувла, старо и неофарбано, искрено ме потсети на катакомбите чинам во Киев беа кога ги посетивме под земја, морници по тело...исто чувство,
а само 50 метри, преку улицата од старата болница е издигната зграда со паркинг,
прашав „што со овој објект?
„па новата болница никако да ја пуштат, само ги крадат прозорците, вратите ги откорнаа славините... ќе ја оштетат целосно,а никако не ја пуштаат“
...се прашувам ...зошто? посебно сега со пандемијава, кога нема болнички кревети, а нова зграда зјапа како страшило, а спортски сали ќе ги правиме болници, како да не! ... друг ми вика, сето е ова се кочи, за да работаат приватните болници, а државните болници да нема услови и пациентот да бега,
... тоа ли е справување со пандемијава и грижа за здравјето на кичевчани? да ми кажеше некој не ќе верував, а и сликите не може да ви го долови ужасот во старата болница, каде се новинарите? телевизијата да направи некоја фото сторија? каде се партиите да се грижат за своите гласачи кои се пациенти, сите ќе трчат во Скопје ?
се плашиме од коронавирусот, се плашиме да „не падне здравствениот систем“ монтажни болници и шатори и пренаменети спортски сали? ааааааа не е тоа приказната, ете Кичево е чист пример дека све е тоа лага и дека нешто друго стои позади, ги жалам кичевчани што немаат сила да си ја активираат новата болница, барем сега кога е најопходно... алооооо, Хјустон се слушаме?