На другар мој жена му пред 10 дена изгубила мирис и вкус и имала мала треска, испаничила и се јавила на матичен и рекле имаш само еден/два од симптомите и не и одобриле тест. После некој ден двете деца кренале температура. Кога разбрала дека комшивката со која се видела има Ковид и е хоспитализирана, иначе постара жена ни маска носела нишо.. се тестирала приватно и била позитивна, 10 дена после симптомите. Денес се слушнав, тој нема никакви симптоми, жена му нешто кашлала и толку. Во тие 10 дена ако не тие, децата секој ден пред зграда со други деца, едното оди на училиште не носат маски кој знае колку има заразено, 8 години има. Читам по нет во многу држави при такви рани симптоми препорачуваат самоизолација барем 2-3 дена + и ги ослободуваат од работа превентивно кај нас ништо. Знам дека тоа ќе се злоупотребува 100% ама вака нема крај работава...Или со тие брзите тестови шо ги донираа од ЕУ нешо ќе се стабилизира ситуацијава..Иначе кај што работам до пред 1 недела никој не носеше маска, а претежно работат 20/25 годишни, кој мирис изгубил со вртоглавици, кој мирис и вкус со треска...им викам абе тоа се симптомите, абе шо знам јас ми вика не се замарам не знам, ми помина за 3 дена Ок сум....Хаос.