Сите работи кои ги внесуваме во одредено количество се смртносни, дури и вода. Така е и со вирусов. Ако здраво се настегаш со вирус, тогаш тие ќе заразат голем број на клетки и ќе имаш огромна инфекција од старт.Ако се заразиш со мала количина, тоа може да делува и како вакцина.Ова го знајме од март и гледам сите се чудат кога ќе рикни некој наеднаш здрав прав, од цитокинска бура.
... здравствените работници секојдневно се во контакт со многу пациенти со КОВИД-19 , значи во теорија, тие ќе бидат изложени на поголеми дози на коронавирус со текот на времето.
Дали тоа значи дека тие се изложени на поголем ризик од заразување со болеста?
... за некои болести знаеме дека дозата на вирус на кој е изложен некој директно ќе биде во корелација со тешката болест, некои студии и поранешни искуства покажаа дека колку е поголема дозата на вирусот на сезонски грип дадена на здрави волонтери, толку се полоши симптомите, вирусите се ситни честички кои мора да навлезат во нашите клетки со цел да се реплицираат, така што логиката е дека колку повеќе почетни честички на вирусот има, толку повеќе клетки ќе бидат заразени,
НО, секогаш има едно - но:
вирусите се реплицираат експоненцијално, така да една заразена клетка може да произведе стотици, ако не и илјадници копии... ова значи дека за некои вируси, дури и мала доза на вирус е доволна за да предизвика инфекција.
на пример, за половина од популацијата, потребни се само 18 честички САРС-CoV-2 за да предизвикаат инфекција, ова може да доведе до класични клинички знаци на повраќање и дијареја, во такви инфекции, вирусот се реплицира толку брзо што почетната доза може да стане многу помалку релевантна.
...и сега доаѓаме до круцијалното прашање:
-Дали почетната доза на САРС-CoV-2 (вирусот што ја предизвикува болеста КОВИД-19) е поврзана со сериозноста и тежината на симптомите на болеста?
е тоа е тоа, што го прави САРС-CoV-2 со одговор :
- Во моментов, едноставно не знаеме!
и сега што?
...па ништо, ни треба искуство а тоа може само со експериментирање врз намерно инфицирани здрави волонтери но прашање дали е воопшто етички поради смртноста од самата болест .. и пак ништо не правиме,
... и пак се враќаме кај тестирањето, штом пациентот се зарази, релативно е едноставно да се измери „колку вирус“ има пациентот во себе - вредност позната како „вирусно оптоварување“, затоа што стандардниот меѓународен тест за коронавирус е квантитативен, наместо само позитивен или негативен резултат, се добиваат и број од 0-40 познат како Цт-вредност или циклусен праг, така да колку е помал бројот, толку повеќе вирус има пациентот во себе и секој број помал од 15 одговара на многу високо ниво на вирус, додека над 35 може да кажеме дека пациентот има во себе мали количини на вирус,
...и како сите нешто се обидуваат да утврдат дали високото вирусно оптоварување одговара на полошо заболување, искуствата од извештајот од Кина укажале дека нема разлика помеѓу тоа на колку коронавирус е изложен пациентот, тој се разболува, но, друг извештај покажал дека пациентите со полесни симптоми на болеста имаат пониско ниво на вирус во себе...така да, иди најди му крај!
... тоа е од страна на вирусот, е сега да ја видиме другата страна, кај нас што со нашето тело, со нашиот имун систем како реагира на вирусот?
дискутабилно, може да биде двосмислено, ем корисно - ем штетно, затоа што имунолошкиот систем не е соодветно активиран, вирусот може побрзо да се реплицира, од друга страна, ако имунолошкиот систем е премногу активиран, тоа може да ги оштети здравите ткива и пак не чини, па кога ќе се додадат тука другите хронични болести во органзимот спомнати како „коморбидитети“ само дополнително ги утежнува работите, од сите страни сме сардисани,
... и затоа вака не зеза со месеци новиот САРС-CoV-2 коронавирусот, што дефинитивно да беше природен, природата ќе го „уништеше“ не ќе чекаше човекот да го реши тоа, затоа што претходните вируси од групата на коронавируси „САРС & МЕРС„ некако не ги осетивме и наеднаш исчезнаа, дали тоа беше само претходница, пробен тест... никој не знае или знаат?
...така да, нас ни останува да се чуваме колку можеме, дистанца, да избегнуваме гужва, а таму каде мораме - мораме, заштитни маски над устата и носот и наочари на очите, да се потрудиме да ги намалиме пороците како цигари, кафиња, неспиење, стресови... земање редовно терапија, со правилна исхрана и физичка активност макар 15 минути во текот на денот и по некој суплимент неделно,
тоа е, додека не се смилува мајка природа да го уништи шитов, инаку ако чекаме акција и реакција на човекот, тешка работа!
лека ноќ!