Супер натпревар. Ептен солидно изиграа сите. Само во првите 15 минути од второ малце повеќе им ја оставија топката на Барнли, ама нормални се такви периоди. Се постабилно делува тимот и ептен ме радува тоа. Се надевам помогнаа двата натпревари против Севиља и Јунајтед кај што само се бранеа.
Зијех повторно супер, со гол и асистенција. После толку долг период без фудбал, одлично се покажува уште од старт. Дефинитивно ќе биде ептен битен играч кој ни нуди нешто поразлично во играта.
Канте денес феноменален. На последните натпревари малце делуваше како да не е во форма, ама денес издоминира. Можеби најдобар играч на терен.
Силва исто ме импресионира затоа што немав никакви очекувања. Ама се гледа ептен целото искуство зад него, цело време знае како да изреагира, ептен стабилен, без паничење. Топ.
Менди со уште еден клин шит. Уште нема примено гол во ПЛ. Само против Тотенхем тој за кој немаше што да направи. Со него и Силва одбраната е скроз различна. Не памтам кога последен пат не сум паничел на секој напад на противниците.
Клин шит четири натпревари по ред.