Ја изгледав SFU и да ви кажам дека сум благо разочарана што влезе во топ 4 изборот што го правевме пред некое време. Мислам дека најмногу би и дала оценка 7, што за мој вкус е доволно да ја догледам, али не нешто што не можеш да го пропуштиш.
Не ми беше гајле за ниеден од карактерите, понедопадлива фамилија, амин. Дали три, четири моменти ме дирнаа од цела серија, колку беа, 60 епизоди. А не дека сум јас толку тврд орев за добри емотивни сцени, само што ко што кажав, не навивав за никој и искрено, ми беше гајле што им се дешава. Првата сезона мислам дека беше најдобра, последните две некако беа бла. Глумата е она што вреди, инаку мислам дека во денешно време не може да помине со тој статус што го имала на почеток на 2000ти.
Во меѓувреме, ја изгледав
Godless минисеријата. Мислам дека доби неколку награди, сеедно. Од мене има 8.5, можеле да скратат епизода, две, али се на се, ми го задржа вниманието и беше доста солидна во секој поглед.
Од она што е поново и што ми изгледа интересно, ја меркам
The queen's gambit. Стигна ли некој да ја изгледа да каже збор, два?