Мене ми е потполно јасно дека во Македонија сите ќе се заразиме, ама ме чуди дека уствари во З.Европа сите ќе го прележат. Како вака им букна вирусот на сериозни земји како Словенија не ми е јасно. Само браќата Срби се држат засега со по 1-2 починати, со старата и добра комунистичка доктрина: Не е важно колку умреле од корона, туку колку ние напишавме дека умреле.
Не се сериозни, затоа им букна. Не ми се пушува на долго и на широко што и како. Али еве примери. Средства за дезинфекција 10 евра шише кошта, како злато да купуваш, затоа и никој не купува на пример за дома. Во продавници само Господ знае дали средството за дезинфекција е тоа или не е, најчесто шишенцата се празни или тие автоматските малку прскаат. Еднаш на ракија ми мирисаа рацете. За време на првиот бран секаде имаше прописни средства за дезинфекција, каде и да одиш обезбедување не те пушташе без да си ги заплакниш рацете. Сеа ништо од тоа нема.
Во првиот бран обезбедување пред секоја продавница вардеше да не пушта многу народ внатре, сеа се гнетат по колку сакаат. Имаше ред сеа нема. На каса ти се пикаат, ни растојание ни ништо. Секој втор е со маската под носот. Исто ко да ја нема. Нарочито месарите и оние кои работат со леб и салами нив не можеш со маска да ги видиш. Капките си паѓаат фино на лебот. Од таа причина леб не купувам.
Кафаните после првиот бран работеа неколку месеци без проблеми, потоа им го намалија работното време. По кажувања на пријатели кафанџиите претежно надвор од главен град кај што не се гледа, само ги заклучувале вратите после работно време, демек затворено, а внатре журката продолжува.
Во црквите има слики се гнети народ без маски. Си правеле свадби, црковни работи, крштевки масовно августот и септември.
Границите за одмор према Хрватска бера отворени цело лето. Карантинот беше наменет за босна, србија и македонија. Јер треба да се иживљаваат врз 50 илјади сиромашни измачени работници кои одат дома децата да си ги видат еднаш годишно. А во меѓувреме преку милион народ си отиде Хрватска без проблем, по кафани журки.
НА работни места во фирми до сега скоро и никаде да не се носеа маски, последниве две недели по некоја фирма има маски, ама уште претежно не се носат.
Се отворија училиштрата и градинките и факултетите редовно. Еден куп искључоци од обавезни маски имаше.
Автобусите полни со народ. Лифтови по згради и институции полни, не дај боже некој по скали да оди, рак ке добие од напор.
Маските обични од тие плавите и тоа фалш некои фалсификат кинески коштаат 10 евра 10 маски. Нормално дека луѓе како очите ги вардат и ги носат по 6 месеци на такви цени. Маска наменета за 2 саата ради скапотија ја носат 6 месеци.
Политичарите кој од кој покорумпиран. Излегоа милиони афери за корупција. Самите политичари носат закон за маски они први го прекршуваат. Па кој друг ќе почитува, ако некого го правиш будала во здрав мозок. Здравството исто како да не постои. Или ќе си платиш приватно ако ја има таа услуга приватно или ќе умриш чекајки.
Еве сега треба да оперирам нога, на државно се чека 2 години, се си средувам приватно, 2500/3500 евра ќе ме фати, реков кој ги ебе на државно, си платам и средам работа. Уште пред короната не им чинеше и се чекаше, сеа само те одложуваат на државно. А истиве лекари на приватно без проблем те земаат, само плати.
Народот е многу револтиран поради корупција и де факто непостоечко здравство уште од пред короната, едноставно е уморен од глупости и многу револт се има насобрано. Затоа и никому повеќе не му е гајле. Ќе ја стави таа маската што ја носи 6 месеци и ништо не штити колку да не го казни полицаец и ќе се преправа дека почитува мерки. А после три попладне ќе си оди таму в село кај шо се собираат цел чопор со пивата ни маски ни ништо.
На пример за први мај кафаните не работеа, но официјално беше победен првиот бран. Не се опишува по ниви, бавчи, гаражи и слични места за собирање колку се собираа. Сите камен пијани разбира се.
За време на првиот бран при 50 заболени све затворија, пратеа контакти, праќаа луѓе во карантин, границите беа затворени, пишуваа казни, не се опишува што се направија. Сеа ништо. Воведоа полициски час од 9 навечер до 5 сабајле. Кога и онака нема никој надвор. А и да има некој некаде, кој ќе оди по селата да проверува кај што се случува најголемиот дел од дружења. Градовите кај што има надзор се и онака празни во 7 навечер.