Би сакал да ги споделиш тие многу причини?
Манчестер - Ливерпул ти е дерби поради многу причини, дерби помеѓу градовите многу порано пред да биде фудбалско, по тоа што Ливерпул е главно пристаниште а Манчестер како град ја има железницата. Рики ти споделил убаво видео за да изглеаш ама глумиш лудило со „мех, нема да глеам“, веројатно боље ти е да јадеш гомна на празно.
Ретко, многу ретко двата историски најголеми ривали во исто време ќе бидат подеднакво моќни и ќе одат head to head по титули. Во Шкотска имаш 9 по ред на Ренџерс, имаш и 9 по ред на Селтик. Веројатно, според тебе нема ривалство ни таму зошто едните во еден период а другите во друг период дозволиле таква доминација.
Не можеш ти на мене да ми кажеш јас кој тим да го осеќам како ривал, како што не можам ни јас на тебе. Тебе најголемо ривалство во Италија ти е Интер - Јуве. Мене ми е Милан - Јуве, што не значи дека ти не си во право.
Иначе, за Англија, имаш период од 60тите до крај на 80тите (30тина години) кога се менувале доста шампиони и се харало низ Англија, тимови како Ливерпул, Евертон, МЈ, Арсенал, Нотингем и Лидс биле шампиони. Не можеш да кажеш дека Лидс и Манчестер не створиле ривалство, дека Евертон и Ливерпул во тој период не створиле ривалство. Никој никаде не кажа дека ова помеѓу Јунајтед и Ливерпул е најголемо во свет, Инглориус има пишано, во моментов најголемо ривалство е она што носи најмногу публицитет. Јас искрено се сомневам дека Интер - Јуве ќе донесе или некогаш донело повеќе публицитет од Јунајтед - Ливерпул, поготово не пост Калчополи. Да не ми се нафрли некој, не велам дека никогаш Италијанската лига не била појака од Англиската, напротив, сите знаеме дека 90тите и почетокот на новиот милениум Таљанската беше поатрактивна за гледање ама умре со Калчополи али тука не е тоа муабетот.
Тоа што на утакмици во Англија нема колнење и убивање ко у Јужна Америка не значи дека нема ривалство. Тоа што нема кршење нозе на терен и боксање, не значи дека ривалството и мржњата умреле.
Исклучок по ова „освојување на два тима во иста временска рамка“ може да се напраи ваљда само во Шпанија (од овие условно кажано поголеми лиги), каде што имаш 9 различни шампиони од кои што низ годините Барса и Реал освоиле 80 проценти од натпреварувањата. Нормално е тука да имаш константно head to head. Во Италија имаш 13 шампиони, во Англија имаш 24. Не е возможно со толку многу шампиони да имаш константна борба на два тима за титула, за да по еден од твоите критериуми бидат карактеризирани како ривали. (податоциве за број на шамоиони ми се од нет, секако нема да ги знам на памет).
Од фудбалски причини е Дерби на Италија. Интер од секад бил тим што содржел странци у составот доека Јуве имал претежно домашни играчи. Мафијашките игри на Ањели, мешањето у работата на федерацијата и неќутењето на Анџело Морати заради тоа.
60тите години, Јуве имал највеќе домашни а Интер интернационални титули. Пуштање 12 играчи у поле од страна на Јуве, влагање на навивачи у терен и поради тоа имало основа Интер да ја добие службено таа утакмица, директна борба за титула, но поради веќе добро познатиот факт дека Ањели има корења у сите структури у Италија, наоѓаат некое правило и одлучуваат утакмицата да се преигра. Интер во протест искача со дечишта на таа утакмица и губи 9-1.
Неиграњето на двете екипи у Серија Б. До 2006та хехе.
Од таму почнува и таа омраза на двете екипи и го добива епитетот Дерби на Италија. Јуве е прљав низ цела историја, тоа цел свет го знае. Интер никад не ќутел на таквите неправди што резултира и со Калчополи, 5-6 години претходно директната кражба на Интер и дуелот на Роналдо со не ми текнува кое копиле нивно беше, несвирењето пенал, а у следната акција непостоечки пенал за Јуве.
Гадното јувенташко вреѓање на починатиот Џакинто Факети, легенда не само на Интер, туку и на цела Италија.
Нашето повикување на Хејсел.
Не знам од кај дојде у прв план Манчестер-Ливерпул. Може погрешно се изразив со тоа да се бореле за титули истовремено. Ама пак немаат фудбалско ривалство, све почнало од таа индустрија и омразата на градовите односно луѓето у градовите. И сега ова ваљда е исчезнато пошто се поминати 100 години. Манчестер има створено фудбалско ривалство со Челзи и Арсенал, па и Сити. Ливерпул со Арсенал на времето и еве сега со Сити.
Повеќе алудирав на Ливерпул-Евертон и Арсенал-Тотенхем, и по 90ти пат Милвол-Вест Хем.
Ок е све ова што го викаш ама не живееме у Англија и немој да ми кажеш дека Евертон е некој ривал за тебе и ти со нетрпение и нервоза глеаш Мерсисајд дерби кое плавите никад у живот го немаат тепано.
Англичаните си имаат свои дербиња нормално кои локалците си ги гледаат со други очи. Секаде има такви дербиња само не се медиумски хајпани ко Милвол-Вест Хем и Сандерленд-Њукасл.
Манчестер и Лидс створиле ривалство на времето и ова може е дерби за луѓето што живеат во Манчестер и Лидс ама некој во Македонија или надвор од Англија да го глеа ова ко дерби, никад.
И во Италија има екипи што освојувале титули на времето, Торино и Џенова се екипи со највеќе титули после тројкава ривали. Торино своевремено бил и најдобра екипа у Италија. И ова си е градско дерби на Торино, ама никого у светот не го боли кур за тоа и никој не го ни спомнува.
Џенова-Сампдорија градско дерби, Киево-Верона исто, Рома-Наполи, сицилијанските дербиња, итн.
Искоментирав само ради тоа што англичаните се познати по тоа што си го преценуваат своето па така и овие неколку дербиња што ги спомнав а уствари у секоја држава има по неколку такви исти кои никој не ги спомнува пошто немаат тежина.
Фудбалски гледано, Јувентус-Торино е поголемо градско дерби од сите англиски градски дербиња.