C
CoolIris
Гостин
Колку е полош здравствениот биланс, толку е поголема економската криза. Пример за тоа ти се и земјите кои најтешко ги погоди кризава: Италија, Франција, Шпанија....највисок пад имаат на БДП.
Државата мора да му верува на својот народ, таа предлага мерки и препораки и народот мора односно треба да ги почитува. Ако не ги почитува, вината е кај народот (и плус принцип мерка и казна за непочитување). Сега нас ни умираа 4.000 од загадувањето, топ 5 бевме по глава на жител по смртност од рак на бели дробови (и цигарите имаат влијание тука), нула мерки и нула решенија. Притоа тоа е елементарно право загарантирано со Уставот за кое овие водеа цела кампања и имаа јавна платформа. Нели, здравјето на граѓаните.
Второ. Да беа загрижени за нашето здравје, немаше да бараат донирани душеци да се ставаат по домовите. Плус каде е тој клинички? Треба инвестирање во здравството, ама они преземаат мерки кога и другите околу нив почнуваат да преземаат мерки, некои се и доста панични.
Трето и последно. Сакаш пари за во здравството, треба да имаш економија. Без таа економија нема да имаш ни за плати, ќе молиш за некаков кредит или некоја донација. Ако економијата не е стабилна, ќе има и социјални немири (принцип за баланс меѓу економска стабилност и раст и социјалната сигурност, немаш пари за двете).
Едноставно е здрав народ = здрава економија. А што е заедничко во случајот за овие две? Ковид - 19. Мерки мора да има, мерките мора да се почитуваат, а непочитувачите најстрого да се санкционираат. Само на тој начин се сузбива ширењето на вирусот што е клучно за ублажување на последиците како по здравјето на народот, така и по економијата на државата.
И на крај, како што пишав погоре, сите зависиме едни од други. Мора да свириме, ко другите што свират.