Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

C

CoolIris

Гостин
:love:

Државата мора да му верува на својот народ, таа предлага мерки и препораки и народот мора односно треба да ги почитува. Ако не ги почитува, вината е кај народот (и плус принцип мерка и казна за непочитување). Сега нас ни умираа 4.000 од загадувањето, топ 5 бевме по глава на жител по смртност од рак на бели дробови (и цигарите имаат влијание тука), нула мерки и нула решенија. Притоа тоа е елементарно право загарантирано со Уставот за кое овие водеа цела кампања и имаа јавна платформа. Нели, здравјето на граѓаните.

Второ. Да беа загрижени за нашето здравје, немаше да бараат донирани душеци да се ставаат по домовите. Плус каде е тој клинички? Треба инвестирање во здравството, ама они преземаат мерки кога и другите околу нив почнуваат да преземаат мерки, некои се и доста панични.

Трето и последно. Сакаш пари за во здравството, треба да имаш економија. Без таа економија нема да имаш ни за плати, ќе молиш за некаков кредит или некоја донација. Ако економијата не е стабилна, ќе има и социјални немири (принцип за баланс меѓу економска стабилност и раст и социјалната сигурност, немаш пари за двете). :love:
Колку е полош здравствениот биланс, толку е поголема економската криза. Пример за тоа ти се и земјите кои најтешко ги погоди кризава: Италија, Франција, Шпанија....највисок пад имаат на БДП.

Едноставно е здрав народ = здрава економија. А што е заедничко во случајот за овие две? Ковид - 19. Мерки мора да има, мерките мора да се почитуваат, а непочитувачите најстрого да се санкционираат. Само на тој начин се сузбива ширењето на вирусот што е клучно за ублажување на последиците како по здравјето на народот, така и по економијата на државата.

И на крај, како што пишав погоре, сите зависиме едни од други. Мора да свириме, ко другите што свират.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997

Требаат паметни мерки, не панични. Имаа шанса да ја стабилизираат состојбата и самите го прекинаа карантинот за политички поени. Секој натамошен аргумент паѓа во вода за оправданоста на карантинот, плус не ни требаат дополнителни економски шокови.

Јас нападнав две работи, прво паничните мерки и второ карантинот. Не знам каде не се согласуваме.

Државата си има инспекциски служби за контрола, ама мерките како "маска на отворено", кога си сам, се апсолутно глупави, смешни и непотребни. :)
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Има еден, иде вака по улица, на отворено
Прегледај го приврзокот 271512

ај можда има некој проблем со вирусиве, се плаши или хипохондар се пази или во некоја ранлива група. Ама истиот иде да вежба во теретана, затворен простор со маската извадена, фаќа справи (не, да не се лажеме, не ги дезинфицираат стотици тегови, точаци и шипки), лежи на бенч (каде лежеле стотици пред него), дише длабоко или забрзано во затворен простор со едночудо народ (се насе гнездо на зарази, како јсп). Овие ми се бетер отколку поборниците за маски на отворено.
Патем, ако веќе сакаат да затвараат, има многу клубови и активности во затворено кои се исто големи потенцијални жаришта.
Fun fact, досега ниту еден заболен не излегол од теретаните.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Fun fact, досега ниту еден заболен не излегол од теретаните.
истото може да го кажеме и за автобусите. Па и за кафеаните каде немало журки. Дури во автобусите маските се обавезни.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.311
Поени од реакции
84.457
Intenzivna e najomileno mesto za sobiranje na Hipokondri, toa e a i otvorena 24/7
Tи ментално ретардиран си, или само тропаш гупости?

да бе, од кур ќеиф лежат сите тие луѓе таму...
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
270
Поени од реакции
190
@CoolIris за твоја информација минатата година починале околу 20 000 граѓани... Значи општо од грип па се до незнам што.. Е сега прерачунај ти дневно по колку..
Сакам да кажам и порано умирале луѓе само не кажувале како сега секој ден.
Доста кревате паника само волку починале толку. Свашта.
Терај си го животот онаков како што е сега.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
234
Поени од реакции
552
Пари има оваа држава и во најголемата криза само треба да се престане со фрлање пари за тренери за магариња, фризери, лубриканти, лаптопи за гејминг на политичари, може комотно да се скрати пола од државната администрација ....

Можам да набројувам до недоглед значи доста е крадење на народни пари и корупција во ова најлошо време па почекајте да се оправеме малку после крадете ,ама ако ние сме криви со вакви скандали во некоја друга права држава собранието ке гореше и тие политичари ке висеа по дрва обесени.
 
20200626-dali-stapkite-na-smrtnost-vo-svetot-se-pogolemi-od-voobichaeno-poradi-koronavirusot-2.jpg
Број на смртни случаи во една недела поради сите причини, 2020 (со црвена линија) наспроти останатите години (со сиви линии); засенченото означува зголемување на смртни случаи за време на епидемијата.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Пари има оваа држава и во најголемата криза само треба да се престане со фрлање пари за тренери за магариња, фризери, лубриканти, лаптопи за гејминг на политичари, може комотно да се скрати пола од државната администрација ....

Можам да набројувам до недоглед значи доста е крадење на народни пари и корупција во ова најлошо време па почекајте да се оправеме малку после крадете ,ама ако ние сме криви со вакви скандали во некоја друга права држава собранието ке гореше и тие политичари ке висеа по дрва обесени.
Од првиот дел скоро и ништо да не е од државниот буџет, што донации, што од фондови од ЕУ. Ама нека се истражи сѐ, па потоа нека се коментира. Вчера Димовски рече дека компјутерите биле донација и биле планирани. И види ова не е најголем апсурд за користење пари од ЕУ, тие садат палми во средна Америка! Ама можеме да се бориме за златниот медал сега.

Пари на инаков начин требаше да се соберат низ годиниве. Од прв ден сметам дека треба златото од рудниците да се национализира. Ама џабе, следниот политичко-партиски лидер со неколку тега плус ќе си замине од државава, џабе секоја мерка. :)
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.311
Поени од реакции
84.457
oва е интересна статистика:
Како регион, Европа веќе регистрира повеќе нови случаи отколку трите најтешко погодени држави – САД, Бразил и Индија заедно.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
истото може да го кажеме и за автобусите. Па и за кафеаните каде немало журки. Дури во автобусите маските се обавезни.
Па каде што се почитуваат протоколи нема заболени.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Па каде што се почитуваат протоколи нема заболени.
Точно, каде што се почитуваат. У теретаниве е се само не е почитување мерки. Може до утре да се надмудруваме, факт е дека е хаос у било кој спорт во затворено. Во повеќето сали.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Точно, каде што се почитуваат. У теретаниве е се само не е почитување мерки. Може до утре да се надмудруваме, факт е дека е хаос у било кој спорт во затворено. Во повеќето сали.
Не е како што се пишува на форумов, слободно влези во која сакаш.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.818
Поени од реакции
12.308
Не е како што се пишува на форумов, слободно влези во која сакаш.
Има една близу мене. Знам и за неколку во Бутел, исти се. И бааги сум одел за да знам дека не е можно следење протоколи. Ниту па ги интересира.
Еве ги протоколите од јуни (кога излегоа и за кафеаните). 4, 5, 7 се можни. Ајде некако и дестката мада чисто се сомневам, ако не веруваат во никакви мерки. Другите точки може да се залажуваме дека маалски вежбални ги почитуваат. Стопати по секоја логика и протокол требаше овие да се затворат/казнат.

Прилог број 28 ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА ВЕЖБАЛНИ-ТЕРЕТАНИ И ФИТНЕС КЛУБОВИ
1. На видно место да се означат правила за однесување за вработените и корисниците на услугите.
2. Поставена дезбариера на влез во клубот и безконтакно мерење на температура на вработени и корисници. На лица со покачена темепратура им се забранува влез во клубот.
3. На почеток и на крај на работниот ден, задолжително проветрување на сите простории и дезинфекција на простории, сите работни површини, опрема, справи и други реквизити за вежбање и задолжителна дезинфекција на подот.
4. Во текот на работниот ден, колку што е можно почесто проветрување на просториите.
5. При секој влез на вработени и корисници, да се врши задолжителна дезинфекција на раце со средство кои содржи 70% алкохол.
6. Сите вработени задолжително носат заштитна маска и ракавици во текот на целото работно време.
7. Корисниците на услуги, задолжително користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.
8. Корисниците на услуги, задолжително однапред закажуваат термин на посета на клубот.
9. Користењето на заедничките помошни простории, како туш кабини и соблекувални се дозволува доколку е обезбедено чистење и дезинфекција на просториите по секоја употреба.
10. Распоредот на опремата, справите и другите реквизити за вежбање, односно организацијата на вежбањето мора да биде на начин што ќе се одржува физичко растојание од 2м помеѓу секој корисник, односно 10м2 по корисник.
11. Опремата, справите и реквизитите задолжително да се дезинфицираат после секој корисник.
12. Во случај да постои сомнеж некој од вработените да има респираторни симптоми (температура, кашлица и сл.) одговорното лице е должно веднаш да го отстрани лицето од просториите на клубот.
13. Во случај да постои сомнеж некој од корисниците да има респираторни симптоми (температура, кашлица) одговорното лице е должно веднаш да го отстарни лицето од просториите на клубот.

Поризично гнездо и од автобусите и кафаните. Ама газдите го прогласија короната за мртва.
Патем, Металург се во карантин.
Автоматски споено мислење:

Имаше една во Бутел кај пазарот, за други не знам. Не сум влегол во живот, па така не ни знам дали работи и дали ги следат таму протоколите. Ама добро е да имаат правилници. :)
Не знам сега која функционира, 4-5 години веќе не сум таму. Исто толку време не сум влегол али принципот е ист. Имаше една на Хошимин, една зад пазарот, една кај полициската зад Жито и една старонова кај семафорите скоро отворена. Можеби некоја таму поштува (што малку ми се верува) али овде гледам скоро ништо од тоа не се почитува освен тие 3-4 точки. Не го зборам тоа напамет или од инает, едноставно повеќето така функционираат.
Та овде работеа и за време полициски час, не па сега :)
 
Последно уредено:

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.354
Поени од реакции
30.720
Точно, каде што се почитуваат. У теретаниве е се само не е почитување мерки. Може до утре да се надмудруваме, факт е дека е хаос у било кој спорт во затворено. Во повеќето сали.
Nema pricina zosto moze kladilnici i kazina da rabotat, a teretani ne.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom