Zatoa i ne odlucuvaat takvi kako tebe, zasto posle tvoite odluli Kovid ke go barame da se spasimeНе се сеќавам да ми одговорил некој, можеби сум го прескокнал тоа мислење.
Не се разбирам многу во медицина, ама колку што имам познавања, хипохондрик е човек кој има неоснован, константен страв од тешка болест.
Како што гледам, бројките и реалната состојба велат дека луѓето немаат НЕОСНОВАН страв, а тука ниту еден не не' убеди дека ситуацијата не е алармантна. Да бев модератор во подфорумов, дебели опомени ќе изедеа сите паметњаковичи што се потсмеваат константно, без да кажат ништо паметно. Видовме дека главниот момент во кој доаѓаме до конфликт е бројот на починати и хоспитализирани. Истиот е невообичаено голем, споредбено со било кој месец и било која година во Македонија (особено бројот на хоспитализирани), па затоа прашувам од која бројка можеме да го запалиме алармот според вас? Можеби 100 мртви на ден или 1000 мртви, за некој да прекине да отекува муда со ХИПОХОНДРИЈА и ХИПОХОНДРИЦИ.
Темава треба да се служи за споделување информации и искуства и веќе неколку пати предложив, за сите што верувате во теории на заговор, да се отвори соодветна тема за дебатирање. Тука би требало да ги дискутираме мерките, да ја разгледуваме РЕАЛНАТА ситуација на терен, позитивни случаи да споделат свои искуства, да споделат како поминало нивното лекување, какви витамини пиеле, дали им препишале антибиотици, како се одвивала комуникацијата со матичниот доктор, како се одвиваат тестирањата, кои се цените и слично.
Би ја повикал @santelli повторно да размисли за овој предлог или пак дискусииве за информациите да ги префрлиме во темата во здравје, а оваа да остане за да се етикетираме кој е хипохондрик, да споделуваме статии кои никој паметен не би ни губел време да ги отвори, да веруваме во 5Г и слично.
Јас не сум тој кој може и треба да даде решение. Решение очигледно нема, тоа ја прави ситуацијата алармантна во државава, како и во целиот свет. Уште еден факт дека стравот не е неоправдан.
Сметам дека мерките кои ги имавме на почетокот беа добри, доколку навистина се почитуваа.
Државата треба да ги заостри мерките и истите да се применуваат секаде. Да одлучував јас, прво што ќе одеше под клуч ќе беа местата каде што има забави. Сите места каде е возможно големо групирање на луѓе. Лимит на ресторани и кафулиња до 22 часот со строго почитување на растојание и без музика. Би пратил полиција во секое маалско паркче. Џабе не работат некои места кога младите се групираат во населбите по милион души. Или сите да носат маска или полиција да ги разбркува постојано и казните да бидат драконски. Би вовел почести автобуски линии, во автобус да се влегува исклучително со маска и ако е пополнет капацитетот за седење, да не се примаат нови луѓе. Сите што можат да работат од дома онлајн, да го направат тоа. Децата не би оделе на училиште и градинките не би работеле, луѓе во војна како се снаоѓаат, ќе се снајдат и во оваа вонредна ситуација. Локдауни во екстремни случаи, кои реално се на повидок според исполнетоста на капацитетите. Економијата во втор план, секако не сме способни самите да се одржиме, а сите економии ќе страдаат.
Да одлучував јас, одамна ќе беше направен план за пренамена на некои одделенија, ротација на лекари, затоа што освен одредена група, другите кур дрват, никаква работа немаат. Ама, државбата има други приоритети. Ќе зголемев капацитет на тестирања, ќе примев од други држави стручни лица, ако веќе имаме недостаток на тоа поле.
Автоматски споено мислење:
Intenzivna e najomileno mesto za sobiranje na Hipokondri, toa e a i otvorena 24/7Па гледам со свои очи дечко.
Не се плашат додека не им дојде дома.
Не ми е поентата да се расправам. Во неколку наврати имам кажано "дај Боже, ние хипохондриците да грешиме, а вие што тврдите дека е само вирус да сте во право".
За жал, реалноста и тоа што се случува по болниците на интензивна нега, нешто не ви идат во прилог на вашите тврдења.
Последно уредено: