Последиците од коронавирусот (COVID-19) врз економијата

Член од
15 јули 2007
Мислења
15.672
Поени од реакции
8.102
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Не сум економист и валда бладам, но зошто ми се чини дека економскава криза што е и што иде некако е "исфорсирана"?

Што се случи за да биде светот во криза?

Со одлуки на влади се намали произвоството на све што постои и тоа си повлече триста гранки околу и едноставно се стави се на пауза.

Не би било логично откако ќе одлучат да се врати се во нормала да се рестартира произвоството и со тоа да има повеќе работа за да се надохнадад изгубените месеци?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.513
Поени од реакции
37.352
ice_screenshot_20201012-171846.png

... до сега исплата на ддв со скенирање на фискалните сметки ми беше максимално 1800 ден, сега се намали на пола? зошто? затоа што „си допишаа“ нова регулатива - само на македонски производи, па колку такви производи има по маркетите кога ниедно македонско производство не функционира во државата?
ејјј колку памет, немам видено демек „еве ви враќаме ддв, ама немате македонски производи да купите и автоматски нема поврат на ддв“ :icon_lol:
... исто и со викендов со враќање на ддв, не беше збор за викенд, ден месец, празник... беше ветено враќање на 15% ддв на сите граѓани за било што купено освен луксузна работа, па да се потсетиме како беше ветено:

ice_screenshot_20201012-172451.png

... така да едно ветуваат друго спроведуваат, демек не разбравте добро! :toe:
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.590
затоа што „си допишаа“ нова регулатива - само на македонски производи, па колку такви производи има по маркетите кога ниедно македонско производство не функционира во државата?
Не само тоа, туку и цените на македонските производи се осетно покачени. Ценовната разлика помеѓу рандом српски производ да речеме и македонски во многу случаи е во корист на странскиот производ. Пример масло за јадење, српско вс. македонско, разликата е често 5 па и десет денари, така што се губи целата поента на скенирањето фискални и со тоа стимулот да се купуваат домашни производи. Поголема заштеда ќе направиш ако го купиш српското масло отколку македонското. Таа разлика во ниту еден случај нема да ја покријат тие 0,5 денари поврат кога по автоматизам со поефтиниот странски производ заштедуваш далекукратно повеќе. Да не почнувам сега и за работи за секојдневна употреба за кои што воопшто немаме ни индустрија за производство, како на пример детергентите, па сакал нејќел си принуден да купиш странски.
 
Член од
12 април 2020
Мислења
471
Поени од реакции
886
Печатат пари наголемо и земаат огромни кредити. Пред се државите. Скоро сите држави тоа го прават.
Ја прекинаа пазарната економија со затварање граници и контроли, свесно забрануваат цели економски гранки внатре во самите држави со што си го намалуваат растот на бдп кој и онака беше многу мал. Го застанаа образованитето или го префрлааат на идиотски он лајн систем со што и во индина за 10 години кога ќе треба идни генерации да генерираат раст нема да биде возможно бидејќи ќе немаат доволно знаење. Што пак го намалува идниот раст на бдп. Направија хаос во здравствените системи па млади луѓе кои би можеле да придонесат кон раст на бдп ќе умираат од излечиви болести.

Сума сумарум. Како на краток така и на долг рок намалување на растот на бдп во минус од епски невидени до сега размери низ сите држави кои се одлучија за карантини. Кај и да е за некоја година ќе почне да им расте инфлацијата со вакво штампање. Банките докажаа во минатото дека ќе се борат со инфлацијата и брзо ќе затегна. Со тоа повторно нова економска криза заради лоши кредити и нов пад на бдп. Невработеност упм.

Порано кредитите барем се преправаа дека ги користат за инвестиции во иднина. Сега ни тоа. Штампај, кредитирај и троши.

Доаѓаат мрачни и тешки времиња. Нешто налик на грчката должничка криза од минатата деценија само уште полошо. Порано постоеше опцијата да емигрираш Германија или некаде. Овој пат тоа нема да е можно. Кој колку може нека штеди што подиверзификувано.
Купете си некоја нива на село за секој случај, обавезно залиха на храна. Нема за брзо да дојде кризата ама нема бегање. Имаме време да се спремиме и да се позиционираме. Што помалку зависност од други луѓе треба, од работа да ти даде некој друг од храна да ти продаде некој друг. ШТо поавтономно живеење треба со време. Имаме уште година две да се позиционираме.
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754

Учени сме ние македонците, 3 пати денот маргарин ќе мачкаме ќе се истурка и ова
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.180
Поени од реакции
22.779
Светска банка: Македонија падна во најдлабока рецесија
Светска банка оцени дека пандемијата со ковид-19 силно ја погоди македонската економија и земјава се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност се предвидува да се намали за 4,1 процент во 2020 година, изјави Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во Македонија.

Светска банка во последниот извештај предвидува земјава годинава да ја заврши до пад на БДП од 4,1 отсто, а за наредната и за 2022 година раст од 3,6, односно 3,5 отсто. Ова беше соопштено денеска на онлајн презентацијата на Редовниот економски извештај за Западен Балкан бр. 18 .

„Пандемијата со ковид-19 силно ја погоди економијата на Северна Македонија, со ограничување на движењето, нарушените синџири на снабдување и продолжената неповолна епидемиолошка состојба, кои влијаат на веќе и онака неповолните економски изгледи во земјата. Како резултат на тоа, земјата се соочува со најдлабока рецесија во изминатите две децении, со влијание врз сите сектори на економијата, па економската активност се предвидува да се намали за 4,1 процент во 2020 година", истакна Масимилијано Паолучи, директор на Канцеларијата на Светска банка во земјава на презентацијата на извештајот.

Според извештајот, сите држави од Западен Балкан се соочуваат со рецесија, па регионалниот раст се предвидува да се намали за 4,8 проценти во 2020 година, што е за 1,7 процентни поени пониско од априлската проекција. Вториот, посилен бран на пандемијата што почна во средината на јуни, го забави закрепнувањето во регионот. Ограничувањата на патувањата и мерките за социјално дистанцирање, исто така придонесоа за намалувањето на растот во оние земји што се повеќе зависни од туризмот, стои во извештајот.

Во регионот најголем пад се предвидува во Црна Гора од 12,4 отсто, Косово 8,8 отсто, Албанија 8,4 отсто, Бих 3,2 отсто и Србија 3 отсто. За сите земји следната година е предвиден раст и тоа 6,9 отсто за Црна Гора, пет отсто за Албанија, 3,7 отсто за Косово, 3,6 за Македонија, 3 отсто за БиХ и 2,9 отсто за Србија.

Светска банка смета дека ико македонската Влада пружи поддршка за стопанството, и ги ублажи последиците, дека сепак, стапката на невработеност се зголеми на 16,7 проценти, за првпат од 2011 година, бидејќи во вториот квартал од годината 17 690 лица ги загубија своите работни места. Програмите за поддршка од Владата, исто така, помогнаа во ублажување на влијанието врз работниците и фирмите, но фискалниот простор се стесни бидејќи долгот надмина 60 проценти од БДП. Бидејќи крајот на економската криза е несигурен, се наведува во Извештајот, притисоците врз пазарот на трудот и врз приходите веројатно ќе продолжат уште неколку месеци.

„Краткорочните изгледи за Северна Македонија се позитивни, но доминираат надолните ризици. Фазата на сузбивање на пандемијата сé уште не е завршена и продолжената пандемија, заедно со сé уште важечките мерки за социјално дистанцирање може уште повеќе да го одложи закрепнувањето", оцени Паолучи, кој додаде дека понатаму, економските и социјалните мерки за справување со кризата ќе бидат главен приоритет, но исто така, ќе биде важно и да се продолжи со неопходните среднорочни фискални реформи, реформи во областа на конкурентноста, животната средина и доброто управување со јавните политики, за да се постигне одржливо закрепнување и пристап во ЕУ.
Од Светска банка сметаат дека доколку има порестриктивни мерки тие нема да имаат толкаво влијание како на почетокот на кризата.

„Доколку би имало нови рестриктивни мерки наша претпоставка е дека шокот врз потрошувачите и фирмите би бил помал, бидејќи во изминатите месеци имаа време да се присппособат и вкупниот ефект би бил помал од оној во април и мај", рече Бојан Шимбов од Светска банка.
Банката му сугерира на приватниот сектор да се насочи кон дигитализација и иновации.

„Ковид-кризата има влијание на промена на потрошувачките навики, со е-трговија, работа од дома, комуникација од дома и сето ова имавлијание на однесувањето на потрошувачите и фирмите кои треба да се прилагодат", рече Шимбов. Тој додаде дека е спроведено истражување од страна на Светска банка за потенцијалот на фирмите за нови производи и процеси и резултаите покажуваат дека од една страна имаме недоволна адаптибилност на фирмите во Западен Бакан.

Светска банка смета дека е недоволен бројот на фирми кои покажуваат адаптибилност кон новата реалност, а дека дигитализацијата што овозможува е-трговија во Македонија може да е застапено со 60 проценти, додека во другите земји тој процент е и понизок.

Од Светската банка посочуваат дека пандемијата има значителен ефект врз јавните приходи, кои и пред кризата беа пониски во однос на европскиот просек и изнесуваат 30 проценти од БДП. Порачуваат дека во периодот по заздравување, јавните политики треба да се фокусираат кон подобрување на јавните приходи, што би се овозможило со зголемување на даночна база, намалување на даночни ослободувања, што би придонело да се наплати она што останува ненаплатено и изнесува околу 30 проценти. Потоа подобрување на даночната дисциплина и борбата против сивата економија, односно да се труди државата да наплати повеќе даноци и да ги намали дупките што ги користат граѓаните и фирмите.

Светска банка наведе дека по онос на ДДВ, потенцијално наплатливото и тоа што се наплатува изнесува 37 проценти и дека е тоа највисок процент во регионот.

Исто така се сугерира дека треба да се практикува дигиталното оданочување што би донело екстра приходи во државната каса. Фокусот треба да се стави на човечкиот капитал, особено врз здравството и образованието кои во иднина би придонеле за развој, да се работи на поригорозна контрола на фискалните ризици, и контрола на трошењата на јавните претпријатија и договорот за јавно-приватно партнерство.

Во однос на децата и младината се истакнува дека децата во средно образование се функционално неписмени, односно знаат да читаат, но не разбираат што ќе прочитаат, а дека тоа сега пандемиајта ќе го зголеми, па затоа е потребен посебен фокус на овие политики.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.784
Поени од реакции
5.058
Ќе има пад на цените или стаганција на инфлација во 2020. После ќе расте...но ако има должничка криза ќе има и дефлација во МК, зголемена невработеност и пораст на даноците и пад на државните трансвери.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.180
Поени од реакции
16.312
..емигрираш Германија или некаде. Овој пат тоа нема да е можно. Кој колку може нека штеди што подиверзификувано.
Купете си некоја нива на село за секој случај, обавезно залиха на храна. Нема за брзо да дојде кризата ама нема бегање. Имаме време да се спремиме и да се позиционираме. Што помалку зависност од други луѓе треба, од работа да ти даде некој друг од храна да ти продаде некој друг. ШТо поавтономно живеење треба со време. Имаме уште година две да се позиционираме.
ранч во планина , со сопствен бунар, воденица или ветерница а + соларна енергија... и оф корс околу ранчот бодликава жица а дома арсенал оружје, да држиш на дистанца и заразени и трговски патници и партиски активисти и други ... контакти само онлајн :cool:
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.028
Поени од реакции
1.147

Ова е за тие кои имаат станови/ куќи во Скопјето а постојано се жалат на висока загаденост на воздухот.
Нека продадат недвижностите во Скопје, и за парите нека инвестираат во тоа што го имаш напишано.
И ќе имаат лист воздух, но сепак има една мана: на тој ранчот ќе треба да остваруваат тврда физичка работа во земјдолие/ сточарство.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
The economy as we knew it might be over, Fed Chairman says

Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
The economy as we knew it might be over, Fed Chairman says

А причината за тоа секако е- Корона :angel:

Претходно супер им идеше, државите ги враќаа долговите, помалку се задолжуваа, буџетите се трошеа наменски, народот се побогат стануваше, билансите на банките беа со ААА+ итн итн.
Наеднаш дојде Бетмен и отиде јабана.
Не дека намерно ги уништуваат малите и средни бизниси, намерно сјебуваат здравството и ред други работи.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.443
Поени од реакции
18.431
А причината за тоа секако е- Корона :angel:

Претходно супер им идеше, државите ги враќаа долговите, помалку се задолжуваа, буџетите се трошеа наменски, народот се побогат стануваше, билансите на банките беа со ААА+ итн итн.
Наеднаш дојде Бетмен и отиде јабана.
Не дека намерно ги уништуваат малите и средни бизниси, намерно сјебуваат здравството и ред други работи.
Зошто коментираш за нешто што било, наместо за тоа што ќе биде. Не можам стварно да те разберам.

Значи ова го постирам за луѓе со мозок да размислат малце, затоа што светов ќе се смени. Тоа што се зборуваше дека автоматизацијата на работните места иди во догледна иднина, сега е веќе јасно дека ќе се случува сега.

И ќе се загубат многу работни места.

Но, на 1 милион работни места што ќе се загубат претежно ниско квалификувани, ќе се појават 1.1 милион работни места кои ќе треба да ја одржуваат таа нова економија.

И да ти кажам, мило ми е што во моментов сета настава оди онлајн. Да оставевме на типови како тебе децава ќе одеа на училиште.

Во моментов било кое дете што следи настава, знае да направи состанок, да испрати емаил, да провери задачи за домашна онлајн на некој сервис, да се регистрира, и да ги реши и испрати. Децата на било која текстилна работничка, на било кој што копа канали ќе го знаат тоа уште од 4 одделение.

Не знам стварно дали имаш потерано со онлајн бизнис, затоа што со начинов како коментираш, мислам дека немаш мрднато мало прсте. Пари прават луѓе во моментов еден тон. Се разбира тие што имаат мозок.
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.293
Поени од реакции
7.650
Зошто коментираш за нешто што било, наместо за тоа што ќе биде. Не можам стварно да те разберам.
Нормално дека нема да разбереш, затоа што, како сам кажа:
луѓе со мозок да размислат малце, затоа што светов ќе се смени. Тоа што се зборуваше дека автоматизацијата на работните места иди во догледна иднина, сега е веќе јасно дека ќе се случува сега.
Светов јасно БЕШЕ дека ќе се менува, тоа што тебе сега ти станува јасно, твоја работа. Ти и така или касно сфаќаш или воопшто не ни сфаќаш.

Истото се случувало во 20/30те, со развојот на индустријата и се поголема употреба на машините. Само не заборавај каква беше завршницата на тогашниот рестарт.

Друга е суштината, а тоа е дека намерно се уништуваат мали и средни бизниси, намерно осиромашува народот, а успат се кријат правите виновници за толкав % на сиромашно население.
Ај 2023 кога ќе осетиме на своја кожа, се надевам ти нема да се жалиш.

И да ти кажам, мило ми е што во моментов сета настава оди онлајн. Да оставевме на типови како тебе децава ќе одеа на училиште.
Демек идењето во училште е лошо...

Супер што детето од дома ти учи. Сигурно мнозинството од нив ќе се развијат во здрави, социјални, човечки суштества.
Тоа што ти си проживеал мирен живот, голема е веројатноста, нашите деца дека нема да ја имаат таа привилегија, а виновници ќе сме самите ние. Посебно слепите подржувачи на системот.

Не знам стварно дали имаш потерано со онлајн бизнис, затоа што со начинов како коментираш, мислам дека немаш мрднато мало прсте. Пари прават луѓе во моментов еден тон. Се разбира тие што имаат мозок.
Тоа така било со мозокот, проблемот е што сега и да имаш мозок, имаш препреки од системот. Безос и Гејтс немаат мозок, ама ене ги кај се.

Ако пронаоѓање купувачи/ продавачи преку Алибаба се смета за онлајн бизнис, тогаш имам :D
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.776
Поени од реакции
2.754
Нормално дека нема да разбереш, затоа што, како сам кажа:

Светов јасно БЕШЕ дека ќе се менува, тоа што тебе сега ти станува јасно, твоја работа. Ти и така или касно сфаќаш или воопшто не ни сфаќаш.

Истото се случувало во 20/30те, со развојот на индустријата и се поголема употреба на машините. Само не заборавај каква беше завршницата на тогашниот рестарт.

Друга е суштината, а тоа е дека намерно се уништуваат мали и средни бизниси, намерно осиромашува народот, а успат се кријат правите виновници за толкав % на сиромашно население.
Ај 2023 кога ќе осетиме на своја кожа, се надевам ти нема да се жалиш.

Демек идењето во училште е лошо...

Супер што детето од дома ти учи. Сигурно мнозинството од нив ќе се развијат во здрави, социјални, човечки суштества.
Тоа што ти си проживеал мирен живот, голема е веројатноста, нашите деца дека нема да ја имаат таа привилегија, а виновници ќе сме самите ние. Посебно слепите подржувачи на системот.

Тоа така било со мозокот, проблемот е што сега и да имаш мозок, имаш препреки од системот. Безос и Гејтс немаат мозок, ама ене ги кај се.

Ако пронаоѓање купувачи/ продавачи преку Алибаба се смета за онлајн бизнис, тогаш имам :D
Баш денес на скајп. Баба што живее аус ми кукаше како станувало лошо и таму. Многу луѓе од по продавниците и маркетите се бркале. Ако кукаат тие што останува за нас што живееме во амбисов.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom