- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.028
- Поени од реакции
- 12.539
Не постои такво нешто како овој реон или оној реон кога станува збор за оптички телекомуникациски сигнал, или сигналот ќе биде одличен насекаде, или ќе биде кастастрофа насекаде.Како е оптичкиот пакет 50/50 има некој искуство, конкретно за Аеродром регионот.
Моментално иам телекабел кој океј тера за IPTV (ваљда, неам како да споредам), додека за VPN и работа од дома е крш.
Ценава од 800мкд ми одговора.
Исклучок е ако екипата која ја правела инсталацијата кај крајниот корисник или инсталацијата на доводниот кабел за конкретната зграда или за конкретната улица, лошо го поставиле доводниот кабел, поради што преку истиот тој доводен кабел би се добивал лош сигнал, но тоа е луксуз кој големите телекомуникациски оператори не можат да си го дозволат и со тек на време го отстрануваат.
Поконкретно за Неотел можам да ти потврдам дека преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком јас сум целосно задоволен од оптичкиот Интернет од Неотел.
Но во Аеродром добар дел од станбените згради веќе се поврзани и со оптичката телекомуникациска мрежа на Неотел, а немам искуство со истата, но од тоа што го имам слушнато од пријатели и колеги, сигналот е одличен и оптичкиот Интернет од Неотел е на задоволително ниво и преку нивната оптичка телекомуникациска мрежа.
Телекабел од друга страна, навистина користат одличен - ама ептен одличен - оптички кабел, со одлична изолација, многу поиздржлива изолација во споредба со оптичките кабли кои ги користат Македонски Телеком и Неотел, а од тоа што го имам видено и А1 Телеком ги користат истите оптички кабли кои ги користат и Македонски Телеком и Неотел.
Ама затоа па сигналот преку оптичката телекомуникациска мрежа на Телекабел е катастрофа, сеуште не сум запознал личност која ми кажала нешто добро за нивниот оптички Интернет, само поплаки се имам изнаслушано.