Neotel интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата Network
  • Време на започнување Време на започнување
Денес гледајки телевизија ми стигна нотификација за некој си CineStar паќет, па бидејќи обично јас не се замарам со филмови на IPTV не ни го отворив. Ама убаво им текнало, ова заради вирусот знам.
Сепак @ts01 пиша дека неможело да се отвори, но еве сега од NeoTV апликацијата проверив и може. Се оди во опции и се активира тоа, а после за логирање ви испраќа на мејл. Ај баш утре ќе ѕирнам па ќе видам дали има нешто посебно. Инаку еве кај се оди и што искача:
Прегледај го приврзокот 237912Прегледај го приврзокот 237913
Треба да креираш кориснички налог, ќе ти јави дека треба да добиеш маил. Маилот провери го од PC или лаптоп дека има копче кое не го гледаш ако проверуваш преку мобилен.
По верификација добиваш број/корисничко име и креираш pass.
 
Каков е деновиве оптичкиот интернет на неотел во термин од 17-23 часот?
 
Одличен. стабилни брзини, добар пинг. ако не заборавам ќе пуштам еден speedtest после.

Еве од сега.

Каков е деновиве оптичкиот интернет на неотел во термин од 17-23 часот?
Кај мене е ок. Јас почнав телевизија директ на андроид тв со оптика, VPN активно користам и топ е оптиката. За сега тв е ок.
 
Каков е деновиве оптичкиот интернет на неотел во термин од 17-23 часот?

Телевизијата дефинитивно им е катастрофа, но не само деновиве, туку општо од кога ставив НеоТВ во октомври 2019 па наваму, нема ден кога барем 1 (ЕДЕН) ТВ канал го дава како недостапен или дава порака дека има проблем со серверот или слично.

Но затоа Интернетот им е супер, а иронично баш корисниците на Македонски Телеком се соочуваат со проблеми овие денови. :D
 
Neotel moze li sekade niz mkd gradovite ili samo vo listata so gi pisuva
 
Neotel moze li sekade niz mkd gradovite ili samo vo listata so gi pisuva
Логично, само каде што пишува на листата и не секаде во тие градови, туку таму каде што има техничка можност.
 
Neotel moze li sekade niz mkd gradovite ili samo vo listata so gi pisuva

Телекомуникациските услуги на Неотел се достапни секаде каде што се достапни телекомуникациските услуги на Македонски Телеком, бидејќи таму каде што Неотел нема своја телекомуникациска мрежа, ги нуди своите телекомуникациски услуги преку бакарната или преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

Или со други зборови кажано: ако има техничка можност за бакарен или оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком, тогаш може преку истиот тој бакарен/оптички телекомуникациски приклучок од Македонски Телеком да се користи Интернет и/или телевизија од Неотел.
 
prv internet mi bese od Telekom pred 6,7 godini negde , stoe si kabelot od Bandera do kukjata ne e nitu pipnat znaci moze , a ke ima li 50 mb brzina ili tesko , sega so imam a1 combo e haos
 
prv internet mi bese od Telekom pred 6,7 godini negde , stoe si kabelot od Bandera do kukjata ne e nitu pipnat znaci moze , a ke ima li 50 mb brzina ili tesko , sega so imam a1 combo e haos

За мир во куќа најдобро ќе биде да провериш дали има техничка можност за оптичка телекомуникациска линија од Македонски Телеком на твојата адреса на живеење. На веб сајтот на Неотел можеш да го пополниш и испратиш формуларот Провери дали има оптика до твојот дом! подоле на Интернет страницата кон која води наредниот линк.

https://neotel.mk/fiber-50-opticki-internet/

Доколку ти одговорат позитивно, најверојатно ќе треба да дојде екипа од Македонски Телеком или од некој од приватните подизведувачи кои се во партнерство, односно се ангажирани од страна на Македонски Телеком, и да пуштат нов оптички кабел од бандерата кон куќата. Ќе биде вистинско изненадување ако испадне дека Неотел има своја оптичка телекомуникациска мрежа на твојата адреса на живеење, па да дојде нивна екипа за да пушти оптички кабел од бандерата, многу се мали шансите за тоа, да не речам непостоечки.

Доколку ти одговорат негативно, тогаш можеш да си ја испробаш среќата со Нет 50 ВДСЛ пакетот од Неотел, но техничката можност за истиот зависи од тоа дали живееш на максимум 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком.

https://neotel.mk/net-50-vdsl-internet/

Доколку живееш на повеќе од 1 (ЕДЕН) километар од локалната телекомуникациска централа на Македонски Телеком, тогаш нема да можеш да го користиш Нет 50 ВДСЛ пакетот од Неотел, ќе можеш само да си ја испробаш среќата со Нет 20 или Нет 30 пакетите на Неотел, ама тие зависат целосно од 4G сигналот на твојата адреса на живеење.

https://neotel.mk/net-20-bezzicen-internet/

https://neotel.mk/net-30-bezzicen-internet/

Доколку 4G сигналот на твојата адреса на живеење е слаб, тогаш и Интернетот од Неотел ќе биде тапа.
 
santelli
ti pisav poraka ,
Dexter26
fala dexter za odgovoro , inace uste ne sum i pisal na neotel , prvo ke cekam odgovor od santelli mi pisa deka moze da mi dade info od prva raka :motorce:
 
Здраво, имам ZTE F660 и порано можев без проблем да се логирам со admin/admin и да менувам шо сакам, ама сеа имаат сменето, можеш само со user/user, но немаш пермисии одредени работи да менуваш. Дали некој ја знае лозинката за admin? Фала.
 
Одлична понуда на Неотел за оптички приклучок од 800 денари за 50/50, за споредба истата брзина во Вдсл на Неотел 50/10 е 1100 денари, а на Телеком 30/5 е 1000 денари. Значи заедно со телевизија ќе ви испадне 1100, секако каде имате оптика, каде нема ќе си плаќате повеќе за помалку (ВДСЛ). Инфо за понудата
 
Како е оптичкиот пакет 50/50 има некој искуство, конкретно за Аеродром регионот.
Моментално иам телекабел кој океј тера за IPTV (ваљда, неам како да споредам), додека за VPN и работа од дома е крш.
Ценава од 800мкд ми одговора.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom