ова А1 ич не се замара со мрежата ко што ги гледам. Имав до скоро и само идат дефеци да поправаат, секојдневно. А да ја обноват мрежата да ги средат проблемите од корен, ич уво не им чуе. Затоа ги сменив со Телеком. Интернет коска.
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
ова А1 ич не се замара со мрежата ко што ги гледам. Имав до скоро и само идат дефеци да поправаат, секојдневно. А да ја обноват мрежата да ги средат проблемите од корен, ич уво не им чуе. Затоа ги сменив со Телеком. Интернет коска.
Тоа навистина зависи од реон до реон.
Јас бев корисник на кабелска телевизија и кабелски Интернет од Близо/Вип/А1 од 2012 до 2019 година и слободно можам да потенцирам дека во тие 7 (СЕДУМ) години само 2 (ДВА) пати имаше дефект на ниво на цела населба и го отстранија истиот ден. А со телевизијата и Интернетот воопшто немав проблем, ги откачив А1 во 2019 година бидејќи претераа со укинувањето на ТВ канали, ја прелеаа чашата со укинувањето на ЕуроСпорт и Discovery каналите, по што се префрлив на Неотел.
Кога сме кај новата оптичка телекомуникациска мрежа на А1, со која горе-долу го имаат покриено речиси цело Скопје - централното градско подрачје целосно го имаат покриено - слободно можам да потврдам дека се светлосни години и пред Македонски Телеком и пред сите останати телекомуникациски оператори во поглед на квалитет на изведба на мрежата.
Македонски Телеком гледа да заштеди каде ќе стигне, па како последица на тоа кога ќе се скине еден доводен оптички кабел повеќе катови во една станбена зграда остануваат без сигнал, а понекогаш и цели улици со куќи кои добиваат оптички телекомуникациски сигнал од бандера.
Неотел за жал го копира Македонски Телеком на ова поле, ама затоа па А1 не штедат на ништо, на секој кат има резервен доводен оптички кабел кој вообичаено не им треба, но го оставаат за секој случај, иста им е приказната и кај куќите, без разлика дали добиваат оптички телекомуникациски сигнал од бандера или од подземен кабел, насекаде А1 остава вишок оптички спојници за да им се најдат во иднина за секој случај.
Но А1 исто така се водат и според принцип на профит: доколку во постоечка станбена зграда имаат малку корисници, нема да се замараат да пуштаат доводни оптички кабли во зградата, туку ќе ги поврзуваат своите корисници преку оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а новите доводни оптички кабли на А1 наменети за таа зграда ќе си дремат доле во шахта додека не им се зголеми бројот на корисници во зградата до ниво на исплатливост за да ги поврзат преку сопствената оптичка телекомуникациска мрежа.
Во новите станбени и деловни згради секако дека А1 пуштаат црева и доводни оптички кабли додека објектот сеуште е во тек на изградба, но и таму се водат според принципот на профит, доколку бројот на корисници им е мал, нема да се замараат да трошат сигнал од оптичка плоча во централа, бидејќи централите на оптичката телекомуникациска мрежа сеуште не им се целосно опремени и подготвени за да опслужуваат десетици илјадници корисници.
И максимално внимаваат на квалитетот на изведбата на оптичката телекомуникациска мрежа, за разлика од Македонски Телеком и Телекабел - овие вториве се шампиони во анти-квалитет и фушерајска изведба.