Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не си по дифолт ослободен после 2 недели? Или уште се чека тест.
Треба да дојдат дома да те тестираат иначе нема искачање. Сите се жалат дека ако не ги замараш од ИЈЗ да дојдат да те тестираат можеш и 2 месеца да си останеш дома :pos:
 

JB00F

DDoS
Член од
21 јануари 2014
Мислења
3.403
Поени од реакции
2.747
Се мислам дека и кај нас ќе биде, за жал
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не дозволувај да паднеш на ниво на СЗО...
Мислиш дека е паметна работа на мене да применуваш иронија?

Инаку да, СЗО е една од најкорумпираните светски организации, дно.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Мислиш дека е паметна работа на мене да применуваш иронија?

Инаку да, СЗО е една од најкорумпираните светски организации, дно.
Јас не сум член кој користи иронија во постовите. Сериозно немам добро мислење за СЗО.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.302
Поени од реакции
19.651
Даниловски вс Вело

Даниловски: Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа
Потребни се итни мерки за да се спречи катастрофа, предуредува епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Сител.

Тој побара строги рестриктивни мерки и да се ограничи движењето на граѓаните во вечерните часови.

„Да се воведе полициски час не од 23 часот, туку можеби од 21 и ограничување на движењето во некои области каде бројот е поголем, ограничување на работното време на фирми и водење сметка за јавниот превоз. Јавниот транспорт е изворот на сите проблеми“, изајви Даниловски за Сител.
Марковски: Коронавирусот не предизвикува сериозна болест
„Организмот не се бори сериозно со коронавирусите. Серолошките тестови се подобри за разлика од ПЦР тестовите, поефикасни се. Тие тестови кажуваат дејка вирусот влегол во организмот, се заштитил. ПЦР тестовите не кажуваат дека вирусот влегол во организмот. 73 милијарди се во прашање само за тестовите, некој си го форсира својот производ, прашање е дали ќе му се верува на овој производ, а ние не го проверивме производот.

Не се работи за опасна вирусна инфекција, реалната бројка што умреле од Ковид е 100 до 200.000 луѓе. Не е опасна болест. Не сме во паника, во хаос сме, науката не се почитува. По економските последици ова е најголемата војна што ни се случила“ рече инфектологот д-р Вело Марковски во Студио 10 за ТВ24.

Од 771 тестови потврдени се 161 нов случај и 12 починати.

 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Треба да дојдат дома да те тестираат иначе нема искачање. Сите се жалат дека ако не ги замараш од ИЈЗ да дојдат да те тестираат можеш и 2 месеца да си останеш дома :pos:
Мислам нешто сменија, асимптоматски 10 дена болни 14 после ѕоа по дифолт си пуштен. Не глеам логика да трошат ресурси за луѓе 1 ден температура што имаат да ги тестираат.
Автоматски споено мислење:

после две недели од што?
од контакт, од позитивен тест, од први симптоми?
Мислам од кога ќе те заведат за позитивен.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Не разбирам. Немаш резултати од брисот, или што е проблемот?
(не ја знам процедурата)
После позитиван тест, од дн на зимање брис имаш две опцие:
1. 10 дна изолација без симптоми
2. 20 дна изолација и лекување сас симптоми
После 20 дна можеш и у гз да се ебеш не ти треба никакв тест, еднсотавно си слободан ама за да бидеш треба од СЗО да те ослободив и да се јавив на матичну да ти га затвори боловање.
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
913
Поени од реакции
3.572
После позитиван тест, од дн на зимање брис имаш две опцие:
1. 10 дна изолација без симптоми
2. 20 дна изолација и лекување сас симптоми
После 20 дна можеш и у гз да се ебеш не ти треба никакв тест, еднсотавно си слободан ама за да бидеш треба од СЗО да те ослободив и да се јавив на матичну да ти га затвори боловање.
Никој не ни ги брои индиректните последици од короната, како рапидно покачување на смртност од други болести поради немањето капацитети заради самата корона и психолошките проблеми на луѓето кои се јавуваат поради тоа што ништо не функционира во нормала..

12 мртви не е шала за држава од 1,5 милиони а тек сега доаѓа сезоната на настинки и загаден воздух, така што којзнае колку мртви на ден ќе има официјално само од короната, а да не зборуваме од други болести.

Фали уште на лекариве да им дојде преку ташаци од сѐ и да удрат на штрајк тек тогаш има да бидат гунгули...
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.625
Поени од реакции
14.397
Треба да дојдат дома да те тестираат иначе нема искачање. Сите се жалат дека ако не ги замараш од ИЈЗ да дојдат да те тестираат можеш и 2 месеца да си останеш дома :pos:
Ова е сменето, ако немаш симптоми во тек на болеста/пред испитување - излегуваш после две недели, нема потреба од два теста.
Ако си имал - после 20 дена, исто без тестови.
Тројца другари излегоа на 21 ден, не чекаа од ЦЈЗ или од санитарен инспектор решенија.

Не знам другаров од Куманово што прави уште дома.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Не знам ни ја, а од фирму сакав да ме тестирав пред да се врату, што е нормално ама стра ме да не искочу па позитиван, кој ќе седи па још 10 бем му семку.
Автоматски споено мислење:

Додека сфатам дека ИЈЗ ги викаш СЗО...
Помешава ми се брзине више, не знам ни кој дн е. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.567
Се објаснуваш со луѓе што не сваќаат основна математика и статистика. Дискутираме дали пандемија со 800 мртви ќе влијае на бројка од 20000 на годишно ниво. Може ќе порасне, можда не. Ама тие 800 имаат минорно влијание во големата бројка. Кога збориме за пандемија трева да им јасен пораст, 20, 30 посто а не да дискутираме за статистичка грешка.
Постои мала лага, средна лага, голема лага и статистика. Како некој што тврди дека е одличен познавач на основната математика и статистиката, треба да ја знаеш оваа изрека. Патем, сфаќа се пишува со Ф, не со в.

До моментов, за неколку месеци имаме 846 починати од корона. Следејќи го темптото од претходните денови (починаа 22 лица за 2 дена), оваа бројка би дошла до некои 1400 починати до крајот на годината, бројка до која би стигнале со груба оценка преку аритметичка прогресија со разлика 7.
Да речеме дека од овие 1400, 200 „секако би умреле“ поради старост, имаме бројка на мртви која на пример е поголема од бројот на жртви од скопскиот земјотрес.
Скопскиот земјотрес го сметаме за катастрофа, но сличниот број на жртви (веројатно и поголем) од коронава, ќе биде „минорно влијание“ во големата бројка.

Еве, би ве запрашал колкава треба да биде бројката на починати според вас, за овој вирус да го сфатиме сериозно?
Јас разбирам дека кај младите вирусот нема големо влијание (во процент над 99. Иако на почетокот имаше тврдења дека вирусот може да остави последици некое време, јас познавам само еден таков случај.), но факт е дека кај старите не е сеедно ако закачат вирус. Проблемот е што уште немаат точно утврдена група која е најкритична, засега „силината со која го закачуваат вирусот“ постарите, ми изгледа како лотарија.

Не се работи за познавање на статистика, туку се работи за различната перецепција која ја имаме на темава.
Според вас, бројката на починати не е страшна, плус не верувате дека се умрени од корона. Јас не можам да ве убедувам дали луѓето умреле од корона или не, ама некако фактите не се на ваша страна. Цел свет презема мерки. Ако ние имаме преваранти од политичари и секој може да не вози како сака, што да кажеме за сериозни земји како Словенија? Зошто се на праг на воведување најстроги рестрикции? Што е со рестрикциите кои ги има Франција на пример? Што е со рестрикциите кои ги има во Авсатралија? Другарка од Мелбурн не може да мрдне во радиус од 5 км од домот, а имаат смешна броијка од 50-тина случаи дневно.
Да не зборуваме што упорно го заобиколувате фактот за хаосот во нашето здравство и во ситруација кога немаше корона. Денес е потврдено дека има 485 хоспитализирани лица. Дали имате податоци каква била состојбата со хоспитализирани лица пред коронава? Дали некогаш имало жалба за исполнети капацитети?
На крај пак ќе дојдеме до бројот на жртви, кое нели ни е мерило за опасноста. Секако не сакам некој близок да влезе во таа статистика, а реалноста е дека тешко може да се одбранам од „закачување“ на вирусот, со што ставам повозрасни лица во опасност. И не можам да не помислам дека лекувањето во случај на тешки симптоми, ќе биде многу комплицирано. И ова е реална опасност, не е во нашите глави, не се работи за непознавање на статистика, се работи за основно човечко чувство за грижа за најблиските, кое е поткрепено со факти. Уште потрагично е што никако не можеш да влијаеш.

Константно се „вадите“ на економијата. Економијата на Македонија секако е срање, а со блокада од сите соседи, со блокирани економии на сите држави во Европа, не знам како ние би просперирале. И јас не сум за да се затвори се', мора да има обрт на пари, за да не останат кај 2% од моќниците во државава. Немам против да работат ни кафулиња, ни ресторани, ни кладилници, сите места од кои имаш полнење на државна каса. Но, на крајот од денот, здравјето секако ми е поважно од економијата.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
До моментов, за неколку месеци имаме 846 починати од корона. Следејќи го темптото од претходните денови (починаа 22 лица за 2 дена), оваа бројка би дошла до некои 1400 починати до крајот на годината, бројка до која би стигнале со груба оценка преку аритметичка прогресија со разлика 7.
Да речеме дека од овие 1400, 200 „секако би умреле“ поради старост, имаме бројка на мртви која на пример е поголема од бројот на жртви од скопскиот земјотрес.
Скопскиот земјотрес го сметаме за катастрофа, но сличниот број на жртви (веројатно и поголем) од коронава, ќе биде „минорно влијание“ во големата бројка.

Еве, би ве запрашал колкава треба да биде бројката на починати според вас, за овој вирус да го сфатиме сериозно?
Генијална споредба на жртвите од короната со скопскиот земјотрес, мора да признаам. Град срамнет со земјата, со уништена инфрструктура, потполно исто со 1200-1400 умрени старци во период од 8-12 месеци. Како само се сети на оваа споредба, останав шокиран.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
Денес е потврдено дека има 485 хоспитализирани лица. Дали имате податоци каква била состојбата со хоспитализирани лица пред коронава?
Не, но баш би сакал да извади некој статистика за хоспитализирани деца во Јануари и Февруари годинава. Преполни беа болниците со испоразболени деца (со пневмонии и што сè не). И сега замисли истово да се повтори, а болницава во Козле е пренаменета за лекување возрасни од ковид. Што е полошо, да умираат деца заради незгриженост или старци со пропратни болести?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom