Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Откако ја напуштил болницата маскиран во доктор, на паркингот на окер Застава 101 го скршил стаклото со лакт, влегол, ги соголил црвената и плавата жица под воланот и го запалил.

Се упатил во полициската станица во Карпош каде претепал тројца полицајци кои дента биле без обезбедување.
Ја украл униформата и пендрекот на еден од претепаните.
Се маскирал во полицаец.

Маскиран во полицаец се упатил кон домот на Проф.В.Маркоски во кој сеуште спиела до многу касно неговата млада сопруга. Пробал да провали но не успеал. Вратата била три пати заклучена.

Тука е пронајден украдениот окер 101 со уклучени 4 жмигавци и уклучено радио на кое свирела "не би био лоше да кабрио порше паркираш у моју гаражу."

Тука се губи последниот траг на кумановецот кој е во бегство.

Истрагата е во тек.

Јавуваат од МВР.

FB_IMG_1602175831827.jpgFB_IMG_1602175840302.jpgFB_IMG_1602175872734.jpg
 
Наградно прашање:Кој е поголем император ?

Овој кепецов
d695222e3a0fdb79028c922812923f80_400x400.jpeg

Или Џипи

AATXAJy_Qi5ZfCKRsMZfY9NKVyUVjJhzUK0lyq4_kA=s240-c-k-c0xffffffff-no-rj-mo



Ова не е прашање воопшто не ни се доведува во знак прашалник само ќе го цитирам нашиот император:
''Империја си градам ја сега без мака Заедно со публика што мене најмногу ме сака''

Зборови не се потребни :cuc:

За разлика од кепецот кај што сам се крунисал за император што ми делува недемократскиo_O
 
Ова со полициската станица и бегствово од болница мислиш од ГТА е. Влегуваш во станица, ги тепаш, искачаш и си пишуваш Leavemealone и веќе не те бркаат.
 
АКО се пласираме на европско сакам да има песна како таа за кометал...ама наместо за македонија, да биде за мрмињо

Викнете ги Џипери Мипери, Слаткари Паткари, сите рапери и трапери у државава и склопете една фенси трака за Мрмињо, заслужува ликов, нема што
 
Кајганке :love:

Конечно вирусов го прогласУем за многу културен.
- Точно и прецизно знае кога е работна недела, кога е празник, викенд и сл.
- Строго се појавува во точно определено време и на определени места, секогаш после 22 часот. -Традиционално го избегнува автобускиот превоз на ЈСП.
А друга работа е тоа што е многу друштвен, минимум четворица за да се активира.:sneaky:
 
Замисли хуморот на драгонски да му е ист во живо како што му е на интернет, па ги жалам неговите дома и неговите блиски и сите кои се нашле заради некаков сплет на околности во негова близина.
 
Како што еволуираш повеќе и повеќе почињаш да сфаќаш дека одредени глупи работи на кои не учеле како помали и кои сме ги прифаќале како дел од општеството едноставно се апсурд, само апсурд и ништо друго освен апсурд. Му текнало на некој таму дека ако носиш педерка во комбинација со тренерки автоматски сомнителен си бил, криминалец си бил. Ако имаш тетоважи на тебе ти си мафијаш. Ако жена има тетоважа курва била, ваква била онаква била. Не дај боже да земеш садови да измиеш или да усисаш дома готово ти си жена, оти тоа било само работа за жени. :tapp: Ако земеш бар малце да се погрижиш за себе да личиш на нешто опет си ти жена, оти тоа повторно било женска работа. Ние мажите веројатно треба Фреди Кугер да бидеме. Ако покажеш сочуство, мирољубивост или љубезност и тоа те правело жена. Оти маж не смеел да има ништо друго освен гнев, безобразие и да биде гад што си брца у нос во јавност.
Па се прашувам онака од кога тоа домашните обврските имаат пол, веројатно нема круната да и падне на некоја ако еднаш смени сијалица, два потега се во прашање.
Се прашувам и убавината од кога има пол. Демек машкото не смее да си ја направи брадата како него му одгавара или коса никако да се пушти како Киану Ривс, одма жена е тој. Или пак да отстрани некое влакно плус од телото за кога ќе го фати женска рака да фати месо, уместо да и останат влакната во рацете.
Конечно се прашувам и од кога особините, чувствата и емоциите имаат пол. Дали како машко ако се разгневам при расправија со жена ми и земам ја издигнам од земја ќе ме направи тоа маж. Или можеби ќе ме направеше повеќе маж моментот пред 15 години кога гневен фрлив цигла кон брат ми. За среќа не го удрив. Дали ако, не дај боже, го осакатев за цел живот тоа ќе ме направеше невидено мажиште. Туку чудно не сум приметил за Исус некој да рече жена оти и он нели вртеше образ кога ќе го плеснеа
 
Последно уредено од модератор:
Драа

Како и да е...
Хумор на Драгонски > битолски химор
Глупи мемиња на Вату > --- | | ---
Глухухухупи смеања на Џонтру,Пеѓу и СтефКобита > --- | | ---
Запирке на шутрака такоѓе.
 
Драга тарана

Сите имаме речник, ама на кому му теќињаат зборовите (процесор ли е, рам ли е, незнам таму у ајти сектор
 
Конечно се решив да дадам отказ после неколку месеци тапкање во место, најдов нова работа што нема никаква врска со сметководство, почнав академија за full stack development, се запишав на теретана за прв пат во животот, девојка ми си купи стан пред некој месец...

Како личност што не обожава промени, премногу ми се случија во последниов период. Се надевам ќе биде за убаво. :D


...само Јунајтед останаа срање :(
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom