Не треба да се биде некој мозок за да се знае од каде произлезе зголемениот број на заболени.
Поладно време, луѓето се вратија на работа (што повлекува големи гужви во јавен превоз, кој патем вози со скратен распоред, седење со часови во затворени простории во голем број, почеста посета на ресторани после работа), дел од децата се вратија во училиште и секако, тоа што скоро се' си работи како порано (освен дискотеките и неможноста за патување во странство, се' е како порано).
И полошо ќе доаѓа, тоа е нормалната логика.
Проценката за тоа што е поважно, дали економијата да трпи или да се спасат човечки животи, за мене завршува во оној момент кога ќе бидат исполнети болничките капацитети (а во моментов се хоспитализираат само потешки случаи, а трансфер од друг град во Скопје, се врши само ако се работи за случај пред умирање, при што предност имаат помладите пациенти).
Најубаво е да се најде некоја рамнотежа, ама тешко тоа во неподготвена држава како нашата.
Згора на се, мороништата ги ископаа сите улици во Скопје истовремено, што придонесе и оние ретки автобуси да се изретчат дополнително. Има луѓе кои немаат избор и мора да користат автобуси, Скопје не е град кој може целосно да се поминува пешки секој ден.
Кога ќе се додаде и бројката на луѓето кои не веруваат во вирусот, доаѓаме до тоа да бидеме во топ земји со најголем број смртни случаи на 1 милион луѓе.