Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.514
Поени од реакции
23.565
Заболен со Ковид-19 побегнал од ГОБ „8 Септември“, се шетал низ Скопје, го вратиле назад со полиција
Вистинска драма се случувала во текот на вчерашниот ден во ГОБ „8 Септември“, кога заболен со коронавирус побегнал од ковид-центарот, се шетал низ главниот град, а во текот на ноќта бил приведен од страна на полицијата и вратен во болницата.

Оваа информација се појави на социјалната мрежа Твитер при што од еден профил беше раскажана целата случка во која бил вклучен извесен Борче Ивановски, а притоа се бара и одговорност од вработените во ГОБ „8 Септември“ кои дозволиле да се случи вакво нешто.

Заболени од ковид-19 бегаат од ковид-центарот при „8 Септември“. Ќе сноси некој од тамошните вработени одговорност? Зборувам конкретно за случајот со Борче Ивановски кој ноќеска беше приведен и транспортиран на Инфективната клиника. Избегал од болница и се движел насекаде низ Скопје. Се возел со градски автобуси, седел во ГТЦ итн. Ставете по еден полицаец на сите влезови на клиниките каде што има заболени од ковид-19, да не бегаат од болница идиотите и да заразуваат се наоколу – се вели во објавата на Твитер.

Од МВР за Плусинфо ја потврдија информацијата дека на интервенирале повик од ГОБ „8 Септември“, при што побегнатото лице по неколку часа било вратено во болница.

На 06.10.2020 во 21.30 часот од ГОБ „8 Септември“ било пријавено дека од Ковид центарот избегал пациент Б.И. од Куманово. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници лицето било пронајдено околу 02.00 часот и вратено во болницата – велат од МВР за Плусинфо.
 
Член од
22 март 2019
Мислења
234
Поени од реакции
552
Грип бе другар немај гајле, или грипот поопасен од корона беше?
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.345
Поени од реакции
4.687
Тотален хаос е ова. Напуштив од работа пред некое време, најдов подобра, поминав медицински тестови и фалеше уште тест за вирусот. Ме тестираа пред една недела негативен сум и ми се јавуваат некни во средата ковид тимот(изумот на бујар османи) у фирмата одлучил за сите да стопира постапката на 2 недели ради зголемен број на заболени у државата, не у фирмата :D само шо ги добив резултатите, ковид тимот одлучил море мрш таму
Граници отворија, сеа треба да се надеваме косоварите и нашите шо ќе се рашетаваат по косово, Албанија и Србија да не расеат
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.397
Поени од реакции
19.862
Дали убо слушнав на вестите кога се обраќаше еден од протестот за музичарите дека 7 месеци биле без работа ?
Изгледа овие по кафани летово холограми беа :toe:
 
Член од
30 јули 2014
Мислења
749
Поени од реакции
731
Дали убо слушнав на вестите кога се обраќаше еден од протестот за музичарите дека 7 месеци биле без работа ?
Изгледа овие по кафани летово холограми беа :toe:
Тие шо организират само свадби:toe:

317 нови рушимо рекорди
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.861
Поени од реакции
12.161
Што се чудите на толкава бројка во Скопје, милион жители има, сигурно не очекувате 180 во Пехчево да се појават.
Посебно смешно ми е она: "Повторно најголем број во Скопје", божем ние имаме 4 метрополи. Во 90% од нашиве градчиња и да сакаш не можеш да фатиш корона пошо нема жива душа. :pos:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom