Вучиќ кога заедно со Николиќ се отцепуваа од СРС и кога ја формираа Српската напредна партија, тогаш баш политичката клима во Србија беше прилично на пола про-руска и про-западна, и сметам дека Вучиќ имал добиено некаква помош од западот за да дојде до власт. Сега реално многумина има кои го доживуваат Вучиќ како повеќе про-руски, ама тоа тој мора така да се однесува за домашната јавност.
И за возврат мора Вучиќ да одработи за западните шефови, е ама и ако до крај Вучиќ планира да ги одработи задачите кои ги имаат од поодамна западните држави поставено, тогаш Вучиќ е пред сериозен тест дома.
Да, има моментално комотна политичка моќ да му удоволи на западот за прашањето околу Косово и Метохија, прашање е дали ќе се осмели Вучиќ да го реши тоа прашање.
Му оди во прилог на Вучиќ ова со настаните во Нагорно Карабах, самиот Вучиќ даде изјава дека вечно не можат да постојат замрзнати конфликти, секогаш има можност некој да ги одмрзне замрзнатите конфликти.
Милошевиќ и тајфата беа на власт 12 години од 1988-2000, потоа ДОС беше власт исто 12 години од 2000-2012, и прашање е дали исто ќе биде и со Вучиќ и неговата партија, Напредната партија 12 години власт ќе наполни во 2024.