Најдобар македонски бенд на сите времиња

  • Креатор на темата Креатор на темата Sawyer88
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е според вас најголемиот македонски бенд на сите времиња?


  • Вкупно гласачи
    76
Ги спомна некој Ден за ден?
Страшен бенд, технички поткован, маестрален.

 
Тука барем нема дилеми, Леб и Сол се без сериозна конкуренција. Бидејќи ЛиС и онака ќе победат на анкетава, забележав дека Зијан, прилично потценет бенд = нема ниту еден глас и затоа гласав за нив. Пушти коси, ветар да ги носи :)
 
Не сакам да им оспорувам ништо на Леб и Сол, особено не па што се такви музички виртуози, но за мене дефинитивно има разлика од тоа да земеш македонска песна, да ја преработиш и да се потпишеш (скраја да е дека преработките не им чинат) од него ли да се инспирираш од македонската изворна музика и да создадеш твое дело. Бистра Вода е таков пример и е мојата најомилена песна од Леб и Сол. А следуваат и уште такви примери, македонски неофолк


 
Митко беше ли таму?
Сите у пакет, ама мислам дека на крај не отидоа или се откажа манифестацијата. Битно се правдаа нешто зашто многу имаше „галама“, ама пак нејќеа да се откажат, многу тапа муабет направија.
 
Сите у пакет, ама мислам дека на крај не отидоа или се откажа манифестацијата. Битно се правдаа нешто зашто многу имаше „галама“, ама пак нејќеа да се откажат, многу тапа муабет направија.
Имаше луѓе шо се откажаа, ако се откажале и они ок, Митко гледам има некој други ставови за разлика од Гоце, ваљда и Смилен, глупо е ако пеел на вакво срање. За другите не ме интересира многу.
 
Леб и сол се голем бенд, со виртуозен гитарист. Ако се гледа меѓународно признаен успех тогаш се без конкуренција. Мене лично повеќе ми „лежат“ Мизар, Архангел, Анастасија, Зијан, Фолтин, Стринг Форсиз...
Леб и сол имаат доза на комерција која не е по мој вкус па дури и „Чукни во дрво“ ми е преценета..
„Бистра вода“ и некои други се сосема друга приказна.
 
Студени нозе️
Фантастичен пост.
Прекрасно срочено, објаснето, со факти поткрепено мислење за најдобриот македонски бенд на сите времиња. Мислам дека после ова четиво темава, на сите ќе ни стане јасно околу одговорот на прашањето. Темата може да оди под клуч пошто не верувам дека има маж што ќе ги побие овие аргументи.
 
Имаше луѓе шо се откажаа, ако се откажале и они ок, Митко гледам има некој други ставови за разлика од Гоце, ваљда и Смилен, глупо е ако пеел на вакво срање. За другите не ме интересира многу.
Имаа изјава во стил „ќе настапуваме, ова нема врска со СДС, прослава за нато е, дрн дрн јариња, нема да има партиски знамиња“. Вадење на ефтини фори. Значи не сакаа да се откажат, а после што се случило поим немам. Да пребараш на фб кај нив може да има нешто од тогаш.
 
Леб и сол се голем бенд, со виртуозен гитарист. Ако се гледа меѓународно признаен успех тогаш се без конкуренција. Мене лично повеќе ми „лежат“ Мизар, Архангел, Анастасија, Зијан, Фолтин, Стринг Форсиз...
Леб и сол имаат доза на комерција која не е по мој вкус па дури и „Чукни во дрво“ ми е преценета..
„Бистра вода“ и некои други се сосема друга приказна.

Најдобрата верзија на Бистра Вода отсвирена било когаш, Влатко свири ко да е опседнат од демон - ко што вели еден од коментарите

 
Кога веќе се потсетуваме на македонски бендови што оставиле некаков белег, редно е да ги спомнеме и овие бендови кои 20 и кусур години егзистираат на алтернативната сцена, иако можеби имаат поограничена база на фанови.

Т.Б. Трачери

Blla Blla Blla
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom