- Член од
- 27 јули 2020
- Мислења
- 344
- Поени од реакции
- 567
- Возраст
- 63
Хипотетички....Но и тоа веќе дискутабилно е.....
Пишував пред некој ден, разлика од Hansol12 и Amber12.... во продукт фише пишале Hansol-от појак дека е иако Amber-от е тој со двостепен (two-stage) компресор.
Нешто срмди кај тоа two-stage компресорите.....
Повеќе не ги вградуваат во ниту еден нов модел, ил барам не ги носат новите модели со таков компресор кај нас....
Тоа и мене ме мачи, податоците ај што 100% не ги разбираме, туку и се " променливи ".
Во име на вистината во продавниците ни 10% од овие информации не ги добиваме. Ете за Тошиба-та ако не научив дека компресор со два цилиндра - твин ротари, го има само од Сузуми18 -ка и нагоре, ќе бев убеден дека сите Сузуми се такви и мали и големи. .....
Туку што ни е маката.
Многуу тешко дознаваме кој
-модел ни треба
-Како ќе работи
-Колку ќе трае.
За мене без одлично, монтирање, одржување и сервисирање за не дај боже , не се може.
Инаку Митсу ЛН 25 колку приметив по енергетската налепница, не се многу разликува од Амбер Нордик.
Во реални услови како ќе се покажат е баш предизвик да се дознае и документира. Пред се' поради различните простори во кој ќе работат.
Мојот комшија во деловен простор од 50 м2, лошо изолиран стави Амбер 12 пред месец дена. Ќе се обидам да дојдам до некој податок, ама споредба со твојата Митсу, нема да е можно, твојата во сосема други услови работи.
Последно уредено:

