Најекономично греење (затоплување)

Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Во Босна - Србија има поплаки на моделот МУСЕ кај нив е GREE MUSE, дека овој преоден период работел како ОН- ОФ клима. Не се спуштал под 1000 вати, се исклучувал на таа вредност. Дури се договараат организирано да побараат од увозникот да им ги промени за Џи Теч моделот... Да се внимава и кај нас
 

Attachments

Член од
1 октомври 2018
Мислења
386
Поени од реакции
787
По последново што го кажавте, за нас обичните купувачи останува пред купување да идеме или на баачки или у цркви, или да ни гатаат дали сме правилно одлучиле, или поп да викаме да ја благослови климата пред монтирање и пуштање
Нема врска. Најголемиот дел од производителите точно ги претставуваат информациите. Проблемот е разбирањето на информациите и што тие точно значат, како и немањето на точни информации за потребната топлина за нашите простори.

Европа е поделена на три зони на греење. Поделб
ата е направена врз основа на бројот на часови во годината на определена температура. Во прилог е слика за тоа колку часови на која температура се во секоја зона.
Refference values.jpg

Како што може да се види ладната зона има голем број на часови со температури под -10 степени. Ова би значело приближно две недели температурата константно да биде под -10, што нормално, кај нас не е случај.
Понатаму вкупните часови кога се грее се 6446 што значи дека се грее скоро 9 месеци што повторно кај нас не е случај.

За нас најрелевантни се информациите за средната зона и на нив треба да биде фокусот. Просечната температура во јануари како најладен месец е околку 0, што е далеку од ниските температури за ладната зона. Плус греењето за средната зона е предвидено на 4910 часови што приближно одговара на 6,5 месеци што е најприближно до колку грееме.

Е сега што е со енергетските налепници.

KW на енергетската налепница не ја покажуваат моќта на климата, туку потребата на просторот за топлина за да на -10 степени се одржува внатрешна температура од 20 степени. Ова можат да бидат 30м2 но може да бидат и 60м2 ако има одлична изолација. За брзо и релативно точно одредување на потребните КW на секоја температура и простор побарајте назад низ моите постови.

Panasonic.jpg

Како да се чита оваа енергетска налепница?

Доколку Panasonic-от е инсталиран во просторија која бара 3,2KW на -10 степени да одржува внатрешна температура од 20 степени (ова отприлика одговара на 20тина квадрати комплетно неизолиран простор), за целата сезона ќе потроши 878KW/h и ќе добие SCOP од 5.1.
При тоа оваа вредност е проценета и е добиена со мерењето на различни температури кои може да ги видите во Eurovent. Mitsubishi има објаснување за начинот на пресметките за SCOP-от на следниот линк: https://library.mitsubishielectric.co.uk/pdf/download_full/855.
Стварната потрошувачка ќе зависи најмногу од бројот на часови на различните температури. Предноста на енергетската налепница е што лесно може да се споредуваат една со друга клима при исти услови.
Доколку климата не е во состојба да ја испорача температурата на -10 тогаш мислам дека потрошувачката на back-up heater се додава на потрошувачката од климата со COP 1.

Има уште еден фактор кој не треба да се занемарува. Кај нас генерално климите се под-димензионирани. Така климата наместо на 50тина % на +2 таа може да работи на 80-90 па и 100% односно двојно поотоварена. Заради тоа заштедата од поголемиот SCOP како поедноставена мерка за енергетската ефикасност добива на значај. Така на пример хипотетичка разликата од 250KW/h помеѓу А+++ и A+ енергетска класа стануваат во реалноста разлика од 500KW/h, во зависност колку климата е под-димезионирана.
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Те поздравувам. Благодарам на трудот и стручноста.
Да не бевте Вие, форумот , јас немаше да дознаам ни 10% од кои клими ми се потребни, како да ги користам и кој модели треба да ги избегнувам.
Во секоја продавница информациите се сведуваа на десетина реченица. А кога почнав да прашувам за Пе дизајн, еев, ТОЛ, тбивалент, па дури и за " твин ротари и ту стејџ " 90% ме гледаа и стискаа раменици. Еве тоа се случуваше пред два месеци.
За монтирање и сервисирање , што да кажам.
Мене во една реномирана фирма ме оставија сам да си најдам лиценциран монтер. Месец дена закажував, не најдов, па дури со ургенции од менаџментот да ми пратат некој да монтира, без печат и потпис- не лиценциран.
Ние како обични купувачи имаме потреба од " фиљан луѓе " еснаф мајстори. Да не се членовите од форумот, ништо немаше да знаеме.
Навистина сум ви благодарен, само сепак, кога ќе отидам да купувам, освен знаењето мое, ништо не е сменето.
А промени кон подобро многу ни се потребни
Тоа што го кажав за гатачките, мислев на проблемите со некој модели и лошата монтажа која го " расипува" апаратот, па после неправедно се избегнува.
 
Последно уредено:
Член од
29 август 2019
Мислења
1.187
Поени од реакции
2.859
По последново што го кажавте, за нас обичните купувачи останува пред купување да идеме или на баачки или у цркви, или да ни гатаат дали сме правилно одлучиле, или поп да викаме да ја благослови климата пред монтирање и пуштање
Не, на обичните купувачи им останува внимателно да избираат, вака да прочитаат на форумиве кој колкав преварант е и да одлучат што и од каде ќе купат, а исто така и да пренесат на останати купувачи што и од каде да купуваат.

Чуствувам дека не бев доволно разбран, мислев на СИТЕ увозници, продавачи монтери и сервисери. Сите ги кријат вистинските податоци и недоволно професионално ја обавуваат нивната рабаота

СЕКОЈА ЧЕСТ НА ЧЕСНИТЕ ИСКЛУЧОЦИ
Море доста професионално ја обавувваат нивната работа, само што тоа не е во полза на крајниот корисник. Доста вешто ги кријат и манипулираат со податоците и знаењата кои ги имаат се за своја лична корист, никој не го јебе обичниот корисник ни 5 пари.
Има и такви кои не знаат така вешто да манипулираат, па оставаат предност на повештите, како случајот цитиран подолу.

Ve letnal pametot, inaku ima soodvetni clenovi tuka ke vi objasnat zosto/sto/kako...

Како така да нема да прочиташ за Митсу, марката со "најточни" податоци на светов ;)
Еве ти за LN25VGHZ , која е Бивалентна тука -10 или -15??
А битно е да знаеме зашто бекапот од Бивалентната веке ни е потребен нели ?
како што читам напишани се две бивалентни па ти сеа што незнаш ни да најдеш податок ке знаеш да толкуваш :D
Ова со бивалентната е чисто како пример како муваат со податоци и големите јапанци.

Прегледај го приврзокот 269406
@Strelec од што се правиш на мутав дури и смешен ми си :)
Не можам ни да посомневам дека не знаеш што значи она што си го извлекол како исечок од документацијата на Митсу LN25VGHZ и сакаш да рационализираш ситуација као и Мицубиши прави грешки па и ние од Грее сне направиле грешка така??!?!?

Ама еве сепак ќе ти нацртам и ќе ти објаснам јас, за тебе за секој случај, а и за другите што следат дискусија.

Во исечокот кој си го споделил од Митсу LN25VGHZ - Бивалентна температура има една, таа е -10С и пишале дека климата испорачува 3.2kw.
Тоа подолу Tj=-15С што пишува дека дава исто 3.2kw топлина, значи дека климата може да испорача 3.2kw и на -10 и на -15 надворешна температура. МЕЃУТОА со различен (помал) COP, кој е прикажан во табелата на исто ниво хоризонтално.
Еве реков и ќе ти насликам, се надевам сега ти е појасно ;)

LN25VGHZ-edited.jpg

Дали за тие 3.2kw на температура од -15С бара бекап греење не знам,но не верувам затоа што во документацијата што си ја споделил погоре и од која што си го вадел овој исечок, ќе го додадам и тој дел тука подолу, единствено нагласува дека - да има потреба од 2.1kw бекап греење но на темепратура од -22С.
Еве тука може да се види исто дека без бекап греење на -22С самиот клима уред по дизајн испорачува 2.6kw + бекапот од 2.1kw доаѓаме до она 4.7kw што стои на налепницата во делот за ладна зона.


Screen Shot 2020-10-05 at 14.42.51.png

И како што гледаш иако не знаев да најдам податок, знаам да го протолкувам.
На крај на ден, не се занимавам со оваа проблематика професионално, и ги немам сервисните и сите документации за сите модели на клими од нашиов пазар во мојот компјутер како што ги имаш ти.... меѓутоа вешто се снаоѓам со онлајн пребарувачи, може ќе ми бидат потребни часови да најдам соодветна докуметнација, но ако сум решителен ќе ја најдам.
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Двостепен компресор, го има во Амбер Нордик и некио други модели, обично поскапите. За поголемите минуси овозможувал климата да не ја губи брзо моќноста.
 

Attachments

Последно уредено:
Член од
29 август 2019
Мислења
1.187
Поени од реакции
2.859
Двостепен компресор, го има во Амбер Нордик и некио други модели, обично поскапите. За поголемите минуси овозможувал климата да не ја губи брзо моќноста.
Хипотетички....Но и тоа веќе дискутабилно е.....
Пишував пред некој ден, разлика од Hansol12 и Amber12.... во продукт фише пишале Hansol-от појак дека е иако Amber-от е тој со двостепен (two-stage) компресор.

Бо бо бооо....
Мене мозоков пак попара со Грее моделиве и податоциве залепени на нив....

Амберот 3.5-ката од брат ми по продукт фише да ти барал 1.4kw бекап греење во ладна зона.... а мојот Хансол 3.5ка бара 0.4kw?!
И двата обеќаат 5kw со Pdesignh за ладна зона.

Чек чек сеа попара пак.... не требаше Амберот да е подобар?




Sent from my iPhone using Tapatalk
Ете ти ги прикачени еден до друг продукт фише од Хансолот 12ка со не-грее (sanyo) компресор и вашиот преценет Амбер кој е најјачи од свите со Грее two-stage компресор.
И ај образложи ги која е појаката сеа?
Нешто срмди кај тоа two-stage компресорите.....
Повеќе не ги вградуваат во ниту еден нов модел, ил барам не ги носат новите модели со таков компресор кај нас....
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Хипотетички....Но и тоа веќе дискутабилно е.....
Пишував пред некој ден, разлика од Hansol12 и Amber12.... во продукт фише пишале Hansol-от појак дека е иако Amber-от е тој со двостепен (two-stage) компресор.




Нешто срмди кај тоа two-stage компресорите.....
Повеќе не ги вградуваат во ниту еден нов модел, ил барам не ги носат новите модели со таков компресор кај нас....

Тоа и мене ме мачи, податоците ај што 100% не ги разбираме, туку и се " променливи ".
Во име на вистината во продавниците ни 10% од овие информации не ги добиваме. Ете за Тошиба-та ако не научив дека компресор со два цилиндра - твин ротари, го има само од Сузуми18 -ка и нагоре, ќе бев убеден дека сите Сузуми се такви и мали и големи. .....
Туку што ни е маката.
Многуу тешко дознаваме кој
-модел ни треба
-Како ќе работи
-Колку ќе трае.
За мене без одлично, монтирање, одржување и сервисирање за не дај боже , не се може.
Инаку Митсу ЛН 25 колку приметив по енергетската налепница, не се многу разликува од Амбер Нордик.
Во реални услови како ќе се покажат е баш предизвик да се дознае и документира. Пред се' поради различните простори во кој ќе работат.
Мојот комшија во деловен простор од 50 м2, лошо изолиран стави Амбер 12 пред месец дена. Ќе се обидам да дојдам до некој податок, ама споредба со твојата Митсу, нема да е можно, твојата во сосема други услови работи.
 
Последно уредено:
Член од
16 април 2019
Мислења
372
Поени од реакции
522
Eve za tebe specijalno novina, doaga Fairy Nordic so 2 stage kompresor.
A za "Najubav" dva modela bez greac
Ako bidat ovie ceni dobro ke bide ama Nordik klimite pretezno se za severnite evropski zemji sto bara nordik vo Makedonija koga ovde nema takvi ladni zimi.
 

Attachments

Член од
8 ноември 2017
Мислења
2.387
Поени од реакции
2.662
Ako bidat ovie ceni dobro ke bide ama Nordik klimite pretezno se za severnite evropski zemji sto bara nordik vo Makedonija koga ovde nema takvi ladni zimi.
Ova ne e Fairy Nordic, ova e Fairy LCLH koj sto go ima kaj nas i e poeftin kaj nas.
Fairy Nordic e do - 30C so 2 stage kompresor.
 
Член од
27 јули 2020
Мислења
344
Поени од реакции
567
Ako bidat ovie ceni dobro ke bide ama Nordik klimite pretezno se za severnite evropski zemji sto bara nordik vo Makedonija koga ovde nema takvi ladni zimi.

Тие - Нордик - модели би требало во најладните денови во Зима да не бараат додатни грејни уреди. Нормално ако се правилно димензионирани, како многу убаво почитуваниот Petna објасни.
Мојата логика би била и дека се направени да издржат повеќе, па би и траеле подолго. Меѓутоа најверојатно се и поголеми потрошувачи на струја.
За информација
Митсу СФ 25 ВЕ во стенд бај режим троши 0,5 вати
Панасоник 12-ка " сениор" од 2004-та троши 1,3
Амбер Нордик 12 троши 4,8 вати.
За потрошувачката на греачите на компресор и тацна, оставам почитуваниот Најубав да објасни ако сака, он е постручен за тоа.
 
Член од
9 јануари 2006
Мислења
5.529
Поени од реакции
7.262
Чуствувам дека не бев доволно разбран, мислев на СИТЕ увозници, продавачи монтери и сервисери. Сите ги кријат вистинските податоци и недоволно професионално ја обавуваат нивната рабаота

СЕКОЈА ЧЕСТ НА ЧЕСНИТЕ ИСКЛУЧОЦИ
Точно, затоа има профи продавачи што ги разбираат работите, посветиле време да си ја научат работата и затоа и можат да одговорат на секое незгодно прашање. Поентата е накрај краева, ако незнаеш кој модел колку дава на кој минус надворешна не си за продажба на климатизација.
Автоматски споено мислење:

Ako bidat ovie ceni dobro ke bide ama Nordik klimite pretezno se za severnite evropski zemji sto bara nordik vo Makedonija koga ovde nema takvi ladni zimi.
Ова е едно од тие незгодни прашања.
За кој одговорот е....климите до -30 работат порастеретено од -7 па се до -15....немора да е -30.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom